Вечерва, со почеток од 20:00 часот, на месноста „Три круши“ на затворањето на „Културното лето Општина Кисела Вода 2019“ концерти ќе одржат познатите музички имиња Мики Јовановски-Џафер, Искра Трпева, Ѓоко Танески и КУД „Китка“.
Од почетокот на културната манифестација, љубителите на добрата музика на повеќе локации во Кисела Вода имаа можност да ги слушнат и видат своите миленици: Ефто Пупиновски, Дани Димитровска, Бени и Нон Стоп, Анастасија Петреска, групата Биоритам, Миле Кузмановски, Силви Бенд, Сузана Спасовска, Александар Митевски, Драган Спасов – Дац и Кристина Арнаудова.
Културното лето се одржува под покровителство на градоначалникот Филип Темелковски.