Search
Close this search box.

Советот на општина Кисела Вода ја одржa 26-та пленарна седница

На 26-тата седница на Советот на општина Кисела Вода која се одржа денеска, беа усвоени следните точки:

 -Усвојување на Записникот од 25-та пленарна седница на Советот;

1.Информација за состојбата со криминалитетот и другите недозволени однесувања на подрачјето на Полициска станица од општа надлежност ,,Драчево,, во 2014 година;

2.Усвојување на Годишен извештај на општина Кисела Вода за 2014 година, со:

-Завршна сметка на Буџетот на општина Кисела Вода за 2014 година;

-Извештај за побарувањата и за обврските на Општина Кисела Вода, содржани во Завршната  сметка на општина Кисела Вода за 2014 година;

-Извештај за реализација на програмите на општина Кисела Вода за 2014 година;

-Извештај за реализација на блок дотации на општина Кисела Вода во 2014 година;

-Извештај од одговорниот сметководител  за точноста и веродостојноста на годишната сметка на општина Кисела Вода за 2014 година;

3.Годишен извештај за користење на средства од резервите на општина Кисела Вода во 2014 година;

4.Предлог-Буџетски календар на општина Кисела Вода за 2015 година;

5.Предллог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Ошпштина Кисела Вода за 2015 година;

6.Предлог-Одлука за измена и дополнување на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2015 година;

7.Предлог-Одлука за реализација на проектот ,,Реконструкција на Дом на култура – с.Драчево (архитектонски, градежно конструктивен дел),,;

8.Програма за Енергетска Ефикасност на општина Кисела Вода за период од 2015-2017 година;

9.Програма за Енергетска Ефикасност за Општина Кисела Вода 2015-2017 – Акционен план за 2015 година.

Воедно, дневниот ред беше дополнет со Одлука за ослободување од плаќање надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на тениско игралиште во ОУ”Кузман Шапкарев”во Општина Кисела Вода.

 

 

Споделете:

Scroll to Top