Search
Close this search box.

Оглас за доделување на материјална поддршка на училишни спортски клубови и Сојузот на училишен спорт на општина Кисела Вода

Оглас за доделување на материјална поддршка на училишни спортски клубови и Сојузот на училишен спорт на општина Кисела Вода

Се повикуваат сите заинтересирани училишни спортски клубови и Сојузот на училишен спорт на општина Кисела Вода, кои егзистираат во општината Кисела Вода и со своите програми и активности придонесуваат за развојот на спортот и физичката култура кај децата и младите на територијата на општината Кисела Вода, да аплицираат за добивање на материјална поддршка за своето работење за тековната 2018 година.

Право на учество на огласот имаат сите училишни спортски клубови и Сојузот за училишен спорт на општина Кисела Вода  кои се регистрирани и вршат дејност спорт во општина Кисела Вода, под услови утврдени со Закон и Правилникот за условите, начинот и постапката за доделување на материјална поддршка на училишните спортски клубови и Сојузот за училишен спорт на општина Кисела Вода, кои извршуваат јавен интерес во спортот во општина Кисела Вода.    

I Материјална поддршка на училишни спортски клубови кои егзистираат во осумтте основни училишта кои гравитираат на територијата на општина Кисела Вода притоа извршувајќи, јавен интерес за развојот на спортот во општина Кисела Вода.

Основни критериуми што треба да се исполнат од страна на училишните спортски клубови:

-Училишните спортски клубови да се формирани од основните училишта кои егзистираат на територијата на општина Кисела Вода..

-Од едно училиште може да аплицира само по еден училишен спортски клуб.

-Да поседуваат Решение за дејност спорт, издадено од Агенцијата за млади и спорт, со седиште на подрачјето на Општина Кисела Вода;

-Училишните спортски клубови да се членови на Сојузот за училишен спорт на општина Кисела Вода и да учествуваат во системот на натпревари организиран од Федерацијата на училишен спорт на Македонија,

–сите спортски субјекти, апликанти на огласот, своите активности и програми да ги реализирале на територијата на Општина Кисела Вода;

II Материјална поддршка на Сојузот за училишен спорт на општина Кисела Вода кои извршуваат јавен интерес за развојот на спортот во општина Кисела Вода.

Право на учество на јавниот оглас, во ставката II од овој оглас, има Сојузот на училишен спорт на општина Кисела Вода, кои ги исполнуваат следните основни критериуми:

– Сојузот на училишен спорт на општина Кисела Вода да е член на Федерацијата за училишен спорт на РМ,

-Сојузот на училишен спорт на општина Кисела Вода да учествува во системот на натпревари организиран од Федерацијата за училишен спорт на РМ,

-Сојузот за училишен спорт на општина Кисела Вода да  поседува Решение за дејност спорт, издадено од Агенцијата за млади и спорт, со седиште на подрачјето на Општина Кисела Вода;

-Сојузот за училишен спорт на општина Кисела Вода, своите активности и програми да ги реализира на територијата на општина Кисела Вода.

-Сојузот на училишен спорт на општина Кисела Вода да се зачленети училишните спортстски клубови од основните училишта кои егзистираат на територијата на општина Кисела Вода

III Постапка за доделување на материјална поддршка на училишните спортски клубови и Сојузот за училишен спорт на општина Кисела Вода кои извршуваат јавен интерес во спортот во општина Кисела Вода.

– Потребната документација за учество на огласот се доставува по пошта или во архивата на Општината.

– Пријавите и документацијата се доставуваат во затворен плик со ознака „ не отварај“ и со назнака „ Пријава за Oглас за доделување материјална помош на училишни спортски клубови и Сојузот на училишен спорт на општина Кисела Вода и бројот на повикот.

– Пликот не смее да содржи никаква ознака која би можела да го идентификува  понудувачот.

– Пријавата се доставува во еден оригинален примерок, кој треба да биде потпишан и заверен од одговорното лице.

– Пристигнатите пријави ги отвара и разгледува Комисија формирана од Градоначалникот, без присуство на пријавените кандидати.

– Некомплетните и ненавремено доставените пријави Комисијата нема да ги разгледува и за истото ги известува кандидатите.

– Помеѓу општината и избраниот субјект се склучува Договор за доделување материјална помош.

Субјектите, кои учествуваат на јавниот оглас кон пријавата треба да достават:

– Годишна Програма за работа и функционирање на училишниот спортски клуб, односно училишниот спортски сојуз;

– Програма и финансиски план за реализација

– доказ за регистрирана дејност;

– решение за вршење дејност спорт, издадено од Агенцијата за млади и спорт (за професионални спортски клубови);

– копија од тековната состојба на субјектот, издадена од Централен Регистар на РМ;

– тел. за контакт, адреса, е-маил адреса и трансакциска сметка;

– Информација, за изминатите три години, каде и во кои спортски сали (терени) го извршуваат тренажниот и натпреварувачкиот процес,

-Рокот за пријавување започнува од 01 јуни.2018 година и трае 5 работни дена, односно заклучно до 07 јуни 2018 година до 16.30 часот. Пријавите со целокупната документација се доставуваат лично или по пошта на адреса: Општина Кисела Вода, ул. “Петар Делјан” бр. 17 или во архивата на општината со назнака: Пријава за јавен оглас за материјална поддршка на спортски субјекти и манифестации – Комисија). 

Комисија за разгледување и оценување на приложените документи одбарателите во постапката за доделување материјална помош на училишните спортски клубови и Сојузот за училишен спорт на Општина Кисела Вода кои извршуваат јавен интерес во спортот во општина Кисела Вода

Претседател,

Тони Чупоски

 

 

Споделете:

Scroll to Top