Во понеделник (19.08.2013година) во големата сала на Општина Кисела Вода беше означен почетокот на проектот „100 пешачки премини за подобра безбедност на 10.000 ученици“. Министерството за внатрешни работи и републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и патиштата (РСБСП) потпишаа согласност за реализација на проектот„100 обновени пешачки премини за 10.000 ученици“ со Општина Кисела Вода, и компаниите Евроинс Осигурување, Адинг и Кодинг од Скопје.Целта на овој проект е подигање на безбедноста во сообраќајот кој во Кисела вода ќе ги опфати сите пешачки премини пред градинките, основните и средните училишта.Со овој проект ќе се изврши обнова-бојадисување на пешачките премини пред сите градинки, основни и средни училишта во Општина Кисела Вода заради зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а особено пешаците, велосипедисти и мотоциклистите и останатите корисници на пешачките патеки во општината.
Проеткот беше претставен од страна на Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Г-динот Никола Анѓелковски.
Меѓу другото истакна дека „РСБСП ќе изврши маркетинг и други организациони активности за реализација на проектот, претрпријатието ЕВРИОИНС Осигурување обезбеди дел од средствата за работна рака за бојадисување на пешачките премини, претпријатието АДИНГ обезбеди квалитетна боја за извршување на активностите во склад со македонските стандарди, додека претпријатието КОДИНГ ќе изврши активности за бојадисување спроед утврден динамичен план. Министерството за внатрешни работи ќе работи на обезбедување на услови за извршување на активностите во склад со работната група. Општина Кисела Вода изврши приоретизација на работите и се погрижи до 1 септември да се бојадисаат сите пешачки премини пред градинските, основните и средните училишта во Кисела Вода“.
Проектот потоа беше целосно презентиран од страна на Професор д-р Миле Димитровски, кој истакна дека проектот ќе започне да се реализира од денес 19.08.2013 година, а ќе заврши на 01.09.2013 година.
Министерот за внатрешни работи Г-ѓа Гордана Јанкуловска го истакна значењето на проектот од областа на безбедноста во сообраќајот, задржувајќи се на статистички податоци за бројот на жртвите и повредените учесници во сообраќајот во Скопје и околикната, истакнувајќи дека овој тип на проекти се од исклучително значење не само за Општина Кисела Вода, туку и за сите останати општини во Република Македонија.
Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ, се заблагодари на сите инволвирани за реализација на овој проект кој е од суштинско значење за општината.
„како родител ми претставува огромно задоволство што преку реализацијата на овој проект безбедноста на нашите најмлади граѓани ќе се подигне на повисоко ниво. Исклучително е значајно дека сето ова ќе овозможи подобрување на сообраќајната култура на сите учесници во сообраќајот.Покрај надворешната безбедност на дечињата од градинките и училиштата, како Општина се грижиме и за нивната внатрешна безбедност, во тој контекст превземаме повеќе проекти за помали и поголеми реконструкции на грдинките и основните училишта.Човечкиот живот нема цена, токму поради тоа Општина Кисела Вода останува посветена на безбедноста на своите граѓани на сите нивоа од секојдневното живеење. Се надевам дека ваквите и слични проекти ќе продолжат и во иднина, а ние како локална самоуправа со задоволство ќе ги подржуваме, се со цел граѓаните и дечињата на прво место“, истакна Градоначалникот Билјана Беличанец Алексиќ.