Search
Close this search box.

Советот на општина Кисела Вода ја одржa 27-та пленарна седница

На 27-тата седница на Советот на општина Кисела Вода која се одржа денеска, беа усвоени следните точки:

 

-Усвојување на Записникот од 26-та седница

 1. Годишна информација за 2014 година на Полициска станица од општа надлежност ,,Кисела Вода,,;

 2.Давање согласност на Статутот за измена и дополнување на Статутот на Јавната детска градинка ,,8 Март,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје;

 3.Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за именување  на претставници на Општина Кисела Вода во училишните одбори во основните училишта на подрачјето на Општина Кисела Вода;

4.Предлог-Одлука за ослободување на инвеститорот од плаќање надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на објектот на ОУ ,,Невена Георгиева Дуња,, во Општина Кисела Вода;

5.Предлог-Одлука за распишување на Конкурс за избор на идејни решенија за грб и знаме и формирање на Комисија за спроведување на постапката за избор на грб и знаме на Општина Кисела Вода;

6.Предлог-Програма за измена и дополнение на Програмата (К4) културни манифестации и творештво за 2015 година – Спроведување Конкурс за избор на идејно решение за грб и знаме на Општина Кисела Вода;

 7.Предлог-Програма за измена и дополнение на Програмата (К4) културни манифестации и творештво за 2015 година – Спроведување Конкурс за избор на Поздравна песна со мотиви од Општина Кисела Вода;

Воедно, дневниот ред беше дополнет со Одлука за престанок на важењето на одлуката за реализација на проектот “Реконструкција на Дом на култура – село Драчево бр.09 – 1846/10 од 12 март 2015 година и со одлука реализација на проектот „Рехабилитација на коловоз на ул. Сердарот „ – с. Драчево.

Споделете:

Scroll to Top