Search
Close this search box.

Децата од градинките ќе го развиваат креативниот потенцијал во областа на ликовната и драмската уметност

Со презентација на краток филм од обуката на воспитно-образовниот кадар и изложување на уметничките предмети, кои воспитувачите заедно со децата ги изработија во текот на работилниците, денеска се заокружи третата и последна фаза од имплементацијата на проектот за развој и унапредување на свеста за значењето на културата и уметноста со цел развивање на креативниот потенцијал на најмладите и доусовршување на воспитно-образовниот кадар во областа на ликовната и драмската уметност. На завршната манифестација која се одржа во градинката “Сончоглед”, присуствуваа и градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ и претседателот на Советот, Трајче Донев.

 

Градоначалникот Беличанец – Алексиќ ги поздрави присутните и посака успешна и одржлива имплементација на овој проект.

-“Се надевам дека инвестицијата на Општина Кисела Вода во овој проект ќе даде резултат и дека оваа завршница е само почеток на успешна понатамошна работа на воспитувачите во градинките кои ќе ги пренесат и имплементираат новите, креативни и модерни техники за развивање на чувството за естетика и препознавање на вистинските уметнички вредности кај нашите најмлади” – порача Беличанец – Алексиќ.

 

Инаку, проектот беше дел од “Стратегијата со акциски план за развој на културата на Град Скопје за периодот 2012-2015 година”, а општината Кисела Вода е првата скопска општина која го имплементираше.

Реализацијата на проектот се одвиваше во три фази, а истиот се реализираше од страна на “КАТ – ПРОДУКЦИЈА”, под водство на м-р Татјана Гогоска, а во соработка со одделенијата за култура и предучилишно воспитување од општината.  Со обуката беа опфатени 10 објекти на градинките “8-ми Март” и “Весели Цветови”, преку 30 воспитувачи и околу 100 дечиња.

Во првата фаза, ангажираната фирма од страна на Општина Кисела Вода изработи програма и план за обука на  воспитувачи од јавните детски градинки.

Втората фаза од проектот, се реализираше преку обука на главните воспитувачи од сите клонови на градинките во Општина Кисела Вода, кои потоа ќе ги пренесат стекнатите знаења на останатите воспитувачи од своите градинки за  модерните техники и процесите на создавање на делата од ликовната и драмската уметност.  Реализаторот на проектот и обучените воспитувачи организираа креативни работилници за децата од најголемите групи од градинките, каде практично се запознаа со недоволно застапените техники и материјали во воспитно-образовниот процес (стакло, глина, метал, колаж, фотографија) од применетата ликовна уметност (дизајн на накит, предмети, кукли), а  реализираа и посети на галерии, театри, заради запознавање со процесите за создавање на сценски дела (проби, изработка на костимографија, сценографија).

Третата фаза се реализираше преку мониторинг, поддршка и евалуација на наученото и создаденото во првите фази од реализацијата на проектот.

На завршната презентација, покрај изложбениот дел се реализираа и куклена и театарска претстава во изведба на децата од градинките. 

Споделете:

Scroll to Top