Search
Close this search box.

„Не оставајте вредни предмети во Вашиот автомобил”

 „Не оставајте вредни предмети во Вашиот автомобил” е насловен проектот кој е дел од кампањата за превенција од имотни деликти и има за цел превентивно делување и намалување на бројот на кражби од приватните возила, а на терен, денеска ја спроведуваа екипите на Одделението за превенција при СВР Скопје , Полициската станица од општа надлежност Кисела Вода и претставници на општина Кисела Вода.

На повеќе локации низ општината, беше поделен информативен материјал-летоци, налепници и сенки за автомобил, со едукативна содржина за возачите, додека полициските службеници ги запознаваа граѓаните со мерките за превенција  и самозаштита кои треба да ги преземат како би се намалил бројот на извршени кривични дела од овој тип.

Подигнувањето на безбедносната култура кај сопствениците на возила, редовното присусво на полициски патроли и зајакнување на довербата и соработката меѓу граѓаните и полицијата, која преку вакви и слични проекти треба да се достигне, треба да донесе зголемување на чувството на сигурност и безбедност на граѓаните во нивните населени места.

 

Споделете:

Scroll to Top