Search
Close this search box.

Дечињата од градинките во Кисела Вода го одбележаа националниот Ден на здрава храна

Децата од градинките во општина Кисела Вода денeс, заедно со своите воспитувачки и родители го одбележаа националниот  Ден на здрава храна, која е дел од Програмата за едукација на децата од предучилишна возраст со процесот на одгледување и консумирање здрава храна, поддржана од МТСП.

 

 

Децата од ЈДГ 8 Март и ЈДГ Весели цветови кои во текот на целата година ја одржуваа градината во дворот на нивните градинки, се запознаа со промените кои се случуваа на зеленчукот во текот на годината, засадуваа нови садници, а од набраните зеленчукови плодови правеа вкусни салати.

Комбинацијата на здрава исхрана, одгледување на зеленчуци во своите органски градини, вклучување на родителите и едукацијата за важноста на здравата исхрана за децата од градинка, претставува еден интегриран пристап кој влијае на перцепцијата на децата и им дава можност да размислуваат и да уживаат во здравата храна од најмала возраст.

За таа цел децата, пред присутните гости и раководителот од Одделението за предучилишно воспитание и образование при општина Кисела Вода, се претставија со ликовна изложба, со игри и песни, а потоа заедно со своите родители, баби и дедовци, но и останатите присутни, береа зеленчук од градината и подготвија салати.

Одбележувањето на националниот  Ден на здрава храна заврши со изложба и дегустација на здравата храна која ја подготвија.

 

 

Споделете:

Scroll to Top