Search
Close this search box.

Утре ЖРК Спартак во Кисела Вода ќе ги одмери силите со ЖРК Вардар

Љубителите на ракометот утре во Кисела Вода ќе имаат можност да проследат женско ракометно дерби.

Во спортската сала „Архиепископ Доситеј“, со почеток во 14 часот, во рамки на 9 коло од женската супер лига, девојките од ЖРК Спартак од Кисела Вода силите на теренот ќе ги одмерат со екипата на ЖРК Вардар.  Влезот за сите посетители е бесплатен.

Воедно, утре, уште еден клуб од Кисела Вода ќе се бори за победа. Девојките од ЖКК Бадел 1862 на гостински терен ќе и се спротивстават на екипата на ЖКК Баскет Кам. Натпреварот ќе се одигра во Македонската Каменица.

Споделете:

Scroll to Top