Пред бројната публика, вчера, 31.05.2014 (сабота), во верско-рекреативниот центар “ТРИ КРУШИ”, се одржаа IV-тите по ред Детски фолклорни смотри под покровителство на СОФАМ (Сојуз на фолклорни Ансамбли на Република Македонија). Куд Китка-Драчево, потпомогнат од општина Кисела Вода, се покажа како одличен домаќин и организатор, за што говорат силните аплаузи од бројната публика. На сцена се претставија повеќе фолклорни ансамбли од Скопскиот регион кои се членки на СОФАМ.
Ансамбл “Јонче Христовски “ од Скопје изведе сплет на игри од Егејска Македонија, фолклорното студио ”Драчево” од Скопје се претстави со кореографската постановка “Драчевка“. Ансамблот “Скопје “ ја изведе “Малешевка “, додека фолклорното студио “Етнос “ од Скопје ги изведе “Лазаренки “.
Фолклорната уметност, домаќинот, Куд “Китка “ од Драчево, ја прикажа преку сплет на игри од Скопско. По нив, следеше Осоговско малешевска плетенка во изведба на фолклорно студио “ Кочо Рацин“ од Петровец. Куд “ Н.Ј. Вапцаров“- Скопје ја изведе кореографската постановка “ Свадба “. Ансамблот “Јонче Христовски “ од Скопје изведе сплет на игри од Скопско, а фолклорното студио “Етнос “ од Скопјесе претстави со “Стара Копачка”.
Следуваше повторно Куд “Н. Ј. Вапцаров “ со “Посеље “, а веднаш по нив, Сплет на песни и игри од Егејска Македонија, во изведба на фолклорното студио “Кочо Рацин “ – Петровец. За крај, повторно домаќинот. Играорците од Куд “Китка “од Драчево ги финализираа овие, 4ти по ред, детски фолклорни смотри, со одлична изведба на сплет на песни и игри од Источна Македонија.
Публиката со бурни аплаузи ги испрати сите фолклорни групи, изразувајќи задоволство од овој одраз на музичката фолкорна традиција, олицетворена во игрите, ората и македонските народни песни .