На 39-тата седница на Советот на општина Кисела Вода која се одржа денеска 27.04..2016 година, беа усвоени следните точки:
– Усвојување на Записникот од 38-та седница на Советот;
1.Предлог-Програма за дополнување на Програмата (Ј) Комунални дејности на Општина Кисела Вода за 2016 година, Подпрограма (ЈНО) урбана опрема;
2.Пердлог-Одлука за утврдување правен статус на бесправни објекти за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко планска документација по предмет Уп.бр.08-2222 од 02.06.2011 година;
3.Предлог-Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Стојанчо Николов;
4.Предлог-Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Гордана Каменаровска;
5.Советнички прашања;
Дневниот ред беше дополнет со уште две точки:
-Одлука за неприфаќање на понуда за првенствено право на купување на градежно земјиште во сопственост на физичко лице доставена преку нотар Нада Палиќ;
-Одлука за спроведување на донесени урбанистички планови и урбанистички плански документации во случај на неусогласеност на графичкиот со текстуалниот дел.