Search
Close this search box.

Смеење до солзи на “Три круши”

Воведувањето на нови содржини на овогодинешното културно лето во Кисела Вода се покажа како полн погодок. Класичната, хорската, електронската и латино музиката ја кренаа атмосферата на досегашните културни настани на средина од годинашното културно лето, а театарските претстави се вистинско освежување во културниот живот во општината.

Вчерашната изведба на претставата “Ах љубов моја – турска приказна” од ансамблот на националната установа Театар Комедија, на амфитеатарот на верско –рекреативниот центар “Три круши”, само ги потврди дилемите дека жителите на општината Кисела Вода сакаат и уживаат во одлична театарска претстава. Во режија на доајенот на македонското глумиште, Коле Ангеловски, со бројна актерска екипа, тринаесет актери се на се, со раскошна кулисна сценографија и богата костимографија, претставата понуди комична приказна од македонското секојдневие, со сатирични елементи преземени од турските серии.

На репертоарот на годинашното културно лето предвидена е и претстава за најмладите – “Македонска приказна”, во изведба на Театарот за деца и младинци, која ќе се одигра на верско-рекреативниот центар “Три круши” на 20.07.2013 година.

Споделете:

Scroll to Top