Search
Close this search box.

ОУ „Климент Охридски“ победници во машкиот ракометен турнир

Машката ракометна екипа на основното училиште ,,Климент Охридски“ е победник на турнирот ,,Ѓурѓовден 2016“, што е во организација на општината Кисела Вода, а под покровителство на градоначалникот Билјана Беличанец Алексиќ.   

Пред преполни трибини во спортската сала „Архиепископ Доситеј“, во неизвесен натпревар, избраниците на тренерите Ирена Рикаловска и Александар Ѓеоргиевски, во финалето, ја совладаа екипата на ОУ „Партенија Зографски“ со резултат 15:14.  Во борбата за третото место, ОУ „Невена Георгиева Дуња“ славеше во средбата со ОУ „Рајко Жинзифов“ со 16:10. Во женска конкуренција, пак, натпреварите завршуваат идната недела. 

 

На 4-ти мај, во полуфиналето со почеток во 10 часот ќе играат екипите на  ОУ „Круме Кепески“ и ОУ „Невена Георгиева Дуња“ кои славеа во средбата со ОУ „Рајко Жинзифов“ со резултат 19:08. Победникот од оваа средба, на 05 мај ќе игра во финалето со ОУ „Кузман Шапкарев“, кој обезбеди директен пласман во финалето по денешната победа од 14:12 над ОУ „Кузман Јосифовски Питу“.   

Споделете:

Scroll to Top