Добредојдовте на страницата за дискусии.
Изберете од зададените теми и кажете го вашето мислење.
Доколку сакате да пријавите проблем или да поставите прашања, Ве молиме истите да ги испраќате на e-mail: diskusii@kiselavoda.gov.mk
Име и презиме: Кирил Гичевски
Датум: 07.02.2022
Прашање:
Почитувани,
Живеам на улица “Добромир Хрс”, бр 20 А, населба 11 Октомври.Сопственик сум на дворно место и земјиште под зграда број на парцела 3035 и имотен лист 1842. Кога се правеа елаборати за дворно место се јави разлика од 21 м 2 и од катастер ја издвоија како посебна парцела со имотен лист на Република Македонија број 1843. Истата парцела ми проаѓа и под куќата. Моето прашање до Вас е дали може да поднесам барање за откуп на парцелата со имотен лист број 1843 и ако може која е процедурата и по која цена.
Благодарам
Одговор:
Почитувани,
Во врска со прашањето дали може да поднесете барање за откуп на парцелата запишана во имотен лист бр.1843, Ве известуваме дека катастарската парцела бр.3034/2 КО Кисела Вода 1 не влегува во рамки на Васата градежна парцела, туку во градежната парцела бр.13.3.13, поради што истата не можете да ја откупите.
Со почит,
Општина Кисела Вода
___________________________________________________________________________________
Име и презиме: Игор Лазаревски
Датум: 02.02.2022
Прашање:
Почитувани,
Дали ќе се донесе ДУП за Реон Ј 15 за Припор и кога би било најскоро?
Благодарам
Одговор:
Почитувани,
Од реонот за Припор во моментот се води постапка за изработка на Детален урбанистички план за дел Ј15.04 и постапката е во тек.
Со почит,
Општина Кисела Вода
________________________________________________________________________________________________
Име и презиме: Јован Карамитре
Датум: 21.01.2022
Прашање:
Почитувани,
На улица Славка Динкова во населбата Драчево веќе подолго време има големи оштетувања на истата. Имено, ова е главна улица каде покрај возила се движат и тешки товарни возила со што дополнително се оштетува истата. Од самите вибрации се појавуваат и оштетувања на самите станбени објекти.
Ве молиме за санирање на дупките, како моментално краткорочно решение.
Воедно и прашање кога конечно ќе се реконструира од темел.
Благодарам
Одговор:
Почитувани,
Општината е целосно запознаена со состојбатa нa улицата “Славка Динкова” и од тие причини Градоначалникот на Општина Кисела Вода оствари средба со Градоначалникот на Град Скопје, на која се разгледа и овој проблем. На состанокот е договорено таму да се изгради атмосферска канализација и да се изврши целосна реконструкција на улицата од страна на Градот. Очекуваме дека градежните работи ќе започнат во второто тромесечие на годината.
Со почит,
Општина Кисела Вода
————————————————————————————————————————————————————————————————————————-
Име и презиме: Владо Георгиев
Датум: 21.01.2022
Прашање:
Почитувани,
Во кој процент се пресметуваат комуналиите за гаража која е во склоп на изградениот објект?
Благодарам
Одговор:
Почитувани,
Во зависност од катноста, истата е различна и тоа:
- Спрат(приземје) – 100%
- Поткровје до 2,5м висина – 20%
- Подрум – 30%
- Тераса – 20%
- Гаража 10%
Со почит,
Општина Кисела Вода
————————————————————————————————————————————————————————————————————————–
Име и презиме: Од група сопственици на имоти во Каменик
Датум: 21.01.2022
Прашање:
Почитувани,
Би сакале да прашаме дали се планира детален урбанистички план за месноста Каменик, во Усје и пристапен пат до неа. Во прилог Ви го доставуваме бројот на катастарската парцела во месноста Каменик : KП 270/2.
Ви благодариме однапред.
Одговор:
Почитувани,
Ве известуваме дека парцелата 270/2 се наоѓа во опфатот на веќе донесен и активен Општ акт за с.Усје и е во зона на мешана намена.
Со почит,
Општина Кисела Вода
———————————————————————————————————————————————————————————————————————————-
Име и презиме: Бојана Илкоска
Датум: 21.01.2022
Прашање:
Почитувани,
Веќе подолго време се соочуваме со проблем со глувци и стаорци во зградите, највеќе на ул. Божидар Аџија. Со месеци пријавуваме и молиме да пратите надлежна служба за дезинфекција и дератизација со цел да се истребат глувците и стаорците, меѓутоа одговор немаме. Ве молам да пратите служба за овој проблем, бидејќи секој ден си наоѓаме глувци по тоалетите.
Поздрав!
Одговор:
Почитувани,
Проблемот со појава на глувци и стаорци во зградите е обврска на самите сопственици на становите, т.е. истиот треба да го решите самите преку куќниот совет кој треба да Ви организира дезинсекција, дератизација и дезинфекција на зградата.
Со почит,
Општина Кисела Вода
——————————————————————————————————————————————————————————————————————————–
Име и презиме: Оливер Димитриевски
Датум: 21.01.2022
Прашање:
Почитувани,
Дали за населено место ГРАДИНАР има донесено нов урбанистички план или се уште е во важност стариот ДУП?
Одговор:
Почитувани,
Согласно Вашето барање, Ве известуваме дека постапката за донесување на деталниот урбанистички план сеуште е во тек.
Со почит,
Општина Кисела Вода
———————————————————————————————————————————————————————————————————————————
Име и презиме: Симона Анчевска
Датум: 13.01.2022
Прашање:
Почитувани,
Добар ден, дали би можела да добијам информација, која е цената на комуналии во населба Пинтија за изградба на куќа, односно на еден спрат(приземје).
Одговор:
Почитувани,
- Спрат(приземје) – 100% од горенаведените цени
- Поткровје до 2,5м висина – 20% од горенаведените цени
- Подрум – 30% од горенаведените цени
- Тераса – 20% од горенаведените цени
- Гаража 10%
Со почит,
Општина Кисела Вода
______________________________________________________________________________________________________
Име и презиме: Михајло Морски
Датум: 13.01.2022
Прашање:
Почитувани,
Дали постои можност да се изгради станбен објект во населба Драчево, во населбата на место од барака и истиот да се подели на 6 станбени единици засебно и за истите добие имотен лист. Бидејки максималната дозволена маркица е подрум, два спрата и поткровје со максимална должина од 15 м, ширина 8 м, а висина 12 м. Објектот би бил со тие димензии, на 3 ката, со по 2 стана на кат.
Одговор:
Почитувани,
Согласно Вашето барање, Ве известуваме дека потребно е да извадите извод од план за локацијата-парцелата за која прашувате и согласно одредбите од важечката документација ќе ги добиете потребните информации за параметрите за градење за истоимената парцела.
Со почит,
Општина Кисела Вода
———————————————————————————————————————————————————
Име и презиме: Дејан Герасимовиќ
Датум: 13.01.2022
Прашање:
Почитувани,
Одговор:
Почитувани,
Со почит,
Општина Кисела Вода
———————————————————————————————————————————————————
Име и презиме: Рада Медиќ
Датум: 13.01.2022
Прашање:
Почитувани,
Ве молам ако можеда ми одговорите кога да очекуваме решение за донесување на ДУП 14 -Расадник.
Ви благодарам однапред.
Одговор:
Почитувани,
Постапката за Детален урбанистички план Градска Четврт Ј14 е во тек.
Со почит,
Општина Кисела Вода
______________________________________________________________________________________________________
Име и презиме: Проф. Д-р Драгољуб Арсовски
Датум: 13.01.2022
Прашање:
Почитувани,
Сакам да прашам кога се планира донесување на новиот ДУП за Ј20 блок 3 во Црниче?.
Како што бев информиран пред 5 години, а и во овие изминати 4 години од претходната власт овој ДУП бил изготвен од команијата стручна за вакви проекти, но за жал никогаш не беше процесуиран. Во претходниот мандат поставив 3-4 пати (секој почеток на година) исто прашање. За жал, последниот пат од кабинетот на градоначалникот добив, по мои критериуми дури и нељубезно, навредено ми одговорија дека постаката е во тек.
Ве молам како нов градоначалник и нова управа на Општината Кисела Вода, на почетокот на 2022 година и вас да ве прашам истото.
Ви благодарам за одговорот, ако го добијам.
Одговор:
Почитувани,
Во врска со Вашето барање Ве известуваме дека постапката за Детален урбанистички план Реон Ј Градска четврт Ј20 Блок 03 е во тек. Во моментов, следен чекор од постапката е разгледување од комисијата за урбанизам на Општина Кисела Вода и понатамошно процесуирање на постапката согласно законските прописи. Воедно, ве известуваме дека ви стоиме на располагање за сите ваши дополнителни прашања.
Со почит,
Општина Кисела Вода
_______________________________________________________________________________________
Име и презиме: Борче Ѓорѓиевски
Датум: 10.01.2022
Прашање:
Почитувани,
Сакам да Ви поставам прашање во врска со новиот проект “Моја земја, мој дом”.
Дали откупот на земјиште до 500м2 по 1 евро за м2 се однесува за земјиште на РМ до 500м2 во склоп на парцелата која е поголема од 500м2?
Или парцелата треба да биде не повеќе од 500м2 за да може да се откупи по 1 евро?
Одговор:
Почитувани,
Во врска со Вашето прашање, Ве известуваме дека парцелата треба
да биде до 500м2 за да може да се откупи земјиште по цена од 1 евро.
За површината над 500м2 се пресметува надоместок согласно
намената и зоната во која се наоѓа земјиштето.
Со почит,
Општина Кисела Вода
______________________________________________________________________________________
Име и презиме: Маја Јакимовска
Датум: 25.11.2021
Прашање:
Почитувани,
Ве молам да ми кажете дали се донесе некаква одлука во врска со надградба на легализирани објекти.
Одговор:
Почитувани,
Надградба за постоен објект за индивидуално домување (станбена куќа), за кој е донесено правосилно решение за утврдување на правен статус на бесправен објект може да се изврши согласно член 59 ѕ од Законот за градење. Потребно е да поведете постапка пред Општина Кисела Вода за издавање на одобрение за надградба согласно член 59ѕ од Законот за градење.
Со почит,
Општина Кисела Вода
_______________________________________________________________________________________
Име и презиме: Боби Мишевски
Датум: 23.11.2021
Прашање:
Почитувани,
Се обраќам во името на 900 жители од улица “1519” од Стаклара во општина Кисела Вода. Веќе неколку градоначалници ни ветуваа дека ќе ни донесат фекална канализација и градски водовод, но за наша жал тоа се нема случено, сеуште живееме во 19 век со раскопани улици, септички јами и водовод кој не е сигурен за безбедност на водата.
Ве молиме да ни одговорите какви планови имате за нашата населба за да знаеме како да постапуваме.
Срдечен поздрав од жителите на улица “1519”.
Одговор:
Почитувани,
Согласно предизборните ветувања и програмата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ве известуваме дека во 2022 година е планиран почеток на изградба на водоводна мрежа во населбата Каменик. Исто така, наредната година Општина Кисела Вода ќе започне со изготвување на проектна документација за изградба на фекална канализација.
Со почит,
Општина Кисела Вода
———————————————————————————————————————————————————
Име и презиме: Гаврило Кунчевски
Датум: 16.11.2021
Прашање:
Почитувани,
Одговор:
Почитувани,
Во Припор можете да надградите или реконструирате постојна куќа доколку истата е легализирана согласно Законот за постапување со бесправни објекти. Доколку на катастарската парцела немате никаков објект не сте во можност да добиете одобрение за градба на нов објект бидејќи нема ДУП.
Со почит,
Општина Кисела Вода
——————————————————————————————————————————————————–
Име и презиме: Елео
Име и презиме: Ванчо Коцев
Датум: 14.09.2021
Прашање:
Почитувани,
Одговор:
Почитувани,
Комуналиите во ДУП ги пресметува Сектор за планирање и уредување на простор на град Скопје . Точна инфомација мозете да добиете од нив, како надлежна институција за тоа.
https://skopje.gov.mk/
Општина Кисела Вода
——————————————————————————————————————————————————–
Име и презиме: Елеонора Костовска
Датум: 14.09.2021
Прашање:
Почитувани,
Одговор:
Почитувани,
За делови каде нема ДУП, за станбен простор, надоместокот изнесува околу 40 евра, додека за деловен истиот изнесува околу 50 евра,
Општина Кисела Вода
_____________________________________________________________________________________________________
Име и презиме: Горан Димов
Датум: 14.09.2021
Прашање:
Почитувани,
Одговор:
Почитувани,
За оваа информација, можете де се обратите во град Скопје – сектор за финансиски прасања или на линкот подолу:
Со почит,
Општина Кисела Вода
_____________________________________________________________________________________________________
Име и презиме: Ивана Панчевска
Датум: 14.09.2021
Прашање:
Почитувани,
Ве молам за информација. Колку чинат комуналиите за изградба на монтажна еко куќа во нас.Усје? Парцелата е надвор од ДУП, но опфатена со Општ акт.
И која е постапката за добивање на дозвола за градба?
Однапред Ви благодарам.
Одговор:
Почитувани,
За станбен простор, надоместокот изнесува околу 40 евра, додека за деловен истиот изнесува околу 50 евра, за делови каде нема ДУП. Во однос на постапката, треба да се обратите до Секторот за урбанизам при Општина Кисела Вода или повеќе информации ви се достапни на https://www.gradezna-dozvola.mk.
Со почит,
Општина Кисела Вода
_______________________________________________________________________________________
Име и презиме: Валентина Стојменова
Датум: 01.09.2021
Прашање:
Почитувани,
Би сакала да прашам дали општина Кисела Вода доделува еднократна парична помош за првачиња?
До кога треба да се поднесе барање и кои се условите за истата да се добие!
Однапред Ви благодарам.
Одговор:
Почитувани,
Општина Кисела Вода не доделува еднократна парична помош за првачиња.
Со почит,
Општина Кисела Вода
______________________________________________________________________________________
Име и презиме: Елена Деслиева
Датум: 11.02.2021
Прашање:
Почитувани,
Која е цената за комуналии за спрат (приземје), поткровје, тераса, подрум за Драчево 2, поточно нивите викани Смоквинки позади игралиштето на ССК?
Со почит.
Одговор:
Почитувани,
Цената е различна и зависи од локацијата дали има детален урбанистички план (ДУП) или не. Доколку е во ДУП комуналиите се околу 90€/м2 за Драчево, се наоѓа во трета зона и нив ги пресметува град Скопје, додека надвор од ДУП се околу 40€/м2 и нив ги пресметува општината. Дали парцелата е во ДУП или не треба да проверите во Секторот за урбанизам при општината.
Во однос на цената во зависност од катноста, истата е различна и тоа:
Спрат (приземје) – 100% од горенаведените цени
Поткровје до 2,5м висина – 20% од горенаведените цени
Подрум – 30% од горенаведените цени
Тераса – 20% од горенаведените цени
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и презиме: Стефан Митревски
Датум: 21.01.2020
Прашање:
Почитувани,
Ова барање и предлог не е само од мое лично име, но од група на граѓани во општината кои што чуваат миленици и секојдневно се соочуваат со проблемот да ги извршуваат дневните физички активности на својот миленик. Притоа често пати миленици се пуштени на незаградени површини, па ова претставува дополнителен проблем и за граѓаните кои што немаат миленик, а се со мали деца или пак се плашат од милениците. На територијата на НАСЕЛБА Лисиче во општина Аеродром има дури 3 паркови за миленици, пред скоро време е отворен е голем парк за миленици.
Срамота е некогаш најголемата општина во градот Скопје да нема ниту еден парк за миленици.
Со почит.
Одговор:
Почитувани,
Оваа година, Општина Кисела Вода има предвидено изградба на парк за миленици. Во моментов се бара соодветна локација.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и презиме: Зоран Попов
Датум: 28.10.2019
Прашање:
Почитувани,
Замолувам да ме известите каде и како може да се одложи кабаст отпад – делови од мебел?
Со почит.
Одговор:
Почитувани,
Ве информираме дека акцијата за собирање на кабаст отпад која ја организира Секторот за Месна Самоуправа и Социјална Заштита при Општина Кисела Вода ќе започне на 29. 10. 2019 година, во вторник со урбаните заедници Расадник и Кисела Вода. После овие локации, ке бидат опфатени и сите останати месни и урбани заедници. За распоредот и деалите ќе бидете информирани преку нашата веб страница и социјалните мрежи.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и презиме: Верка
Датум: 22.10.2019
Прашање:
Почитувани,
Дали доделувате парична помош за второ дете?
Одговор:
Почитувани,
Почитувана, Општина Кисела Вода доделува помош за секое новородено дете. Повеќе околу условите може да најдете на следниот линк од нашата веб страница: http://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/naslovna/novosti/170-dokumentacija-za-paricna-pomos-za-novorodence
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и презиме: Билјана Бјелос Накова
Датум: 10.10.2019
Прашање:
Почитувани,
Ве молам да ми одговорите дали планирате во скоро време да се постави фекална канализација во Пинтија ул.Саса-, на потегот над основното училиште. Има преку 30 куќи кои се со септички јами и неподносливо мириса на фекалии посебно во летниот период. Поздрав.
Одговор:
Почитувани,
Општината презема чекори со изготвување на техничка документација, но проблемот е во приклучувањето на истата кон колектор. На бул. Борис Трајковски не постои техничка можност за приклучување на секундарната мрежа. Се додека Град Скопје не постави главна мрежа на булеварот не може да се изгради фекална во Пинтија.
Општина Кисела Вода
Име и презиме: Билјана Бјелос Накова
Датум: 21.09.2019
Прашање:
Почитувани,
Ве контактирам во врска со реконструкцијата на ул Црниче бр.1. Денес пред двор ми се ставени коцкасти и високи ивичњаци, не можам да влезам во двор. Кај комшијата се ставени коси. Ве молам да сторите нешто, немам намера да си ја искршам колата. Морам во комшии да се паркирам.
Срдечен поздрав
Одговор:
Почитувани,
Ве известуваме дека за овој проблем е надлежен Градот Скопје. Обратете се во нивните служби. Одговорно лице е Иван Медарски. Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и презиме: Здравко
Датум: 21.08.2019
Прашање:
Почитувани, имам две прашања до вас, односно прашања за кои можеби не сте надлежни Вие но ќе ме известите каде треба да се обратам:
1. На последна 16ка во Пржино, едносмерната уличка лево што води до градинката (Ул. Стремешево), од сабајле се користи како двосмерна и навистина станува опасно. Бидејќи носам дете во градинката, има голем ризик од сообраќајна незгода бидејќи луѓето што доаѓаат од горниот дел на пржино не очекуваат да има возило во спротивна насока. Бе молам некако да се реагира пред се за заштита на децата, пред да биде касно. Утрово бев сведок на три такви возила во спротивна насока и тоа во рок од една минута.
2. Дали има некое решение или начин да се средат запалените пиљари/трафики што се наоѓаат пред гаражите на Ул. Милан Мијалковиќ 37/39/41. Местото навечер претставува збирно место на наркомани и навистина е ужас. Јас колку што разбрав тие две полуразрушени пиљари се дивоградби.
Ви благодарам за одвоеното време,
Срдечен поздрав
Одговор:
Почитувани,
Во однос на првото прашање, одговорот може да го даде Град Скопје – Сектор за сообраќај, но за подетални информации Ве молам обратете се во Сектор за инспекциски работи на Општина Кисела Вода. Воедно Сектор за инспекциски работи може да даде насоки и по однос на второто прашање.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и презиме: Билјана
Датум: 21.08.2019
Прашање:
Почитувани,
Би сакала да ве прашам која е постапката за добивање дозвола за одобрение за градба на Теферич?
За овој дел од Кисела Вода не постои ДУП, но сепак интензивно се гради таму.
И моето семејство се сопственици на плац на Теферич, па би сакала знам која е постапката за добивање дозвола за градба и цената на комуналните пред да отпочнат со градба.
Ви благодарам.
Одговор:
Почитувани,
Доколку земјиштето се наоѓа во опфатот на Генералниот урбанистички план на Град Скопје (ГУП на Град Скопје), може од Општина Кисела Вода да добиете Уверение, кое може да ви послужи при постапка за одобрение за градење, односно согласно 59-ѕ став 1 и став 2 од Законот за градење (Службен весник на Република Македонија бр. 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14, 115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15, 226/15, 30/16, 31/16, 39/16, 71/16, 132/16, 35/18 и 64/18) ќе може да направите надградба на објект за индивидуално домување, кој е со утврдено право на сопственост во јавната книга за запишување на правата на недвижностите.
За подетални информации Ве молиме обратете се во службените простории на Секторот за урбанизам и просторно планирање (барака 3), во приемните термини, во деновите вторник и петок, во период од 12:00 до 15:00 часот.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и презиме: Димитар
Датум: 18.07.2019
Прашање:
Почитувани,
Никој не ме информира дека дозволивте зелените површини во населбата 11 Октомври да се користат како паркиралишта!? Од кога е ова дозволено? Од кои причини оваа информација не стигна ева на пример до мене? Во Контакт формата ја имате мојата меил адреса и ве молам за ваквите измени навреме да ме информирате да не губам непотребно време барајќи паркинг место.
Одговор:
Почитувани,
Во однос на проблемот со паркирани возила на јавни површини (улици, тротоари, велосипедски патеки, зелени површини), согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, потребно е да се обратите до МВР (Сообраќајна полиција), која во корелација со пајак службата врши собирање, транспорт и чување на непрописно паркирани возила.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и презиме:
Име и презиме: Марија
Датум: 18.07.2019
Прашање:
Почитувани,
Почитувани,
Би сакала да купам плац во нас. Драчево со намера да изградам семејна куќа. Во моментов тој плац се води како земјоделско земјиште. Дали и како би можела да направам пренамена во градежно?
Благодарам однапред.
Одговор:
Почитувани,
Постапката за пренамена на земјоделско во градежно земјиште започнува со поднесување Барање за уверение за карактер на земјиште. Уверението го издава Општина Кисела Вода, а Барањето се поднесува на шалтерот на Општина Кисела Вода (барака 6), со прилог: копија од катастарски план (не постара од 6 месеци), копија од имотен лист (не постар од 6 месеци) и уплата на административна такса од 100 денари за секоја катастарска парцела. Со добиеното Уверение ќе биде потребно да се обратите во Агенција за катастар на недвижности на Република Македонија, каде ќе се изврши промена на ознаките во имотниот лист, односно наместо „зз“ (земјоделско земјиште), ќе биде запишано „гз“ (градежно земјиште).
Со почит,
Општина Кисела Вода
Датум: 18.07.2019
Прашање:
Почитувани,
се обидувам на вашата web страна да најдам важечки ДУП за потег од Востаничка на југ – до Огњан Прица на север и Павел Шатев (Бихаќка) на исток. Ги наоѓам сите околни, но не и овој реон. Ве молам да ми дадете насоки.
Благодарам
Одговор:
Почитувани,
Во потегот помеѓу ул. „Востаничка“ на југ, ул. „Антон Попов“ и ул. „Димо Хаџи Димов“ на север и ул. „Павел Шатев“ на запад има повеќе важечки детално урбанистички планови и тоа: ДУП „Црниче 1“, ДУП „Црниче 2“, ДУП „Бирарија“ и ДУП „Пржино 1“.
Согласно Генералниот урбанистички план на Град Скопје (плански период 2012 – 2022 година), на истиот потег се предвидени две градски четврти, за кои е потребно да се изработат Детални урбанистички планови, односно ДУП за Градски четврт Ј20 Блок 3 и ДУП за Градски четврт Ј20 Блок 4. Во моментов е започната постапка за донесување на ДУП за Градски четврт Ј20 Блок 4 и за истиот е спроведена повторна јавна анкета и јавна презентација, а предлог планот е објавен на web страната на Општина Кисела Вода, во рубриката Актуелни објави.
Доколку сте заинтересирани за условите за градење на конкретни катастарски парцели, истите можете да ги добиете со поднесување на Барање за извод од ДУП.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и презиме: Татјана
Датум: 18.07.2019
Прашање:
Почитувани,
се обидувам на вашата web страна да најдам важечки ДУП за потег од Востаничка на југ – до Огњан Прица на север и Павел Шатев (Бихаќка) на исток. Ги наоѓам сите околни, но не и овој реон. Ве молам да ми дадете насоки.
Благодарам
Одговор:
Почитувани,
Во потегот помеѓу ул. „Востаничка“ на југ, ул. „Антон Попов“ и ул. „Димо Хаџи Димов“ на север и ул. „Павел Шатев“ на запад има повеќе важечки детално урбанистички планови и тоа: ДУП „Црниче 1“, ДУП „Црниче 2“, ДУП „Бирарија“ и ДУП „Пржино 1“.
Согласно Генералниот урбанистички план на Град Скопје (плански период 2012 – 2022 година), на истиот потег се предвидени две градски четврти, за кои е потребно да се изработат Детални урбанистички планови, односно ДУП за Градски четврт Ј20 Блок 3 и ДУП за Градски четврт Ј20 Блок 4. Во моментов е започната постапка за донесување на ДУП за Градски четврт Ј20 Блок 4 и за истиот е спроведена повторна јавна анкета и јавна презентација, а предлог планот е објавен на web страната на Општина Кисела Вода, во рубриката Актуелни објави.
Доколку сте заинтересирани за условите за градење на конкретни катастарски парцели, истите можете да ги добиете со поднесување на Барање за извод од ДУП.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и презиме: Снежана
Датум: 18.07.2019
Прашање:
Почитувани,
Би сакала да Ве прашам кои документи се потребни за да може да се пријави во Катастар новоизграден објект, станбена куќа. Да напоменам дека имаме направено премер на објектот. И кои денови работите со странки од колку до колку часот?
Ви благодарам однапред.
Одговор:
Почитувани,
Потребна документација за упис на новоизграден објект, за кој претходно е издадено Одобрение за градење од Сектор за урбанизам и просторно планирање на Општина Кисела Вода, е следната:
- Основен проект (PDF)
- Геодетски елаборат со фактичка состојба (PDF, DHF и ZIP)
- Одобрение за градење (PDF)
- Имотен лст (PDF)
- Потврда за заверка на проектна документација (PDF)
- Спецификација на м2 на објектот – нето површина
- Уплата од 8 денари по м2 нето површина на објектот кој се упишува
- Завршен извештај од надзорен орган
Уплатата се врши преку ПОС терминал кај службено лице на Општина Кисела Вода, Сектор за урбанизам и просторно планирање, барака 3, соба 3.
Приемни денови за граѓани се вторник и четврток, во термините од 12:00 до 15:00 часот.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и презиме: Петрески
Датум: 16.07.2019
Прашање:
Почитувани,
На улица Партизански пат 2/15 има уште 8 куќи што не се приклучени на канализација, има спор и изгледа никој не може или не сака да го реши. Мислам дека е навистина срамота во 21 векда немаме се уште канализација, а сакаме да одиме во ЕУ. Се надевам дека ќе излезете на терен да видите за што се работи доколку не сте запознаени со овој случај.
Одговор:
Почитувани,
Запознаени сме со случајот и наскоро ќе бидат преземени дејствија за надминување на проблемот.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и презиме: Стојан Петровски
Датум: 16.07.2019
Прашање:
Почитувани,
Поздрав,
Ве пофалувам за мноштвото проекти кои се реализирани и придонесуваат за подобар урбан живот во општината. Претпоставувам дека одржувањето (сервисирањето) на улицата Георги Димитров е во надлежност на општина Кисела Вода и затоа се обраќам кон вас за следново:
1. Пред некој месец од БЕГ заради сервисиранје на нивната инфраструктура имаат ископано дел од улицата пред зградата бр. 48 (на 3-4 метри со раскрницата на Народни Херои , на спроти домот на слепи лица или пред првиот влез од зградата со бр 48). ископаната дупка се проширува и тампонираниот слој со чакал одамна е разлетан насекаде и влегува во атмосферските шахти, заглавувајки ги. ПОТРЕБНО Е ДУПКАТА ДА СЕ АСФАЛТИРА.
2. Јавниот паркинг простор веќе поодамна го користатза паркирање на возилата станарите од зградата Бр. 48/1-2 влез но и останатите граѓани кои живеат во околните станбени згради. На истиот паркинг простор но и паркингот кој се наоѓа на ул Народни Херои (страничниот дел од зградата со Бр 48) се паркирани хаварисани возила (некои се со стаж од 3-4 години таму) одземајки (зафаќајки) го и така оскудниот простор за паркинг на возилата кои се во употреба од граѓаните, нека комуналнте служби излезат на терен и нека ги подигнат во некое депо за хаварисани возила. Посебно земајки го во предвид фактот дека пред 2- години се изградени неколку згради во близина на овој јавен паркинг а деновиве се гради поголем објект со кој дополнително ке се оптовари паркинг просторот пред наведените згради.
3. Добро би било да ги ангажирате и комуналните служби од општината да се погрижат за хигиената на наведената улица (Георги Димитров во делот на јавниот паркинг простор).
Благодарам на можноста да посочам на наведените предизвици со надеж за скор одговор и практична имплементација на наведените состојби.
Одговор:
Почитувани,
Ги инфомиравме службите од БЕГ и истите потврдија дека ги знаат прекопите и ќе ги санираат, но чекале да помине извесно време за да слегне тампонот, како не би дошло до пропаѓање на асфалтот. Во врска со хаварисаните возила, Ве известуваме дека за нивно отстранување е задолжена полицијата, па така, Вашиот куќен совет би требало да се обрати до ПС Кисела Вода.
Во поглед на одржувањто на хигиената, нашите сезонски работници се постојано на терен, но Ви благодариме за известувањето и ќе реагираме на посочената локација.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и презиме: Давидовски
Датум: 05.06.2019
Прашање:
Почитувани,
Не знам дали сте свесни, дали чувсвувате мирис на запалени гуми или некој друг, претпоставувам отровен мирис, кој се чувствува секојдневно. Доколку не знаете и не сте почувствувале, дојдете во Расадник кога сакате. Секојдневно се чувствува непријатна миризба.
Ве молам преземете чекори ова со Усје да се реши еднаш засекогаш. Не смее една фабрика да “труе” илјадници луѓе во населба Кисела Вода.
Свесни сме дека нема никаква заштита или ако некогаш е ставена таа треба да се смени. Не може ако има заштитни филтри вака да се чувствува миризба.
Апелирам до службите да дојдат прво во Расадник, да ја почувствуваат оваа непријатна миризба, па потоа да решаваат што би правеле да се заштити населението во Кисела Вода, зошто сите сте таму поради нас и за нас.
Одговор:
Почитувани,
Во врска со вашето прашање, кое се однесува на контрола на работата на цементарница Усје, Ве известуваме дека овластените инспектори за животна средина, односно овластените инспектори за животна средина при Општина Кисела Вода, немаат надлежност за постапување во горенаведената инсталација. Со оглед на тоа дека надлежност врз работата во цементарница Усје има Државниот инспекторат за животна средина наведените прашања треба да ги упатите до Државен инспекторат за животна средина кој се наоѓа на адреса Кеј Димитар Влахов бр. 4 во Скопје.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и презиме: Горан
Датум: 05.06.2019
Прашање:
Ќе ве замолам за одговор до кога ќе се толерира правењето депонија на ул. Жил Верн бр 8 што е на само 1,2 км од центарот на градот и на само 600 метри од самата Општина ?
Секој викенд има кипери кои истураат земја која се копа при изградба на која и да било зграда во населбата. Истото го пријавив на дежурниот број од каде ми кажаа дека e „договорено да се прави парк па затоа се истурало земја„.
Ви благодарам.
Одговор:
Почитувани,
На локацијата наведена во пријавата е предвидена изградба на улица и изградба на парк, како придружен елемент. Изградбата на улицата е согласно планот и динамиката на работа на Град Скопје, кој се јавува и како инвеститор.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и презиме: Влатко
Датум: 28.01.2019
Прашање:
Пред извесно време купив плац во околината на последната автобуска постојка 24, Припор. Би сакал да градам куќа, па доколку сте во можност, би сакал да знам колку би ме чинеле комуналии и градежна дозвола или како иде тоа за да можам да почнам да градам легално куќа околу 90 квадратни метри.
Ви благодарам однапред.
Одговор:
Почитувани,
Во врска со вашето барање околу условите за градење во посочениот дел од општина Кисела Вода, Ве покануваме да дојдете во Општина КиселаВода, барака 3, Сектор за урабанизам и просторно планирање, било кој вторник или четврток во периодот од 09 до 11 часот.
Во поглед на комуналиите, за делот кој е во надлежност на Општината, одосно надвор од Детален урбанистички план на град Скопје, комуналиите се движат околу 2500 денари за m2 (основица), притоа се пресметуваат различни коефициенти за подрум во зависност од намената на просториите од 10-30% или поткровје, кое е 20%. Подетално околу комуналиите можете да добиете во барака 8, соба 7.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и презиме:Aлександар
Датум: 10.01.2019
Прашање:
Кој е надлежен за чистење на снегот и фрлање на ризла на улиците особено во повисоките делови од Општината како Црниче (улица Полог, Зеленгора, Пејо Јаворов, Кочанска, Кара Трифун, Милан Мијалковиќ итн.) за да можеме релативно непречено да функционираме и дали годинава ќе бидат истите сервисирани (пополнети дупките со асфалт) особено на Милан Миајлковиќ, Пејо Јаворов, Кочанска и Полог?
Однапред благодарам!
Одговор:
Почитувани,
Улиците во Црниче и Пржино се целосно опфатени со чистење. Од страна на општинските служби, снежните наноси се расчистуваа во текот на целата ноќ, до раните утрински часови, како и во текот на денешниот ден. Се работи и ќе се работи во полн капацитет, но треба да се има предвид дека снегот непрекинато паѓа и дека согласно временската прогноза, се најавени нови снежни врнежи. Во поглед на делот од прашањето за санација на улиците, ве информираме дека во овој период не може да се санираат ниту улиците ниту ударните дупки по улиците, бидејќи до 01.04.2019 год. се затворени асфалтните бази.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и презиме:Трајко
Датум: 10.01.2019
Прашање:
На ул. “Козјак” 3б, во дворот чуваат куче кое лае 24/7 и вознемирува 500 луге во околината.
Што да се превземе ? И кој е надлежен? Може ли општината – инспекторот да им упати опомена?
Поздрав!
Одговор:
Почитувани,
Во врска со Вашиот проблем околу чување на куче на ул. “Козјак”, ве известуваме дека е извршен инспекциски надзор на гореспоменатата улица, при што е констатирано дека во индивидуалниот станбен објект се чува домашен миленик (куче), уредно вакцинирано и регистрирано во соодветна надлежна ветеринарна институција. Со тоа завршуваат надлежностите на овластениот комунален инспектор. За подетално третирање на домашни миленичиња, потребно е да се обратите во Агенција за храна и ветеринарство.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и презиме: Славица
Датум: 10.01.2019
Прашање:
Веќе четири месеци секојдневно ни се нарушува мирот и тишината од прегласната музика на кафе “Поинт”. Не почитуваат ниту попладневно време за одмор, ништо! Навечер, после 21 часот, “Поинт” преминува во диско озвучување и не ни дава мир цела ноќ. Има ли институции кои го контролираат звукот и јачината? Каде да се обратиме ние станарите и кои институции се надлежни за контрола и решавање на настанатиот проблем?
Благодарам.
Одговор:
Почитувани,
Во врска со добиената претставка за работата на кафе бар “Поинт”, Ве известуваме дека правното лице има одобрен Елаборат за заштита на животната средина од страна на Општина Кисела Вода. Во Елаборатот има и Извештај од мерење на нивото на бучава направен од страна на Централната лабораторија за животна средина при МЖСПП. Според Извештајот, интензитетот на бучава што се емитира во животната средина е во дозволените гранични вредности. Во иднина ваквите проблеми околу нарушување на јавниот ред и мир во вечерните часови можете да ги пријавувате во Полицијата како надлежна институција.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и презиме: Горан Антевски
Датум: 10.01.2019
Прашање:
Повеќе од 3-4 месеци на паркингот на ул. Партениј Зографски помеѓу печатницата и детското игралиште стојат паркирани 4 хаварисани возила. Возилата целиот временски период не се преместени и го зафаќаат паркинг просторот . Вработените од МВР најчесто се принудени да паркираат на самата улица со што го загрозуваат движењето на децата пред игралиштето.
Поздрав!
Одговор:
Почитувани,
Во врска со оставање на хаварисани возила на јавна површина, согласно член 63 од Законот за безбедност на патиштата, надлежна институција за подигање, транспорт и чување на хаварисаните возила е МВР (сообраќајна полиција).
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Мара Попова
Датум: 08.01.2019
Прашање:
Дали постои намера и план да се поправи улица Герника 10 во Драчево? Тоа е улицата која води кон последна станица на Tипо на автобус 41. Целата е ископана, лежи вода, нема место каде да застанат патниците кога треба да се симнат од автобус, исто и кога треба да се качат. Целата улица, од потегот на раскрсницата со Киро Фетак, па до последна 41, мислам дека треба да се најде начин и можност со искористување на средства од некои фондови за патишта и улици целосно да се реновира, но исто така и да се попоправат сите дупки кои од ден на ден се прошируваат.
Поздрав
Одговор:
Почитувани,
Во програмата на Општина Кисела Вода за 2019 година е предвидено да се направи проектно-техничка документација за реконструкција на наведената улица, а градежните активности ќе се предвидат во програмата за 2020 година, согласно финансиските можности на Општината.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Ивица Атанасовски
Датум: 08.01.2019
Прашање:
Би ве замолил да се делува во вашите можности да се среди оградата,корпи за отпадоци итн. во паркот пред Тинексот, на улица “Ѓорѓи Димитров” /Кисела Вода, исто така сите хаварисани возила кои не се возат а само зафаќаат паркинг места и ја нагрдуваат општината да се отстранат со најпрвин известување на станарите или налепници.
Одговор:
Почитувани,
Отстранување на хаварисани возила не е во надлежност на Општина Кисела Вода, туку на МВР, додека во делот на барањето за поставување на урбана опрема, ве известуваме дека истата ќе биде поставена по деталното согледување на состојбата на терен.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Славица
Датум: 08.01.2019
Прашање:
Срамота е што го оставивте патот кон Теферич почнат, раскопан и недовршен во најлошо време. Ниту проширен, ниту тротоари, ниту осветеление. А денес со снег, ниту исчистен. Како да одиме на работа и како децата да одат на училиште? Пеш? Живееме во 21 век, а не во 18-ти. Сепак, ова е градско подрачје, каде сме платилекомуналии по градска тарифа и вие сте должни да ни пружите, да ни овозможите соодветни услови за живот.
Одговор:
Почитувани,
Реконструкцијата на патот кон Теферич е започната од фирма која е избрана пеку јавна набавка, распишана од страна на Скопски плански регион. Од страна на Општина Кисела Вода е реагирано и разговарано со директорот на институцијата кој треба да преземе соодветни мерки кон фирмата.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Венко
Датум: 03.01.2019
Прашање:
Со месеци булеварот “Борис Трајковски” е неисчистен, почнувајќи од ЗОИЛ, двете страни накај Кисела Вода, ивичњакот е со преголема наслага на прашина, ситен песок и камчиња, понатаму накај Адора-страната од кај Адора е донекаде во ред, но отспротива е катастрофа, иста ситуација подолу накај Тинексот. Ве молам пуштете машина или исчистете, само се дига прашина. Ве молам, сите имаме деца, сите се со проблеми со дишење.
Ви благодарам.
Одговор:
Почитувани,
Одржувањето на хигиената на булевар ”Борис Трајковски” е во надлежност на ЈП “Комунална Хигиена”, а на парковите кои гравитираат кон булеварот на ЈП “Паркови и зеленило”.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Поповски
Датум: 12.12.2018
Прашање:
Кој орган е надлежен, ако Заедницата на сопственици на станбена зграда ( ул. Руѓер Бошковиќ бр. 5-Карпош 1) не си ја врши својата работа? Имено, се работи за оштетена канализациона цевка во подрум, која не се поправа со години!? Подрумот не може да го користиме, а тоа е извор на зарази за целиот влез.
Претседателот и Надзорниот орган на Заедницата на сопственици на станбена зграда не се заинтересирани за отстранување на дефектот.
Однапред Ви благодарам.
Одговор:
Почитувани,
Во врска со вашето прашање кое се однесува на надлежност во вршење инспекциски надзор на работата на Заедницата на сопственици во станбена зграда , Ве известуваме дека надлежност за вршење инпекциски надзор има овластениот инспектор за домување во општината на чија територија се наоѓа станбената зграда. Доколку станбената зграда се наоѓа во општина Карпош, за решавање на наведениот проблем обратете се до овластен инспектор за домување при Општина Карпош.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Невена
Датум: 12.12.2018
Прашање:
Пред 1 месец се вселив во куќа во Црниче. Кантата од претходните сопственици е многу оштетена и неупотреблива, па ме интересира на кого треба да се обратам со барање за нова канта.
Благодарам.
Одговор:
Почитувани,
Треба да се обратите до ЈП Комунална Хигиена.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Валерија
Датум: 05.11.2018
Прашање:
Прашањето ми е дали вие можете да ми помогнете, живеам на Ѓорѓи Сугаре-6 имам проблем од соседката над мене, веќе подолг период од кај неа тече вода кај мене, во купатилото плафонот веке е одлепен паѓа малтер, неколку пати е опоменета за да поправи да не ми тече, она одговара Баш ми е гајле, проблемот трае веќе скоро година дена, почна да не отвара и врата, ве молам за совет каде можам да пријавам кај вас.
Одговор:
Почитувани,
Во врска со Вашето прашање, кое се однесува на проблем предизвикан од соседниот стан во станбената зграда, Ве известуваме дека овластениот инспектор за домување нема надлежност за постапување во посебните делови, односно становите во станбените згради. Проблемите настанати меѓу соседните станови се решаваат со договор или пред надлежен суд.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Ирена
Датум: 01.11.2018
Прашање:
Почитувани,
Прашањето е дали во некои од училиштата во општина Кисела Вода, самата општина врши субвенцинирање во дел од износот за целодневна/дневен престој. Ако е точно, прашањето ми е зашто истото не важи за сите училишта во општината и по кој критериум е утврдено кој ќе биде субвенциониран?
Со почит.
Одговор:
Почитувани,
Во врска со Вашето прашање за тоа дали Општината врши субвенционирање на дел од износот за целодневна /дневен престој/, Ве известуваме дека согласно член 162 од Законот за основно образование средствата за финансирање на основните училишта се обезбедуваат во Буџетот на РМ и се распределуваат по општините во вид на блок дотаци и наменски дотации.
Општината, пак, тие средства ги распределува на основните училишта на своето подрачје за обезбедување на реализација на воспитно образовниот процес.
Но, во случајот за кој прашувате за субвенционирање од страна на Општината на дел од износ за целодневна настава /дневен престој, согласно член 62 од Законот за основно образование – „ (1) Основното училиште во договор со родителите, а согласно Законот за јавни набавки, може за сите ученици да организира најмалку еден оброк во текот на престојот во училиштето. Трошоците за оброкот ги плаќа родителот“, Ве известуваме дека трошоците во делот на износот за топол оброк за учениците од целодневна настава /дневен престој во целост се на товар на родителите.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Билјана
Датум: 01.11.2018
Почитувани,
Дали може да биде реконструирано детското игралиште кое е лоцирано во дворот на градинката „8 Март’’ која се наоѓа на ул Христо Татарчев? Игралиштето е целосно руинирано и безбедноста за децата е на најниско ниво. Сите реквизити се искршени.
Одговор:
Почитувани,
Во врска со вашето прашање, искомунициравме со ЈДГ“8 Март“-на општина Кисела Вода , која има надлежност за проблемите во градинката од овој тип. Од таму, го добивме следниот одговор:
Игралиштето од затворен тип во објектот Расадник е изградено во 2010 год. со статични реквизити за игра и безбедносна подлога на истото наменето за игра на деца од предучилишна возраст, но за жал, истото не е чувано соодветно од страна на населението кое живее во околина и од тие причини е надвор од употреба. Како на децата кои престојуваат во градинката, така и на населението кое живее во близина.
ЈДГ“8 Март“-на општина Кисела Вода во Град Скопје за Ваша информираност мора да напомене дека игралишето во неколку навртати е обновувано од страна на детската градинка (обнова на откорната и уништена подлога на игралиштето и поправка на искршени и демолирани реквизити за детска игра, замена на пластифицирана мрежа наоколу околу игралиштето и поправки на клупите за седење кои се во игралиштето), но за жал, Н.Н сторители на возраст од 14 до 20 години на секое реновирање реагираа со уште поголемо демолирање на реквизитите за игра.
Согласно сето погоре наведено игралиштето не е во можност да ги задоволи потребите на населението.
Воедно сакаме да Ве информираме дека во тој период градинката ја информираше многу пати и полицијата и бараше од неа да има што почесто патролирање на оваа територија на општината, од причина што имаме штети во објектот поради немање на физичко обезбедување, но и полицијата се покажа немоќна во тој поглед од причина што стануваше збор за малолетни деликвенти.
Во моментот, иако градинката има физичко обезбедување на објектот во период од 18 часот до 06.00 ч. во работните денови и 24 часовно обезбедување за време на викенди и празници не е во можност да го реновира игралиштето во тековната 2018 год., истото е планирано за 2019 година. Исто така сакаме да напоменеме дека се надеваме дека по обновата на игралиштето, истото ќе биде чувано од страна најблиското население, во смисол, да не се фрлаат отпадоци од храна, да не дозволуваат нивните деца да шкртаат по подната подлога и реквизититите за игра и сл. затоа што само така и децата кои престојуваат во нашата градинка а и околното население ќе го имаа игралиштето во годините кои ни престојат во спротивно со текот на времето игралиштето нема да ја врши својата наменска функција.
Со почит,
ЈДГ“8 Март“-на Општина Кисела Вода во Град Скопје
Име и Презиме: Ирена
Датум: 01.11.2018
Почитувани,
Прво сакам да Ве прашам кој е надлежен за издавање на дозволи за кафулиња/ноќни клубови во населено место во Вашата општина и кој врши контрола на галамата? Ве молам за инфо каде, како граѓани, можеме да се пожалиме?
Второто прашање е кој е надлежен за регулирање на сообраќајниот метеж и хаосот во паркирањето во оваа општина?
И третото прашање е дали некој, а и кој е надлежен за кучињата скитници, кои од ден на ден се во се поголем број?
Ви благодарам.
Одговор:
Почитувани,
За вршење на дејност, Решение дава Централен регистер на РМ. За прекумерна бучава контрола вршат: инспекторите за животна средина на Општините, инспектори на Град Скопје, Министерство за животна средина и МВР. За регулирање на сообракајот надлежна е Сообракајна полиција. За кучиња скитници надлежен е стационарот во Вардариште. Од нивна страна кучињата скитници се заловуваат и се носат во стационарот на понатамошен третман.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Игор
Датум: 01.11.2018
Почитувани,
Ве молам да преземете најхитно мерки за обезбедување на кровната конструкција на зграата Фиком, бидејќи истата е во распаѓање, а во вакви временски услови може многу лесно да се откачат делови кои може да предизвикаат несогледливи последици.
Поздрав!
Одговор:
Почитувани,
Зградите на “Фиком”: “Антигона 1” и “Антигона 2″ кои се наоѓаат на ул.”Борис Трајковски” се во стечај и за истите се води судска постапка. Во најкраток временски период ќе се направат напори да се најде стечајниот управник и на состанок да му бидат предочени овие проблеми и да се дадат насоки за решавање на истите.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Марија
Датум: 01.11.2018
Почитувани,
Ве молам да ми кажете каде да се пожалиме за прегласната жива музика што секоја вечер ја слушаме од ресторанот Екслузив до 12 на полноќ. Приморани сме да затвараме прозорци а некогаш и така се слуша
Ви благодарам за вашето време.
Одговор:
Почитувани,
Инспекторите за животна средина повторно ќе излезат на вонредна инспекциски надзор во ресторанот Ексклузив и ќе извршат контрола. Доколку се утврдат неправилности ќе бидат преземени соодветни мерки. Што се однесува до бучавата, управителот на ресторанот “Ексклузив” ќе биде задолжен да изврши дополнително мерење на бучава од лиценцирана лабараторија и резултатите ќе ни бидат доставени на увид.
Мерење на бучава врши и Министерство за животна средина, инспектори за животна средина на Град Скопје и МВР.
Како дополнување на одговорот, по излегувањето на терен на општинските инспектори, Ве информираме дека е во тек постапка каде правното лице е задолжено да мери бучава во вечерните часови кога има жива музика. За неколку дена треба да ни биде доставен извештајот од извршените мерења на ниво на бучава од предметниот објект. Дополнително ќе Ве известиме за преземените активности. Во меѓувреме доколку се соочите со истиот проблем , можете да пријавите во Министерство за внатрешни работи.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Станиша Давидовски
Датум: 01.11.2018
Почитувани,
Здраво,
Сакам да ме информирате за следново: Во ОУ. Кирил Пејчиновиќ, во 3 то одделение во дневен престој има две наставнички на 3 одделенија. Дали општината има намера да вработи уште една наставничка, за да можат децата без никаков проблем да ја следат наставата, бидејќи еден наставник се справува со 42 деца.
Ве молам кажете ми дали имате намера да донесете уште еден наставник во 3 то одделение. Колку што имам информација од лани е побарано од страна на директорот на училиштето, но до сега нема никаква информација. Доколку е потребно ќе пратиме допис до вас со потпис на сите родители чии деца се во дневен престој.
Ви благодарам!
Одговор:
Почитувани,
Во врска со Вашето барање за вработување на наставник во ОУ Кирил Пејчиновиќ, ве известуваме дека Општина Кисела Вода не вработува наставници во основните училиштата. Општина Кисела Вода дава согласност за вработување по добиена согласност за вработување од Министерството за образование и наука, по претходно барање од страна на училиштата.
По Ваш допис, општината се обрати до училиштето и ни беше одговорено дека овој проблем е резултат на повеќе годишниот тренд на пораст на ученици кои се запишуваат во прво одделение и вкупниот број на ученици во училиштето, со што се појавува проблем со бројот на ученици кои треба да се згрижат во продолжен престој. Во текот на изминатите четири години училиштето во повеќе наврати доби нови финансирања, односно превземање на колешки од училишта каде има технолошки вишок. Со тоа се неутрализираше порастот на бројот на ученици во училиштето, односно бројот на ученици во паралелките.
Минатата и оваа учебна година училиштето испрати барање до МОН за ново финансирање, се со цел да се продолжи трендот како се зголемува бројот на ученици, така да се зголемува и наставниот кадар во училиштето, а се со цел подобри услови за учениците и вработените. Исто како и минатата година и оваа учебна година училиштето не доби ново вработување, а бројот на ученици кои имаат потреба од продолжен престој е во пораст.
Училиштето согласно своите потреби редовно бара ново финансирање до МОН, но и оваа учебна година не е одобрено.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Моника
Датум: 31.10.2018
Почитувани,
По неколку лични обраќање на граѓаните кон Општината сеуште нема никаква реализација за асфалтирање на улицата Нагоричанска во Драчево, која што притоа е ископана при поставување/измена на цевки.
Така е оставена веќе подолго од 1 година. Молам за одговор и/или датум за реализација.
Ви благодарам
Одговор:
Почитувани,
Посочената улица ќе биде земена во предвид во Програмата за 2019 година.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Тања Никчевска
Датум: 31.10.2018
Почитувани,
Ме интересира кога населбата Пинтија ќе добие асфалтирани улици и осветлување по улиците? Мрак е човек да поминува, посебно пред градинката Ѓурѓица. Тесни и со дупки улици, нема човек каде да застане, да паркира и да остави дете во градинка.
Ви благодарам
Одговор:
Почитувани,
Општина Кисела Вода во 2019 год. ќе почне со изградба а ул. Саса 6, која, согласно ДУП-от, ќе биде проширена.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Филип
Датум: 31.10.2018
Почитувани,
Би ве замолил да се бојадиса пешачкиот премин на улица “Павел Шатев” до ресторан “Доместика” пред МВР во населба Црниче. Пешачкиот премин воопшто не се гледа.
Ви благодарам и срдечен поздрав
Одговор:
Почитувани,
Посочената локација е во надлежност на Град Скопје. Ве упатуваме да се обратите до нивните служби како овој проблем би бил надминат што поскоро.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Јован Младеновиќ
Датум: 31.10.2018
Почитувани,
Има ли некаков план за санација на дупките во Пржино?
Ви благодарам.
Одговор:
Почитувани,
Бидејќи во 2019 година Општина Кисела Вода ќе отпоче со реализација на проектот за изградба на атмосферска канализација, санација на улиците во населбата Пржино ќе отпочне откако ќе заврши изградбата на канализацијата.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Сашо
Датум: 31.10.2018
Почитувани,
Кога ќе се преземат мерки со хаосот во сообраќајот во населбата Расадник? Повеќе можноста возилата да се движат по улиците е невозможна. Во почетокот возилата беа паркирани по тротоарите сега се на коловозот, претходно можеа мачно да се разминат две возила веќе и едно возило во еден правец е неможно, бидејќи сега возилата се паркирани од двете страни на коловозот. Пракираниве се однесуваат како никој ништо да не им може….жално е кога ќе видиш и полициско комбе кое се мачи да се размине на улицата????!!!… Најголем проблем е паркирањето на несовесните возачи пред влезовите на гаражите, секојдневно има расправии со нив бидејќи возилата не можат да излезат од гаражите во зградите. неодговорните сопственици на возилата кои се паркираат пред влезовите на гаражите се однесуваат надмено како никој ништо да не им може упорно и по расправии и тепачки пак се на истото место. Од оваа причина овие што имаат гаражи повеќе не ги паркираат возилата во гаражите и повторно се создава гужва на паркинзите.
На крајот можете да заклучите дека сте биле глупав што сте купиле гаража и сте издвоиле поголема сума на пари и на крајот да не ја користите. Уште е пожално што со купување гаража ја намалувате гужвата на паркинзите, тоа никој не го почитува и во иднина верувам ако се продолжи вака гаражите ќе бидат празни а тротоарите и коловозите полни со паркирани возила.
Можно ли е да се преземе нешто бидејќи веруваме дека надлежноста е на општината и полицијата, за почеток барем да се предупредат надмените и самобендисани паркирачи пред гаражите, како на граѓаните би им се внела мала доверба сепак дека можат да ги користат своите гаражи?
Ви благодарам.
Одговор:
Почитувани,
Општина Кисела Вода планира во 2019 година да изгради монтажна катна гаража, а исто така да се изработи и сообраќаен проект за режимот на движење во населбата.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Јана
Датум: 31.10.2018
Почитувани,
На улица “Михаил Чаков” откако е изградена нова вата зграда каде што е и новиот КАМ маркет е невозможно да се паркираме иако новата зграда наводно има подземен паркинг, а дополнително и оние што сакаат да купат нешто во КАМ ги оставаат возилата на тротоарот.
Освен тоа има и многу несовесни комшии кои ги оставаат возилата да им скапуваат на улица. Знам дека немате ингеренции да ги отстраните меѓутоа може да реагирате до МВР или да пуштите инспектори, да пишат некоја казна за попречување на сообраќајот, за да ги потсетат дека е тоа јавен простор, а не депонија.
Овој проблем со паркинг ги доведува купувачите на КАМ да паркираат на тротоар и тогаш пешаците мораат да бидат по улица, а вртењето со кола по истата улица е непрегледно и само прашање на време е кога ќе се случи сообраќајка. Истата непрегледност е и со вртењето на истата улица кај градинката бидејќи се паркираат на тротоарот на аголот.
Ви благодарам.
Одговор:
Почитувани,
Општина Кисела Вода ќе се обрати до МВР за да побара асистенција при решавањето на овој проблем.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Јана
Датум: 31.10.2018
Почитувани,
На улица “Михаил Чаков” откако е изградена нова вата зграда каде што е и новиот КАМ маркет е невозможно да се паркираме иако новата зграда наводно има подземен паркинг, а дополнително и оние што сакаат да купат нешто во КАМ ги оставаат возилата на тротоарот.
Освен тоа има и многу несовесни комшии кои ги оставаат возилата да им скапуваат на улица. Знам дека немате ингеренции да ги отстраните меѓутоа може да реагирате до МВР или да пуштите инспектори, да пишат некоја казна за попречување на сообраќајот, за да ги потсетат дека е тоа јавен простор, а не депонија.
Овој проблем со паркинг ги доведува купувачите на КАМ да паркираат на тротоар и тогаш пешаците мораат да бидат по улица, а вртењето со кола по истата улица е непрегледно и само прашање на време е кога ќе се случи сообраќајка. Истата непрегледност е и со вртењето на истата улица кај градинката бидејќи се паркираат на тротоарот на аголот.
Ви благодарам.
Одговор:
Почитувани,
Општина Кисела Вода ќе се обрати до МВР за да побара асистенција при решавањето на овој проблем.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Благој Дончев
Датум: 31.10.2018
Почитувани,
Ве молам детално да се исчисти делот околу спортската сала Расадник.
Ви благодарам.
Одговор:
Почитувани,
Општина Кисела Вода веќе работи на расчистување на просторот околу салата Расадник и во најскоро време ќе биде комлетно уреден.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Слободан Тасевски
Датум: 31.10.2018
Почитувани,
Ве молам да ми одговорите кога е во план да се АСФАЛТИРА (РЕНОВИРА) ул.БЛАГОЈА ГОЈАН од бр.5 до бр.21 (слепа уличка) во должина од 800 метри.во нас.Пржино.
Истата не е обновена откако е прв пат асфалтирана во 1970 год. и е во многу лоша состојба.
Веке неколку години се обраќам до нашата општина но, без успех.
Ви благодарам.
Одговор:
Почитувани,
Од следната година Општина Кисела Вода ќе започне со изградба на атмосферска канализација во населбата Пржино. Во проектот е влезена и улицата “Благоја Гојан”. Откако ќе заврши изведбата, Општината ќе започне со санација и реконструкција на сите улици опфатени со проектот.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Мирко Блажевски
Датум: 31.10.2018
Почитувани,
На ул. Димо Хаџи-Димов од број 129 до број 137 има поставено решетки за атмосферски води кој што се расклатени, а една од нив уште при самото вградување не беше добро прицврстена и има поголема дупка околу неа што треба да се асфалтира.
Ве молам да се асфалтира околу решетката и да се прицврстат сите решетки затоа што ужасно тропаат.
Одговор:
Почитувани,
Вашето барање ќе го препратиме до ЈП “Водовод и Канализација”, претпријатие кое е надлежно за решавање на вашиот проблем.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Даниела Стојмановски
Датум: 31.10.2018
Почитувани,
Ве молам да ми кажете дали организирате собирање на кабаст отпад. Ако организирате-во кои денови?
Одговор:
Почитувани,
Општина Кисела Вода, организира собирање на кабаст отпад три пати во годината во сите урбани и месни заедници-во секоја по два дена. Тоа се акции кои ги спроведуваме со сопствени ресурси, а се изведуваат така што секој граѓанин кабастиот отпад има можност да го одложи пред својот дом. Овие акции се спроведуваат во периодот: април-мај, јуни-јули, септември- октомври и со точно утврдени термини кои се објавуват на веб страна та на општината, по медиумите и дополнително се лепат соопштенија по сите урбани и месни заедници и јавни површини. По завршување на овие акции граѓните кабастиот отпад може да го исфрлаат само во ЈП “Дрисла”. Исфрлање на кабаст отпад надвор од термините што ќе ги одреди Општината е казниво согласно Законот за Јавна чистота.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Ана Геровска
Датум: 31.10.2018
Почитувани,
Би сакала да замолам доколку е можно да се постават “лежечки полицајци“ пред градинката “8-ми Март” во Пржино (од страната кај детското игралиште) и кај основното училиште “Кузман Јосифовски Питу “(горното) од двете страни, особено на улица “Востаничка” близу до раскрсницата, бидејќи возилата се движат со преголема брзина, а многу дечиња одат сами во училиште.
Одговор:
Почитувани,
Поставување на лежечки полицајци на главна улица (“Востаничка”), не е дозволено од Град Скопје бидејќи на истата поминува автобус. Во поглед на улиците што се под ингеренции на Општината, вашето барање ќе биде разгледано и земено предвид.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Столе Ајчев
Датум: 31.10.2018
Почитувани,
Често ја користам трим патеката покрај пругата и низ целата должина недостигаат корпи за ситен отпад. Однапред ви благодарам на одговорот.
Одговор:
Почитувани,
Новиот пробиен дел ќе го поплочиме со павер елементи, а вашето барање за поставување на корпи за отпад ќе го земеме во предвид.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Даниела Радиќ
Датум: 31.10.2018
Почитувани,
Ве молам да ми одговорите дали треба да пријавиме и каде сечење на дрво кое се наоѓа во мојот двор и истото е садено од наша страна. Дрвото пречи во смисол што истото многу се разграни, низ него поминуваат многу жици, а минатата зима кога заврна снегот гранките натежнаа. Моравме да се качуваме и да ги тресеме гранките за да не дојде до кинење на жиците.
Одговор:
Почитувани,
За сечење на дрва се поднесува барање до Град Скопје по што службите на Градот носат решение за сечење, иако се работи за дрво што сте го саделе вие и е во вашиот двор.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Љубинка Митревска
Датум: 24.07.2018
Почитувани,
Ве молам да ми дадете информација кои документи ми требаат за барање за градежна дозвола и за колку време се издава.
Одговор:
Почитувани,
– Доказ за право на градење (не постар од 6 месеци);
– Извод од урбанистичко планска документација (не постар од 6 месеци);
– Геодетски елаборат за нумерички податоци;
– Позитивно мислење издадено од страна на субјект кој врши научноистражувачка дејност-научен институт специјализиран во областа на заштита на градби од сеизмички влијанија на градежно конструктивниот проект ИЗИИС;
– Елаборат и потврда дека објектот е проектиран согласно Законот за енергетика и Правилникот за енергетски карактеристики на зградите;
– Полномоштво од инвеститорот за поднесувачот на барањето заверено на Нотар;
– Доказ за извршена уплата на административна такса;
– Основен проект со следните фази:
Архитектура
Статика
Водовод и канализација
Електрика.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Јован
Датум: 24.07.2018
Почитувани,
Имаме поднесено барање електронски за градба на куќа. Ги има сите потребни документи, но веќе седум месеци е статус кво. Немаме никаков одговор (ниту позитивен, ниту негативен). Молам за одговор.
Одговор:
Почитувани,
За да одговориме на прашањето ни е потребно број на предмет и име на барателот, но истото ќе може да го одговориме само доколку лично дојдете во приемните термини вторник и четврток од 9:00-11:00 часот во Секторот за урбанизам и просторно планирање – барака 3 во кругот на Општина Кисела Вода, бидејќи информации може да се дадат само на барателот или полномошник на барателот.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Мирјана
Датум: 24.07.2018
Почитувани,
Ве молам да ми дадете информација дали новиот ДУП за Кисела Вода, поточно ме интересира Месната заедница „Бирарија“, е пуштен на јавна расправа. Ако е пуштен, каде може да се разгледа и како се доставуваат евентуални предлози за измена? Ако не е пуштен, кога може да се очекува да биде пуштен со оглед дека имам сознанија дека тоа ќе се случи овој месец?
Одговор:
Почитувани,
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Слободан
Датум: 24.07.2018
Почитувани,
Би сакал да се информирам дали на територија на општината (поточно во Драчево) може да се добие локација за времен објект или, ако ми отстапат од веќе деделените, кои ќе бидат моите обврски?
Одговор:
Почитувани,
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме:
Љубомир Спировски
Датум: 24.07.2018
Почитувани,
Каде би можел да го најдам ДУП со граници на југ Сава Ковачевиќ (Христо Татарчев), север орис Трајковски и исток Народни Херои? На општинската веб страна го нема.
Одговор:
Почитувани,
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Бојан
Датум: 24.07.2018
Почитувани,
Дали е точно дека е направена измена на ДУП и наместо одамна планирана улица која треба да ги поврзе улиците Томе Арсовски и Фредерик Шопен со Антон Попов, сега ќе се гради голема зграда?
Одговор:
Почитувани,
Делот за кој прашувате е предмет на обработка во Деталниот урбанистички план за четврт Ј20, Блок 04 – локалитет Бирарија, за истиот ќе биде објавена јавна анкета и јавна презентација во брзо време, а за истото ќе има објава во два дневни весника и на web страната на Општина Кисела Вода во менито Актуелни објави – Изложени детални урбанистички планови на јавна анкета.
За времетраењето на јавната анекта и презентација сите граѓани ќе можат да увидат што е планирано и да искажат писмени коментари во форма на анкетни листови доколку имаат забелешки и различни мислења.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Бојан
Датум: 24.07.2018
Почитувани,
Дали е точно дека е направена измена на ДУП и наместо одамна планирана улица која треба да ги поврзе улиците Томе Арсовски и Фредерик Шопен со Антон Попов, сега ќе се гради голема зграда?
Одговор:
Почитувани,
Делот за кој прашувате е предмет на обработка во Деталниот урбанистички план за четврт Ј20, Блок 04 – локалитет Бирарија, за истиот ќе биде објавена јавна анкета и јавна презентација во брзо време, а за истото ќе има објава во два дневни весника и на web страната на Општина Кисела Вода во менито Актуелни објави – Изложени детални урбанистички планови на јавна анкета.
За времетраењето на јавната анекта и презентација сите граѓани ќе можат да увидат што е планирано и да искажат писмени коментари во форма на анкетни листови доколку имаат забелешки и различни мислења.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Константин
Датум: 24.07.2018
Почитувани,
Со оглед на тоа што секоја недела по два пати неделно , веќе 9 години постојано доаѓаме во општина кисела вода во врска со предметот за легализирање на имот. Истиот веќе неколку пати е вратен на прва фаза а целата документација е целосно подготвена и доставена согласно 2009 година. Со оглед на тоа што забележавме дека предметот се прераспределува постојано од едно лице на друго и само не вртат во круг, следен чекор би ни бил пријавување во државен инспекторат и до службата за ревизија во Кисела вода. Следно можеби и во медиум , можеби тоа ќе поттикне на некој да го реши предметот за кој плаќаме данок за туѓо земјиште!
Одговор:
Почитувани,
Коментари за конкрети предметни може да се даваат само на странката во постапка или на полномошник.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Тања
Датум: 13.07.2018
Почитувани,
Ви се обраќам во врска со ресторанот Ексклузив кој што врши тортура на нас жителите од околните згради со прегласна музика секоја втора вечер. Согласно кој закон е дозволено ваква галама во сред резиденцијална зона?? Бараме Вашиот надлежен инспектор за животна средина да ги преземе сите потребни мерки и оваа ситуација која предолго се толерира да се реши во име на спокојот и мирот на нас, граѓаните. Молам за одговор.
Одговор:
Почитувани,
Во врска со вашето барање кое се однесува на работата на ресторан Ексклузив во Кисела Вода, Ве известуваме дека овластените инспектори за животна средина при Општина Кисела Вода излегоа на лице место, при што во разговор со сопственикот на ресторанот е укажано на проблемот со прегласната музика. Од сопственикот на ресторанот сме известени дека се преземаат мерки за подобрување на звучната изолација со што наведениот проблем би бил надминат.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Мимоза Станковска
Датум: 20.06.2018
Почитувани,
Скарата на кило Кузум која се наоѓа веднаш до нашата зграда ги помина сите граници во однос на миризбата и димот која ни е во домовите веќе подолго време. Ве замолуваме да превземете соодветни мерки во однос на нивниот начин на приготвување на храната. Без лоши намери сакаме како зграда да се реши проблемот.
Одговор:
Почитувани,
Ве известуваме дека овластен инспектор за животна средина во наредните денови ќе излезе на лице место и ќе биде извршен вонреден инспекциски надзор на посочената локација, по што ќе бидат превземени соодветни мерки.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: НН
Датум: 01.06.2018
Почитувани,
Во врска со објавените огласи за парична помош за талентирани ученици и спортисти, дали можеме да аплицираме со освоено второ место на регионален натпревар по природни науки и за друго дете – спортист со диплома од Општина Кисела Вода за освоено трето место по кошарка?
Одговор:
Почитувани,
Во врска со вашето прашање дали на огласот за награди за талентирани ученици може да аплицира ученик со освоено второ место на регионален натпревар по природни науки, Ве известуваме дека согласно наведените критериуми во Процедурата за условите и критериумите за талентирани ученици од општинските основни училишта и критериумите наведени во објавениот оглас на ден 30.05.2018 година, ќе се вреднуваат едниствено постигнати резултати од освоено прво, второ и трето место на државен и меѓународен натпревар од областа на науката, уметноста, културата и спортот кои се акредитирани од соодветни установи и институции добиени во тековната учебна година.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Елена Стефковска
Датум: 01.06.2018
Почитувани,
Би го замолила градоначалникот да преземе мерки со каналот, не се поминува и не се седи на тераса од што има јака миризба и би го замолила за повеќе да ја ангажира месната заедница. Не да си асфалтира пред двор и пред прозор, туку и другите места, најглавно доле на Градинар, да можеме да се симнеме од автобус да не газиме во вода.
Одговор:
Почитувана,
Каналот е во надлежност на Град Скопје и од наша страна веќе е алармирано дека треба да се чисти, а што се однесува до асфалтирањето, повторно наведувате дека се работи за улица на која поминува автобус, односно, улица за која ингеренции нема Општина Кисела Вода, туку Градот Скопје.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Мартин
Датум: 01.06.2018
Почитувани,
До кога улицата “Сердарот” ќе седи раскопaна и ќе чека реконструкција?
Одговор:
Почитувани,
Во завршна фаза е поставувањето на павер елементите долж улицата, а од вчера, четврток, 31.05.2018, започнавме и со подготовка за асфалтирање.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Владимир
Датум: 29.05.2018
Почитувани,
Замолувам Општината конечно да преземе мерки за справување со кучињата скитници во делот на Расадникот. Имено се работи за веќе голем број на кучиња кои ги малтретираат и плашат поголемиот дел од жителите (особено жени и деца) во овој дел од населбата, за среќа сеуште без жртви.
Одговор:
Почитувани,
Од страна на овластениот комунален инспектор на Општина Кисела Вода ќе биде известено ЈП “Вардариште” кое врши собирање и третирањe на кучиња скитници со цел да се заштити безбедноста на жителите на општина Кисела Вода.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Ангела
Датум: 29.05.2018
Почитувани,
Дали еднаш засекогаш ќе се обрне внимание во населба Драчево на затварање на сите дупки? Ова веќе нема смисла, нема простор за разминување на пешаци, а камоли на возила. Предолго чекаме.
Одговор:
Почитувани,
Акцијата за санирање и крпење на дупки по улиците е во тек, така што и улиците во населбата Драчево ќе бидат опфатени.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Сретан
Датум: 29.05.2018
Почитувани,
Почната е работата со асфалтирањето на улица Саса 32. Дали ќе не удостоите да ја асфалтирате целата улица како би можеле и ние кои живееме на крајот од улицата да ги видиме благодетите и повеќе да не газиме по кал, бидејќи мојата куќа е изградена со одобрение за градба и платени редовно комуналии. Инаку сме на крајот од улицата Саса 32 бр.112 каде до сега одржувањето сами го работиме. Дали сме и ние жители на оваа општина кој си ги плаќаат обврските кон Општината. Ве молам да ми одговорите каде да се обратам за поставување на улично осветлување, бидејќи за истото ЕВН ми наплаќа во сметката, а нема поставено.
Благодарам.
Одговор:
Почитувани,
Општина Кисела Вода има во план да продолжи со асфалтирање на нови 200м од улицата Саса 32, а во врска со уличното осветлување ве информираме дека ќе испратиме екипа на терен за да ја увиди можноста за поставување на светло.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Игор Талевски
Датум: 29.05.2018
Почитувани,
Секој ден на потегот од Општината па се до Тутунски комбинат, тротоарот е преполн со паркирани возила и го отежнува нормалното движење на пешаци и велосипедисти, а за инвалидски колички воопшто да не споменуваме…
Дали Општината има план да постави заштитни столбчиња на овој потег?
Со почит.
Одговор:
Почитувани,
Ве упатуваме вашето прашање да го пратите до службите на Градот Скопје, бидејќи посочената улица е во нивна надлежност.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Никола Стефановски
Датум: 29.05.2018
Почитувани,
Живеам во зградата на ул. Народни Херои бр. 18, која ја одржува Виртус Елиас. Во зградата пумпите за вода се во дефект, заради што нема вода во хидрантите за противпожарна заштита, а и горните спратови имаат многу слаб воден притисок. Овој дефект постои повеќе од година дена. Пред една година имавме состанок со Виртус Елиас и ова беше прва точка што беше договорено да ја поправат. Тие испратија уплатници, ние уплативме, и помина година дена, а проблемот не е решен, Виртус Елиас не се ни обидоа да го поправат дефектот. Дополнително, Виртус Елиас не се имаат потрудено да извршат наплата на сметките од оние станари коишто затајуваат да го подмират својот долг, па така има станари кои повеќе години воопшто не плаќале сметки. И згора на сето тоа, од почетокот на управувањето со нашата зграда, во 2015 година, Виртус Елиас ниту еднаш немаат приложено извештај за завршената работа. Каде да побараме заштита во ваков случај?
Благодарам.
Одговор:
Почитувани,
Во врска со вашето прашање Ве изветуваме дека инспекциски надзор на работата на управителите во станбените згради врши овластен инспектор за домување при општината. Барање за инспекциски надзор може да доставите до општината.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Емилија Нацевска
Датум: 29.05.2018
Почитувани,
Ве молам за информација за причините зошто ДУП-от за Ј20 блок 04, по поминати 2 и повеќе години од повторната јавна расправа, сеуште не е донесен, до каде сте со постапката и кога планирате да биде донесен?
Благодарам.
Одговор:
Почитувани,
Ве информираме дека постапката за донесување на Деталниот урбанистички план за реон Ј, четврт Ј20 Блок 04 согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, Правилникот за поблиска содржина, размер и начин на графичка обработка на урбанистички планови, Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање и Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 година е во фаза на изработка.
Планот сеуште нема добиено согласности од сите релевантни институции.
Ве информираме дека деталниот урбанистички план реон Ј, четврт Ј20, блок Ј20.04 ќе биде даден повторно на јавна анкета, а Вашите дополнителни забелешки и сугестии согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на РМ 199/14, 42/15, 44/15, 193/15, 31/16 и 163/16), се доставуваат и на јавната анкета и презентација за која граѓаните ќе бидат информирани во пишаните медиуми (дневни весници) и на web – страната на Општина Кисела Вода.
По добивање на сите согласности истиот ќе биде доставен на усвојување од страна на Советот на Општина Кисела Вода. По усвојувањето на деталниот план од Советот истиот ќе стапи на сила и граѓаните ќе можат да вадат Изводи од план за истиот.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Ирена
Датум: 29.05.2018
Почитувани,
Од неодамна школскиот двор на ООУ “Кузман Јосифовски Питу” се заклучува иако досега тоа не беше пракса. Имено ова е единствениот простор на кој децата можат да се дружат, да играат фудбал, кошарка и возат велосипед. Прашањето ми е дали постои можност тој да не се заклучува или барем да се заклучува после 22 часот, а исто така и да е отворен за време на викенд. Бидејќи во овој дел на Кисела Вода има сериозен недостаток на игралиште за деца.
Благодарам.
Одговор:
Почитувани,
Заклучувањето на портите на училиштето е со единствена цел да се заштити објектот и дворното место на училиштето од несовесни граѓани и лица кои вршат криминални дејствија на територијата на општината и училиштето. Како што знаете во изминатиот период имаше немил настан и грабеж на бистата на Кузман Јосифовски – Питу, од дворот на училиштето. Имајќи го во предвид фактот дека од септември е планирано да се врши целодневно обезбедување на објектите на основните училишта на територијата на општината, дотогаш директорите се задолжени да ги преземаат сите мерки за максимално обезбедување на имотот на училиштата.
Ви благодариме за разбирањето.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Гордана Блажевска Спиридонова
Датум: 09.05.2018
Почитувани,
Живеам со своето петчлено семејство во општина Кисела Вода веќе 10 години на адреса ул. ,, Марко Цепенков “ 4-1/25. На 30 тина метри од зградата се гради нова зграда веднаш до трафостаницата која е на улицата. Градежните работници работат на објектот од утро до вечер, недели и празници, на последниот празник кој го се одбележа во државата ,,2 мај “ работеа до вечерта, во 22.00 часот навечер се уште со чекани силно се тропаше по деловите од објектот што ,,ечеше,, низ целата околина. Ова се случува редовно и во неделите кога е единствено време за одмор за граѓаните. Потребно ми е да се појасни кои се нашите права како граѓани во општината во која редовно гласаме на локалните избори и кои се надлежностите на Општината и одговорните и како решаваат еден ваков проблем. Граѓаните имаат се помалку доверба бидејќи сметаат дека не вреди никакво обраќање до инадлежните институции бидејќи проевладува ставот на претприемниците кои се семоќни во борбата на своите проекти.
Ве молам да ми одговорите конкретно, концизно и брзо на прашањата.
Одговор:
Почитувани,
Во однос на вашиот проблем, Ве известуваме дека во однос на работа во празници или прекувремена работа е потребно да се обратите во трудовата испекција при Министерството за труд и социјална политика.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Крсте Петрушевски
Датум: 08.05.2018
Почитувани,
Сопственик сум на КП 142 во Кисела Вода 1 и објектот кој се наоѓа на истата КП 141 која се наоѓа северно од мојата парцела е целосно напуштена со објектите кои се наоѓаат на неа и претставува една невидена депонија. Со цел да се заштити животната средина, барам да ме известите до која служба треба да се обратам за да се расчисти парцелата до еден разумен ред за да не представува депонија која се наоѓа така речи во центарот од градот.
Одговор:
Почитувани,
Во врска со вашето прашање Ве известуваме дека одржувањето на катастарската парцела е обврска на сопственикот, односно сопствениците на истата.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Климе Матоски
Датум: 08.05.2018
Почитувани,
Кога конечно ќе започне да се прави долгонајавуваната улица од Кисела Вода накај Аеродром преку или под пругата, сум слушнал за 2 варијанти, или преку Есенинова и покрај компанијата Seavus, или од кај Општина Кисела Вода, многу долго се чека на овој проект и најавуван е од неколку градоначалници и на Кисела Вода и на град Скопје. Ние што секојдневно патуваме на релација Кисела Вода-Аеродром заглавуваме во хаосот кај Тутунски комбинат и губиме многу време, наутро колоната стига од семафорите до новата зграда Флатрон. Може ли да ни дадете информации кога овој проект ќе почне со реализација?
Одговор:
Почитувани,
Улицата што ја посочувате, Есенинова, е проект под ингеренции на Град Скопје. Можеме да ве упатиме прашањето да го препратите до службите на Градот Скопје кои имаат надлежност да ви одговорат дали истиот е ставен во програмата за 2018 година.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Тони
Датум: 08.05.2018
Почитувани,
Ве молам за санација на огромен кратер на улица “Ѓорѓи Димитров”, во близина на задниот влез на училишниот двор од ОУ “Круме Кепески”. Кратерот е широк барем еден метар и длабок неколку сантиметри. Речиси е невозможно да се избегне. Во моментов е наполнет со градежен шут, со цел да се пополни, но потребна е прописна санација.
Одговор:
Почитувани,
Во тек е акција за санирање на ударни дупки и истата ќе биде земена во предвид.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Тони
Датум: 08.05.2018
Почитувани,
Ве молам за санација на огромен кратер на улица “Ѓорѓи Димитров”, во близина на задниот влез на училишниот двор од ОУ “Круме Кепески”. Кратерот е широк барем еден метар и длабок неколку сантиметри. Речиси е невозможно да се избегне. Во моментов е наполнет со градежен шут, со цел да се пополни, но потребна е прописна санација.
Одговор:
Почитувани,
Во тек е акција за санирање на ударни дупки и истата ќе биде земена во предвид.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Драгољуб Арсовски
Датум: 24.04.2018
Почитувани,
Ве молам да ме информирате дали е во тек подготовка на ДУП за локалитетот на кој се наоѓа улицата “Серска”, поточно локалитетот над црквата Св. Петка, помеѓу ул. “Партенија Зографски” и ул. “Востаничка”? Кога е во план истиот да биде донесен, согласно Програмата за работа на Општината Кисела Вода?
Однапред блaгодарам за одговорот.
Одговор:
Почитувани,
Општина Кисела Вода ја започна постапката за изработка на Детален урбанистички план за блок Ј20.03. Штом се изработи конечна верзија од предлог планот, за истиот ќе биде спроведена јавна анкета и презентација, за што ќе бидете информирани преку дневниот печат и web-страната на Општина Кисела Вода. За подетални информации можете да се јавите во Секторот за урбанизам и просторно планирање, соба 1, барака 3, во кругот на Општина Кисела Вода, секој вторник и петок од 12:00-15:00 часот.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Дарко Трајковски
Датум: 24.04.2018
Почитувани,
Заинтересирани сме да извршиме надградба на нашата куќа која е во наша сопственост со чист имотен лист на име на мојот татко, но за дворното место се уште нема извршено физичка делба поради тоа што другите сопственици сеуште немаат добиено имотен лист за нивниот дел. Се работи за К.О Драчево 2 парцела број 12149.Не интересира дали е можно да добиеме дозвола за надградба по основ на целосна сопственост на објектот кој сакаме да го надградиме со имотен лист, но со право на сосопственост на парцелата на која гласиме ние како сосопственици со Република Македонија поради тоа што за тој дел сеуште е во процедура постапката за приватизација и легализација како и за поголемиот број случаи во Драчево.
Ви Благодариме. Поздрав
Одговор:
Почитувани,
Согласно член 63 од Законот за градење при доградба и надградба на објект се спроведува истата постапка предвидена за добивање на одобрение за градење пропишана со овој закон.
Ова значи дека треба да се достави геодетски елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште и за предметното земјиште да се достави доказ за право на градење, што во смисла на овој закон, се смета:
– имотен лист со запишано право на сопственост или право на долготраен закуп или право на службеност на градежното земјиште, кој е составен дел на геодетскиот елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште
– договор за пренесување на правото на градење на предметното градежно земјиште.
За дополнителни прашања може да се јавите во Секторот за урбанизам и просторно планирање секој вторник и петок од 12:00-15:00 часот, барака 3 во кругот на Општина Кисела Вода.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Миле Блажески
Датум: 24.04.2018
Почитувани,
Градежната сезона е почната, времето беспрекорно. Не знам што се чека да се асфалтира ул.Саса 32. 100% технички ги исполнува условите, има канализација, водовод, сите се приклучени, тампонирана е. Само треба да се асфалтира, како што ветивте дека е во план оваа година.
И сакам да прашам зашто автобуската станица не е како сите станици во Скопје и каде треба да се обратиме да постават заштита каква што си имаше кога не беше направен булеварот.
Одговор:
Во текот на оваа седмица, Општина Кисела Вода ќе започне со асфалтирање на нови 200 метри од ул.”Саса” 32. Во однос на вашето прашање за поставување на настрешница на автобуската станица, би ве упатиле да се обратите во ЈСП Скопје, како институција која е надлежна за прашања од оваа природа.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Бојан Велевски
Датум: 24.04.2018
Почитувани,
Би сакал да прашам дали во близина на Расадник се планирани тениски игралишта на кои ќе можат младите да спортуваат? Единствена населба сме можеби во Скопје без тениски предуслови за младите.
Одговор:
Општина Кисела Вода ја отпочна постапката за донесување на детален урбанистички план за Градска четврт Ј14 согласно Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 година. Станува збор за површина од 82,09ха која детално ќе биде разработена согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање и Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање. Овој дел попопуларно меѓу народот е познат како локалитет Расадник, а станува за збор за делот помеѓу улица „Борис Трајковски“ од североисток, булевар „Србија“ на југоисток, улица „ Христо Татарчев“ на југозапад и улица „ Народни Херои“ на север. При разработката на локалитетот и архитектонско урбанистичкото оформување на просторот во рамки на дефинираните наменски зони се предвидени и компатибилни намени на поединечни парцели, во зависност од нивните специфичности и можности, и на тој начин е предвидено да се појават и објекти со намени: образование и наука, здравство и социјална заштита, државни и верски институции, а низ целиот простор се распоредени парковско и заштитно зеленило, како и зони за спорт и рекреација.
По донесувањето на планската документација во рамки на зоните за спорт и рекреација ќе можат да се разработуваат различен тип на игралишта.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Најда Шапова
Датум: 24.04.2018
Почитувани,
Кога деталниот урбанистички план за Градска четврт ЈИ08 ке биде ставен на јавна презентација и анкета пред граѓаните?
Одговор:
Почитувани,
Ве информираме дека постапката за донесување на Деталниот урбанистички план за реон Ј, четврт ЈИ08 согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање Правилникот за поблиска содржина, размер и начин на графичка обработка на урбанистички планови, Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање и Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 година е во фаза на изработка.
Планот сеуште нема добиено согласности од сите релевантни институции. По добивање на сите согласности истиот ќе биде доставвен на усвојување од страна на Советот на Општина Кисела Вода. За подетални информации можете да се обратите секој вторник и петок од 12:00-15:00 часот во просториите на Општина Кисела Вода, барака 3, соба 1.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Милинко Влаховиќ
Датум: 24.04.2018
Почитувани,
Премногу време помина а улиците “Киро Фетак” во Драчево и главната улица во село Долно Лисиче се уште да изгледаат како да имало ерупции. Дали Општината има намера да се зафати со реновирање и обновување на истите?
Одговор:
Почитувани,
Општина Кисела Вода од денес започнува со крпење на ударните дупки на улицата “Киро Фетак” во делот до пругата. Воедно, сакаме да ве известиме дека улицата за која прашувате во Долно Лисиче не е во надлежност на Општината и како таква, немаме ингеренции за да вршиме интервенции на неа.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Драган Попоски
Датум: 24.04.2018
Почитувани,
Дали може да не информирате до каде е постапката за донесување на ДУП за Ј20 блок 04?
Благодариме.
Одговор:
Почитувани,
Ве информираме дека постапката за донесување на Деталниот урбанистички план за реон Ј, четврт Ј20 Блок 04 согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање Правилникот за поблиска содржина, размер и начин на графичка обработка на урбанистички планови, Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање и Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 година е во фаза на изработка.
Планот сеуште нема добиено согласности од сите релевантни институции. По добивање на сите согласности истиот ќе биде доставвен на усвојување од страна на Советот на Општина Кисела Вода. По усвојувањето на деталниот план од Советот истиот ќе стапи на сила и граѓаните ќе можат да вадат Изводи од план за истиот.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Бобан Савовски
Датум: 24.04.2018
Почитувани,
Дали може да знам до каде е ДУП-от за Припор за зона ј 17?
Одговор:
Почитувани,
Согласно ГУП-от на Град Скопје 2012-2022, градот е поделен на градски четврти кои се дефинирани со регулациони линии и за истите ќе се спроведат постапки за донесување на Детални урбанистички планови. Градот Скопје е во постапка на изработување на урбанистички план за четврт Ј17, со што градската четврт ќе биде поделена на блокови за детална разработка од страна на Општина Кисела Вода.
Ве информираме дека во моментот нема започната постапка за изработка на детален урбанистички план за четврт Ј17 ниту блокови во рамни на четвртта.
За подетални информации можете да се обратите секој вторник и петок од 12:00-15:00 часот во просториите на Општина Кисела Вода, барака 3, соба 1.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Станари од Божидар Аџија бр.9 и 7
Датум: 12.04.2018
Почитувани,
До зградата на ул. Божидар Аџија бр,7,9 во Кисела Вода, на приземје, од едната страна има очна ординација, а веднаш до неа, на приземје, ќе се отвара сендвичара под назив The Best Sandwich in town и во моментов местат огромен оџак кој е веднаш до нашите тераси. Дали е тоа дозволено кој како ке му текне да мести огромен оџак во зграда и непријатната миризба да ја дишеме сите станари и да не можеме надвор да пружиме алишта? Каде да се обратиме и каде да пријавиме?
Одговор:
Почитувани,
Во врска со вашето прашање, кое се однесува на поставување оџак во станбена зграда, Ве известуваме дека оџак на надворешниот (заеднички, фасаден) дел во станбената зграда може да се постави само со одлука од сопствениците на посебни делови во станбената зграда. Одлуката е донесена ако за неа гласале најмалку 51% од сопствениците на посебни делови. Би требало да се информирате кај управителот во станбената зграда дали постои таква одлука. За било какви информации или да пријавите проблем може да се обратите до Секторот за инспекциски работи во Општина Кисела Вода.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Пеце Алексоски
Датум: 11.04.2018
Почитувани,
Веќе подолг временски период во непосредна близина на местото каде се вкрстуваат улиците Фредерик Шопен и Антон Попов (во уличката до големата сива зграда на ул. Фредерик Шопен) има значителен проблем во протокот на возилата и ризикот од оштетување на истите. Имено се работи за пропапаѓање на асфалтот во дијаметар од 1m, на локација која е комплицирано да се избегне. Ова предизвикува проблем за сите корисници на уличкава и причина за незадоволство кај истите. Доколку не претставува преголем проблем и е во можностите на општината, се надевам дека предлогов ќе биде регистриран и од ваша страна и ќе се санира во догледен временски период.
Одговор:
Почитувани,
Кон крајот на овој месец, Општина Кисела Вода ќе започне со акција за санирање на ударни дупки.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Дејан Костов
Датум: 11.04.2018
Почитувани,
Сакам да прашам дали и кога ке се смени ДУП-от во населба Црниче на потегот помеѓу улиците ВОСТАНИЧКА, БАНСКО, НАУМ ОХРИДСКИ односно делот на ул. БАНСКО спроти училиштето К.Ј.-Питу?
Одговор:
Почитувани,
Општина Кисела Вода ја започна постапката за изработка на Детален урбанистички план за блок Ј20.03, планот во моментот е на изработка на планска документација од страна на овластена проектантска фирма. Штом се изработи конечна верзија од предлог планот за истиот ќе биде спроведена јавна анкета и презентација согласно Законот за простоно и урбанистичко планирање, за што ќе бидете информирани преку дневниот печат и web-страната на Општина Кисела Вода.
За подетални информации можете да се јавите во Секторот за урбанизам и просторно планирање, барака 3, во кругот на Општина Кисела Вода, секој вторник и петок од 12:00-15:00 часот.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Драгољуб Милановски
Датум: 11.04.2018
Почитувани,
Дали во Нашата општина се почитува Законот за градба по однос на член 62-а- цитирам ” Надлежниот орган што го донел одобрението за градење е должен во рок од три дена од денот на донесувањето на одобрението за градење да ги извести непосредните соседи на градежната парцела за која се донесува одобрението,за издаденото одобрение за градење и дека во рок од 15 дена од денот на издавање на одобрението за градење можат да извршат увид во документација- завршен цитат.
Ова го прашуваат сите жители на ул. Пржино или ул. 679 за кои активно се собираат потписи од сите жители, а реагираат за неправилноста при давање на дозвола за градба за објект на КП 2074/2 КО Кисела Вода 1 на адреса Кара Трифун бр.14. Никој од непосредните соседи НЕМА добиено обавестување според член 62-а, а стариот објект е срушен за 1 ден и се работи интензивно.
Одговор:
Почитувани,
Овој Орган при издавање на одобренија за градење за предметните граджни парцели на територијата на Општина Кисела Вода постапува согласно одредбите од Законот за градење, Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање, како и општите и посебни услови од деталните урбанистички планови во чиј плански опфат е конкретната градежна парцела.
Ве известуваме дека овој Орган без исклучок постапува согласно со член 62-а од Законот за градење, односно во рок од три дена од денот на донесувањето на одобрението за градење ги известува непосредните соседи на градежната парцела за која се донесува одобрението, за издаденото одобрение за градење со напомена дека во рок од 15 дена од денот на издавањето на одобрението за градење можат да извршат увид во документацијата.
За градежните парцели предвидени на КП 2074/2, КО Кисела Вода 1 се поведени постапки за добивање на одобренија за градење но овој Орган се уште нема издадено одобренија за градење и затоа не бил во можност да постапи согласно со член 62-а од Законот за градење.
Кога ќе бидат издадени Одобренија за градење овој Орган ќе ги извести непосредните соседи на градежните парцели за издадените одобренија за градење со напомена дека во рок од 15 дена од денот на издавањето на одобрението за градење можат да извршат увид во документацијата.
Доколку пред добивање на правосилно одобрение за градење сопствениците на градежната парцела започнат или преземат градежни дејности истото треба да се пријави до Секторот за инспекциски работи во Општина Кисела Вода.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Борко Алексоски
Датум: 15.03.2018
Почитувани,
Станува збор за дел од ДУП на Кисела Вода Ј-20 – Блок 04.
Како што е категоризирано во ДУП, делот од улицата ‘’Димо Хаџи Димов” претставува ПРИСТАПНА УЛИЦА. Ве молам да ме информирате дали согласно нормираното во позитивните законски прописи на, вака категоризираната, ПРИСТАПНА улица е дозволено паркирање. Сакам да напоменам дека доколку се паркираат возила не можам непречено да излезам со возилото од мојот двор на ул. “Димо Хаџи Димов” бр. 80 А, односно кога се паркирани возила на пристапната улица морам да излегувам со моето возило, за кое паркинг ми е обезбеден во моето дворно место, враќајќи се наназад неколку десетици метри, а некогаш и повеќе – до главната улица претставува проблем посебно во денови на намалена видливост и ноќе. Во такви услови на движење наназад, може да биде загрозена безбедноста на имотите, па и на лицата кои ја користат пристапната улица за која не можам да преземам одговорност.
Уште еднаш Ве молам да ми одговорите дали на пристапна улица е дозволено паркирање и кои се моите права, со цел безбедно користење на пристапната улица.
Одговор:
Почитувани,
Согласно Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање за пристапна улица се дадени следните дефиниции и ограничувања:
-Член 61, став (5) – пристапната улица спаѓа во секундарна сообраќајна мрежа на улици;
-Член 63, став (8) – пристапна улица е некатегоризирана сообраќајна површина во ниво на тротоар која е наменета за директен пристап до внатрешните градежни парцели во блокот и ги поврзува истите со станбените и индустриските улици. Пристапната улица е наменета за движење на возила и пешаци со брзина до 30 км/час.
-Член 66, став (7) – минимална широчина на пристапна улица треба да е 5,50 м, односно став (11) – доколку постојат изградени објекти со намена домување во станбени куќи, поради кои не може да се реализира пристапна улица од став (7) од овој член,сообраќајницата која обезбедува колски пристап до градежните парцели со иста намена не треба да е помала од 3,5 метри.
Согласно Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање за дел од уличните мрежи (типови на сообраќајници) е дефинирано дека неможе да се врши паркирање на возила. За пристапната улица не е дефинирано дека не може да се паркираат возила. Ова значи дека со урбанистички план или урбанистичко планска документација или проект за инфраструктура може да се предвиди паркирање на пристапна улица.
Ве информираме дека согласно постојниот план на пристапната улица која ја посочувате во Вашиот допис нема предвидено паркирање на автомобили.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Оли Тутуревска
Почитувани,
Дел од населбата Пинтија веќе подолго време се соочува со проблемот немање на канализација. Куќите кои се на септички јами имаат проблем со чистење на истите, една од причините е немање на финасиски средства за редовно чистење, вториот фактор е немање можност за навремено обезбедување на цистерна со која се празнат јамите, немање пристап до јамите поради неасфалтирани улици, неодговорност и несовесност на сопствениците редовно да ги чистат јамите. При обилни врнежи јамите се излеваат во дворовите што представува огромна опасност по
здравјето на луѓето, а особено по здравјето на децата. Овие фекалии се наоѓаат на само 150-200 метри оддалеченост од основното училиште и градинка (децата газат по тие дворови и одат на училиште). Ќе ве молам за итно решавање на проблемот, односно да се започне со изгрдба на фекална канализација која е од витално значење за водење на нормален живот, што во 21 век не би требало да биде прашање кое треба да се решава повеќе од 10-15 години, во населба која е само 5 км оддалечена од центарот на градот. Верувам дека секој од нас би бил спремен да земе финансиско учество во форма на самопридонес доколку Општината понуди изградба на фекална канализација.
Одговор:
Почитувани,
Проблемот за изведба на фекална канализација во населбата Пинтија е поради непостоечка примарна колекторска мрежа по бул. Борис Трајковски, чија изградба е обврска на Град Скопје, а локалната самоуправа единствено може да изработи инфраструктурен проект за секундарна мрежа чија изведба ќе зависи од изградбата на колекторската мрежа. Во меѓувреме, за жал, ќе мора поредовно да се празнат септичките јами, а несовесните граѓани да се пријавуваат до комуналната инспекција.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Тони Цифровски
Почитувани г-дин Темелковски, градоначалник и почитувани советници на Општина Кисела Вода,
Заблагодарувајќи Ви се на вашата ценета помоѓпри донесувањето одлука за враќање на старотот стојалиште, принудени сме уште еднаш ИТНО да ви се обратимеи да Ве известиме и за најновата небулозна одлука на Град Скопје и ЈСП кои лицемерната одлука за враќање на последната автобуска станица на 16-ка во Пржино ја надополнија со новина таа да не е и почетна станица. Кому му треба автобус што не се знае кога ќе појде? Возачите се под закана со казна да не го почитуваат возниот ред за поаѓање од Пржино. Ве молиме да обрнете внимание кому му одговара тероризирањето ан жителите на двете населби (Пржино и Железара) со ваквата салонска одлука што може да ја донесе некој што никогаш не ги користел услугите на ЈСП Скопје.
Одговор:
Почитувани,
Како што и претходно баравме од Градот Скопје, како патрон на ЈСП Скопје, за враќање на последна постојка на автобуска линија 16, така и сега сме во интензивни преговори за решавање на проблемот, со напомена дека во секој случај некој нема да биде задоволен од решението, но се бара решение што ќе биде прифатливо и за ЈСП, но и за најголемиот дел од граѓаните, жители на населбата Пржино, што за нас како локална самоуправа претставува приоритет.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Марија Китановска
Ве молам за одговор.
Одговор:
Почитувани,
Во моментов трае постапка за избор на фирма изведувач за одржување и реконструкција на улици и по избор на истата ќе се пристапи кон реализација на планираните реконструкции и доколку финансиските можности тоа го дозволуваат, и споменатата улица ќе се земе предвид. Што се однесува до осветлувањето , во најскоро можно време ќе излезе екипа на терен и во зависност од потребите и техничките можности, ќе бидат поставени дополнителни светилки и заменети постоечките.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Тане
Почитувани,
Ве молам за одговор на две прашања.
Каде може да пријавам несовесни соседи, имено во станот над мојот, тропаат, викаат, пра ват врева… Тоа е непочитување на куќниот ред на зградата.
Дали Општината планира нешто за расчистување и урбанизирање на делот околу спортската сала Расадник? Има кал, грмушки, ѓубре, катастрофа е…
Одговор:
Почитувани,
Што се однесува до првиот проблем, бидејќи се работи за однос помеѓу физички лица, соседи, најдобро е да се обратите до претседателот на заедницата на станари или правно лице кое сте го избрале за одговорно за одржување на зградата, па доколку тие не можат да го решат проблемот, да се обратат до МВР, Сектор за одржување на јавен ред и мир, кои имаат обврска да реагираат. Што се однесува до вториот проблем, локалната самоуправа во моментов располага со мал број на човечки ресурси задолжени за хигиената кои за жал, иако вложуваат многу напор, не можат да постигнат одеднаш да ги исчистат сите јавни површини и сето она што за жал несовесните граѓани го оставаат зад себе, а бидејќи во поголемиот дел од населбата Расадник се раоти за имот во приватна сопственост или издаден на концесионери, обврската за одржување е нивна. Доколку имате сознанија за некој прекршител, Ве молиме да го пријавите на службите на Општина Кисела Вода, во Секторот за инспекциски работи.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Божанка Тишовска
Почитувани,
На патеката во Кисела Вода покрај пругата во делот пред амбулантата Пролече има бандера која во секој момент може да падне и да повреди некој од случајните минувачи кои се во голем број. Жиците од истата се многу наведнати.
Ве замолувам за брза интервенција за пред да настрада некој невин минувач, ова состојба е со веќе со месеци.
Ви благодарам.
Одговор:
Почитувани,
Во координација со Телеком, бидејки на дел од дрвените столбови покрај Трим патеката има и нивна мрежа, дел од столбовите беа санирани минатата недела, додека останатите во текот на вчерашниот ден. Беа поставени нови столбови и поставени нови светилки на истите. Инаку реконструкција на трим патеката е планирана во текот на годинава, со што ќе бидат санирани и останатите столбови од мрежата за улично осветлување.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Валкановска
Почитувани,
Сакам да го посочам проблемот со уличните кучиња кои шетаат низ Кисела Вода, а посебно спроти училиштето Кирил Пејчиновиќ каде секое утро се соочуваме со 3-4 улични кучиња кои цела година секој ден трчаат по минувачите. Дали мислите на некој начин да го решите овој проблем, пред да настрада некое дете на пат до училиште. Од страв да не ги нападне куче децата бегаат накај улицата, што е уште поопасно. Не знамее како да ги пуштиме децата сами со вакви проблеми за кои никој не реагира.
Ви благодарам.
Одговор:
Почитувани,
Сакаме да Ве известиме дека надлежна институција која врши собирање, чување и третирање на бездомни кучиња не е Општина Кисела Вода, туку ЈП “Вардариште“.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Младен Јакимовски
Почитувани,
Овој мејл ви го пишувам бидејќи сум загрижен жител на Општина Кисела Вода, т.е. жител на населбата Пржино. 20 години имаме проблем со собирањето на отпад од нашите улици бидејќи камионите немаат простор за слободно минување, но на 02.02.2018 год., на улица Пандо Кљашев карши број 70, почнаа да се изведуваат градежни работи. На тоа место нема ниту табла што ќе се гради, ниту пак кој прави градежни зафати. На овие улици едвај се разминуваме со нашите возила, а некој сега се дрзнал да гради, колку што соседите шпекулираат-ЗГРАДИ. Ве молам доколку имате информација со ова место кој сака да гради и што е планирано да се гради, бидејќи сите околни куќи имаме мали деца и живееме во мирна и тивка средина. Сакаме да бидеме известени бидејќи стравуваме за нашите деца дека нема да имаме никаква сигурност да ги пуштиме да си играат.
Ви благодарам.
Одговор:
Почитувани,
Овластениот градежен инспектор изврши увид на лице место на 19.02.2018година, на ул.Пандо Кљашев спроти број 70 на КП бр.2402/1 КО Кисела Вода 1 во Скопје и состави Записник за извршен инспекциски надзор, заведен под ип1бр.22-сл од 20.02.2018 година, каде е констатирано дека во моментот на увидот не се одвиваат градежни активности, извршено е расчистување на теренот за да се формира градилиште со поставување на заштитна ограда и информативна табла за изградба на станбени куќи А1 од II Категорија за кои Секторот за урбанизам и просторно планирање при Општина Кисела Вода, на инвеститорите Наташа Ѓоревска, Невенка Аџиевска и ДПУТ Хантерс ДООЕЛ сите од Скопје им издал Одобрение за градење уп.бр.13-378 од 26.01.2018година со правосилност од 05.02.2018година и Одобрение за градење уп.бр.13-379 од 29.01.2018година со правосилност од 05.02.2018година, додека Одобрението за градење уп.бр.13-377 од 25.01.2018година е се’ уште во постапка. Објектите се со катност приземје + 2 ката +поткровје.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Гоце Гиговски
Почитувани,
Ќе ве молам да ми одговорите кога ќе се почне со реконструкција на скаличките во Пржино бидејки тие беа дел од предизборната програма на градоначалникот
Ви благодарам.
Одговор:
Почитувани,
Оваа година ќе подготвиме проектно техничка документација каде ќе бидат опфатени скаличките во Пржино и Црниче и согласно финанската можност на Општината ќе ги ставиме во Програмата за 2019 год.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Македонка Лазареска
Почитувани,
Зошто не се изложени активните детални планови за општината, како и тие за јавна расправа, ако има такви?
Ви благодарам.
Одговор:
Почитувани,
Дел од урбанистичките планови кои се усвоени и се во важност можете да поледнете со повикување на следниот линк:
http://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/2018-01-11-12-47-13
Односно, на web страната на Општина Кисела Вода во модулот – Урбанистички планови – Дупови за градски четврти.
Останатиот дел од деталните урбанистички планови кои се во важност се во процес на обработка за да можат да бидат објавени на web страната.
Во однос на детални урбанистички планови изложени на јавна анкета и јавна презентација, Ве информираме дека во моментот нема такви планови, кога ќе има истите ќе бидат објавени во модулот – Актуелни објави – Изложени детални урбанистички планови на јавна анкета на web страната на Општина Кисела Вода.
Доколку сакате да направите увид во важечките детални урбанистички планови и урбанистичко планска документација и општи акти можете да се јавите во Секторот за урбанизам и просторно планирање, соба 2 во барака 3 во кругот на Општина Кисела Вода, секој вторник и петок од 12:00-15:00, а за деталните урбанистички планови кои се во постапка на донесување соба број 1 во истата барака и термин.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Миле Блажески
Почитувани,
На улица Саса 32 неколку месеци има прегорени улични светилки, за што веќе пријавивме. Ве молиме да преземете мерки што е можно побрзо.
Воедно, сакам да прашам кога ќе се продолжи со асфалтирање на наистата улица, Саса 32, која е во катастрофална состојба, а ги исполнува сите услови за асфалтирање-има водовод, канализација и првично поставен тампон.
Ви благодарам.
Одговор:
Почитувани,
Уличното осветлување тековно се одржува и овие дефекти кои Вие ги пријавувате ќе бидат сервисирани во текот на неделава. Што се однесува до улицата, предвидено е да се санираат уште 200м од неа и кон тоа ќе се пристапи веднаш штом биде избрана фирма изведувач за одржување на улици и крпење на ударни дупки, за што во моментов во Општина Кисела Вода тече постапка.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Билјана
Почитувани,
Како и многу други сограѓани, Ви се обраќам во врска со дислоцирањето на последната автобуска станица на автобус бр.16 во населба Пржино. Се надевам дека знаете за која улица зборувам и верувам дека знаете дека истата ја поставивте на угорница и на непрегледна кривина. Навистина не знам од кои причини е преместена автобуската постојка и не знам кој разумен се најде да ја премести. Ви се обраќам како загрижен граѓанин бидејќи сметам дека автобуската е на најнесоодветно место поставена и има ризик од незгода како за пешаците така и за возачите. Не помага ни споро возење, ни ништо, бидејќи е поставена на НЕПРЕГЛЕДНА КРИВИНА! Ве замолувам да одвоите време и да се обидете да се движите по улицата во услови кога е паркиран автобусот.
Исто така, штом може по желби на граѓани да се преместуваат автобуски, апелирам и БАРАМ да забраните паркирање на камиони по едносмерната улица Св. Наум Охридски бидејќи ниту има прегледност ниту може слбодно и безбедно да се движиме.
Се надевам ќе најдете разбирање и ќе превземете соодветни мерки!
Ако не сте во можност да реагирате дајте совет и насочете не каде да се обратиме за соодветно решение.
Одговор:
Почитувани,
Јавното Сообраќајно Претпријатие-Скопје е под ингеренции на Градот Скопје и надлежните се известени за проблемот и реакциите на граѓаните. Очекуваме да изнајдат решение.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Ацо Атанасовски
Датум: 06.02.2018
Почитувани,
- Зошто се’ уште нема улично осветлување на ул. Христо Татарчев, од потегот на, во изградба новиот кружен тек-маркет Жито, па до уличката 04, вклучувајќи ја и неа. Ова улично осветлување беше ускратено со одвивањето на работите околу проширувањето на посочениот дел и трае веќе долго време.
- Сакам да ви го посочам проблемот со узурпирањето на тротоарскиот простор пред ојектот Гет Кафе, кое се наоѓа наспроти училиштето Круме Кепески. Имено, тука се паркираат возила кои не оставаат ама баш никаков простор за поминување на пешаци, а да не зборувам за мајки со колички со мали деца. Принудени се да се симнат и да одат по улица, што е многу опасно. Мислам дека со мала инвестиција, со поставување на заштитни столпчиња, проблемот би можел да се реши.
Благодарам.
Одговор:
Почитувани,
За двата проблема кои се посочени во вашите прашања, Ве информираме дека е надлежен Градот Скопје, за што, од страна на Општина Кисела Вода се известени нивните служби и очекуваме тие да преземат мерки.
Уличното осветлување на потегот кој го посочивте е во проектот со изградбата на кружниот тек и ќе продолжи кога и изградбата на кружниот тек.
За паркираните возила на тротоарите од Град Скопје и сообраќајната полиција се побарани поредовни контроли и зачестени интервенции на пајак службата.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Оливера
Почитувани,
Ве молам за информација дали ќе ги асфалтирате дупките на улицата пред зградата “Вера Јоциќ” 19. Тоа е еднонасочна улица која ги спојува “Вера Јоциќ” и “Христо Татарчев”. Дупките се толку големи што со автомобил не можат да се избегнат. Зарем не е срамота на денешно време да возиме по такви улици и да ги кршиме автомобилите кои само ние знаеме како сме ги купиле?
Одговор:
Почитувани,
Во моментот тече постапка за избор на фирма изведувач за одржување на улици и крпење дупки и посочената улица е земена во предвид за крпење на дупките.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Добромир
Почитувани,
Дали може да проверите кој е надлежен да спроведе акција на расчистување на хаварисани возила од паркинзите на општината. На улица Пушкинова, посебно со изградбата на новата зграда, сеуште невселена, не може да се најде место по 21 часот, а верувам и во поголемиот дел на општината, а во исто време, барем неколку возила во невозна состојба не мрдаат со месеци и години.
Па затоа, од моето скромно знаење, се става лепенка на возилата со рок за отстранување, по што со пајак или шлеп служба се носат на отпад. По регистрација, МВР може да провери истечени регистрации.
Ве молам, иницирајте акција за добро на сите жители, по можност на територија на цела општина.
Ви Благодарам.
Одговор:
Почитувани,
Согласно членот 63 од Законот за безедност и сообраќај на патиштата, отстранувањето на хаварисани возила кои пречат на јавна површина е во надлежност на Министерството за внатрешни работи.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Александар
Почитувани,
Куќата во која живеам се наоѓа во нас. Пинтија, истата е легализирана согласно Законот за легализирање на бесправно изградени објекти и е запишана во јавната книга во Катастар за недвижност. Земјиштето на кое се наоѓа објектот не е легализирано, но се води постапка која сеуште трае ама не е спорна. Планирам да правам надградба, па ме интересира дали доколку земјиштето не е легализирано, можам да добијам одобрение за градење на надградба на постоен објект, само во висина пропишана со Закон за градење. При мое толкување на член 59 ѕ од Законот за градење, доаѓам до сознание дека можам да правам надградба, поради тоа што нема дополнително да зафаќам делови од земјиштето, значи не доградувам туку надградувам. Па ме интересира дали според моменталната ситуација можам да почнам со надградба (секако по поднесено барење, средување на проектна и друга документација итн.) или мора да чекам земјиштето за да легализира, па отпосле.
Ви Благодарам.
Одговор:
Прво мора да ја завршите постапката за легализација на постојниот објект, бидејки имотниот лист за објектот е неопходен за да се дозволи надградба на постоен објект.
По членот 59ѕ од Законот за градење се поставува, односно се дозволува надградба на постојни објекти, само врз основа на имотен лист за објектот кој се надградува, меѓута овој член не се применува во секој случај.
Во Вашиот случај бидејќи постои Детален урбанистички план за населба Пинтија може да се примени доколку ги исполнувате условите од став (2) алинеа 2 и 3 од членот 59ѕ од Законот за градење:
“(2) Постапката за надградба во случаите од ставот (1) на овој член се спроведува за постоен објект за индивидуално домување, кој е изграден со одобрение за градење или за истиот е донесено правосилно решение за утврдување на правен статус на бесправен објект, кој се наоѓа:
– надвор од плански опфат на урбанистички план односно урбанистичко-планска документација или
– во рамки на плански опфат на урбанистички план, односно урбанистичко-планска документација, а истиот не е вклопен во планот, односно планската документација или
– во рамки на плански опфат на урбанистички план односно урбанистичко-планска документација, истиот е вклопен во планот односно планската документација, а за кој објект не се утврдени дозволените максимални параметри по однос на висината (катови и метри) и бројот на станбени единици, кои можат да се утврдат за овој вид на објекти согласно стандардите и нормативите во Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање.”
За дополнителни информации јавете се во барака 3 во кругот на Општина Кисела Вода секој вторник и петок од 12:00-15:00 часот и со себе понесете основни информации за катастарската парцела – имотен лист или катастарска скица.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Ѓорѓи
Почитувани,
Пред 3 години Oпштината ни излезе во пресрет на нашето барање и ја поплочи со бекатон пешачката патека која ги поврзува улиците “Георги Димитров” и “Сава Ковачевиќ”. Патеката започнува помеѓу првиот влез на зградата бр. 21 на “Георги Димитров” и оградата на Домот за слепи лица. Истата е многу користена од жителите на овој дел од населбата, за пократко и побрзо пристигнување до автобуската станица на ЈСП кај бензинската пумпа на Макпетрол (на ул. “Сава Ковачевиќ”).
Но, таа е во функција само дење, додека е се уште видливо, но навечер, поради непостоење на нејзино осветлување треба многу храброст да се помине долж истата, уште повеќе и поради присуството на уличните кучиња и зависниците од наркотици по кои овој дел од населбата е познат.
Затоа, во ова мое обраќање, во името на сите корисници на патеката, Ве замолуваме под итно да превземете активност за нејзино осветлување, уште повеќе поради постоењето технички можности тоа да се изведе.
Срдечен поздрав.
Одговор:
Почитувани,
Сакаме да ве информираме дека Општина Кисела Вода ќе ја разгледа техничката можност за поставување на нови канделабри долж патеката и во најскоро време ќе се најде соодветно решение.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Миле
Почитувани,
Не знам дали ова прашање е во ваша надлежност, ако не е Ве молам посочете ми каде да се обратиме. На крстосницата меѓу ул. “Христо Татарчев” и ул. “Народни Херои”, поточно од семафорите кај кладилницата “Sport Life” до ООУ “Кирил Пејчиновиќ”, по реконструкцијата на улицата не е вклучено уличното осветлување. Па да Ве замолам ако може да се вклучи или ако Вие не сте надлежни посочете ни каде да се обратиме.
Одговор:
Почитувани,
Во насока на побрзо решавање на проблемот, Општина Кисела Вода се обрати до службите на Град Скопје бидејќи посочената локација е во нивна надлежност.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Јовица Настовски
Почитувани,
Каде да се обратам за оштетени бандери од улично осветлување во Пржино?
Поточно на ул.Пржино (последна 16) и на ул.Стрмашево (пред градинката) има бандери од кои е изваден капакот. Каблите со струја се гледаат и се дофат на деца.
Одговор:
Почитувани,
Ви благодариме за пријавата. Екипа од Општина Кисела Вода веднаш излезе на терен, изврши проверка и ја костатираше штетата која е направена. Сакаме да Ве информираме дека тековно се работи на решавањето на проблемите од оваа природа, не само на оваа локација туку и на секоја друга каде што се воочуваат.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Цвета
Почитувани,
Kога ќе се донесе ДУП за Блок Ј15.04?
Кога ќе се пробијат едносмерните, и онака тесни, улички на ул. Сава Ковачевиќ 22?
Одговор:
Почитувани,
Општина Кисела Вода ја започна постапката за изработка на Детален урбанистички план за блок Ј15.04 во рамки на Градската четврт Ј15. За истиот се изработува ажурирана подлога и се подготвува предлог планска документација. Планската документација за Предлог планот ќе биде изработена во согласност со Законот за просторно и урбанистичко планирање, Правилникот за поблиска содржина, размер и начин на графичка обработка на урбанистички планови и Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање.
Вашите дополнителни забелешки и сугестии ги очекуваме на јавната анкета и презентација за која граѓаните ќе бидат информирани во пишаните медиуми (дневни весници) и на web – страната на Општина Кисела Вода.
За подетални информации можете да се обратите секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот во просториите на Општина Кисела Вода, барака 3.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Александар
Почитувани,
Кога ќе го усвоите ДУП Ј- 14 , бидејќи уште малку ќе поминат две години од јавната расправа ?
Одговор:
Почитувани,
Предлог планот за Детален урбанистички план за Градска четврт Ј14 сеуште нема добиено согласности од сите релевантни институции.
По добивање на сите, со Законот за просторно планирање, утврдени согласности истиот ќе биде доставвен на усвојување до Советот на Општина Кисела Вода.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Методи
Почитувани,
Зошто ги немате објавено Програмите и Буџетот за 2018 година? Сакам да се информирам и запознаам со истите.
Одговор:
Почитувани,
И Програмата и Буџетот за 2018 година, на Општина Кисела Вода се јавно достапни на нашата веб страница во Службените гласници за 2017 година, кои се наоѓаат во одделот Документација.
Конкретно, Програмата се наоѓа во Службен гласник бр. 12, додека Буџетот е достапен во Службен гласник бр.14.
За полесно да пристапите до истите, ви го нудиме следниот линк:
http://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/dokumentacija/2012-11-08-11-54-39?id=1505
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Марија
Почитувани,
Се работи за населба Припор (потег од сивата зграда на American Construction до претпоследна 24 во Припор), изградени се нови згради односно 7 згради во кои живеат околу 400 семејства – претежно млади брачни парови со мали деца. Ве молиме сериозно да ја разгледате можноста да се направи парк – игралиште за деца. Со тоа ќе се инвестира во поквалитетен живот на овие семејства, како и атрактивност на пошироката локација.
Одговор:
Почитувани,
За Општината да може да планира изградба на парк и детско игралиште со претходно изработена проектно-техничка документација, потребно е да постои ДУП за Припор во кој точно ќе биде дефинирана локацијата со потребна намена. Бидејќи се работи за територија каде претежно се застапени индивидуални домови, а исто така и плацеви со приватна сопственост, без усвоен ДУП, не можеме да пристапиме кон планирање на простор за забава и рекреација.
Согласно ГУП-от на Град Скопје 2012-2022, градот е поделен на градски четврти кои се дефинирани со регулациони линии и за истите ќе се спроведат постапки за донесување на Детални урбанистички планови. Припор е застапен со две градски четврти Ј15 и Ј17.
Во подпрограмата (Ф1) урбанистичко планирање, приоритетна изработка на урбанистички планови и урбанистичко планирање за вклопување на бесправно изградени објекти од програмата (Ф) за урбано планирање на Општина Кисела Вода за 2014 година во Изработка на урбанистички планови во скратена постапка е вброена и изработката на Детален урбанистички план за реоните Ј15 и Ј17, односно реоните за кои Вие се информирате.
За подетални информации можете да се обратите секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот во просториите на Општина Кисела Вода, барака 3, соба 1.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Теодора Поповска
Почитувани,
Би ве замолила да информирате колку изнесуваат трошоците за комуналии за доградба (спрат/поткровје) во нас. 11 Октомври – бараки.
Одговор:
Почитувани,
Регулирањето на надоместок за уредување на градежно земјиште (Комуналии), за територијата за која прашувате, е во надлежност на Градот Скопје, односно, Секторот за Планирање и уредување на просторот, Одделение за планирање и уредување на просторот за уредување градежно земјиште и изградба на инфраструктурни и капитални објекти при истиот Орган.
Повеќе информации можете да добиете на web-страната на Град Скопје, односно за конкретната проблематика повикајте се на следниот link:
http://www.skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=292
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Александар Михајловски
Почитувани,
Кога ќе продолжи изградбата на зградата на улица “Виктор Иго”?
Веќе 12 години чекаме и сеуште немаме одговор.
Би ве замолил да ме известите дали има некаков напредок.
Одговор: Почитувани,
Ве известуваме дека за предметниот објект на ул.”Виктор Иго” има поднесено барање за легализација. За да Ви се дадат подетални информации ќе треба да доставите доказ дека сте странка во постапка или за информацијата да се обратите до Инвеститорот на објектот или сопствениците на земјиштето. За дополнителни информации може да се обратите до Секторот за урбанизам и просторно планирање, барака 3 во кругот на Општина Кисела Вода, секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Лули Датум: 27.12.2017 Прашање:Почитувани, Живеам на ул. “Христо Татарчев”. Кажете ми каде можам да се обратам во врска со добивање на канти за отпад и клупи за пред зграда? Одговор: Почитувани, Обратете се во месната канцеларија на Општина Кисела Вода на која припаѓате. Со почит, Општина Кисела Вода |
Име и Презиме: Благоја Блажев Датум: 27.12.2017 Прашање:Почитувани, Ве молам да ме известите каде може да го најдам актуелниот правилник за висина на комуналии на различни видови градежни објекти и простории со различна намена во нив, според кој се пресметуваат истите при издавање на одобрение за градење на територијата на општина Кисела Вода. Каде е објавен тој правилник? Со почит и благодарам на одговорот. Одговор: Почитувани, Бараните информации можете да ги најдете во Правилникот за комуналии, Службен весник, стр. 4-бр.193 од 18 октомври 2016 година. Со почит, Општина Кисела Вода |
Име и Презиме: Петре Домазетов
Датум: 18.12.2017 Прашање:Почитувани,
Одговор: Почитувани, Ве известуваме дека Секторот за урбанизам и просторно планирање може да врши пребарување во регистерот на издадени одобренија за градење и решенија за објекти за кои не е потребано одобрение за градење (како што е и поставување на ограда на градежна парцела) по управен број или по име на Инвеститор. Доколку сакате да ја добиете бараната информација би требало да ни дадете една од горенаведените информации или да доставите пријава до Секторот за инспекциски работи како би излегле на терен и би ја увиделе фактичката состојба и службено би ги прибавиле сите податоци од Вашиот сосед околу изградената ограда. Со почит, Општина Кисела Вода
|
Име и Презиме: Соња Трајковска
Датум: 21.08.2017 Прашање: Почитувани, Ве молам да ми одговорите:Во зграда во Општина Кисела Вода од трето лице се затвораат функционални прозори од станбена единица.Дали е тоа согласно закон? Со почит Одговор: Почитувани, Бидејќи не е доволно јасно каква градежна активност е преземена Ве покануваме да се јавите во Секторот за урбанизам и просторно планирање секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот да ни го дообјасните прашањето како би можеле да Ви дадеме одговор дали за истото може или не да се добие Одобрение за градење. Со почит,
Општина Кисела Вода Име и Презиме: Ирена Датум: 15.08.2017 Прашање: Почитувани, Кога ќе поставите осветлување во паркот Пушкин? Со почит. Одговор: Почитувана, Во текот на утрешниот ден ќе започнат работни активности за замена на сите светилки во паркот Пушкин. Проблемот за кој ни пишувате утре ќе биде отстранет. Со почит,
Општина Кисела Вода Име и Презиме: Монт
Датум: 11.08.2017 Прашање: Почитувани, Би сакале да Ве замолиме да не информирате по кој правен основ лицето ………. со стан на ул. Серска бр. …, населба Црниче – Кисела Вода му се дозволува да го узурпира тротоарот пред неговиот стамбен објект на споменатата адреса. Погоре цитираното лице за свои лични потреби целосно го сруши предходниот тротоар заедно со асфалтот на него, ја промени целосно неговата нивелација и висина, поплочувајќи го со камени плочи како и останатиот дел од неговото дворно место . На крај го вклопи во една целина со неговата градежна парцела не водејќи воопшто сметка дека законодавецот има потпишано кој е овластен да презема градежни активноти со реконструкција и изградба на тротоари. Посоченото лице од необјасниви причини целосно го има присвоено во лично владение она што треба да служи како јавно добро во општа употреба. Во интерес на сите граѓани кои секојдневно ја користат наведената улица и нивна лична безебедност се надеваме дека Вашите надлежни служби ќе ја утврдат фактичката сосотојба на лице место и согласно важечката законска регулатива и прописи ќе преземат соодветни мерки против ваквото неодговорно однесување на посоченото лице. Со почит Одговор: Почитуван, Нашите инспектори излегоа на терен и при увидот на улицата која ни ја наведовте не утврдија никакви дејствија кои се спротивни на Законот за јавна чистота и Законот за комунални дејности. Доколку сметате дека Ви е нарушено правото на владение и Ви е нанесена штета проблемот со Вашиот сосед можете да се обидете да го решите по судски пат. Со почит, Општина Кисела Вода Име и Презиме: Марга
Датум: 04.08.2017 Прашање: Ве молам да превземете соодветни мерки и санкции најбрзо што можете, за начинот на рушење за започната, а недовршена зграда на ул.Киро Крстевски.Зградата се наога веднаш под школото Партенија Зографски во Кисела Вода. За време на рушењето прават толку големи потреси на земјиштето да во сите околни згради се чуствуваат мали и поголеми потреси и земјотреси. Чуството е исто како кога има земјотрес.И кој ке одговара во случај за настанатите последици и трауми на луѓето додека се сруши целата зграда. Однапред ви благодарам и се надевам на ваша брза реакција. Поздрав! Одговор: Почитувана, Веднаш по добивањето на вашата пријава до нас, градежните активности на зградата на ул. “Киро Крстевски“ се запрени се додека изведувачите на истите не добијат одобрение, т.е правосилно решение. Со почит, Општина Кисела Вод Име и Презиме: Анета Датум: 04.08.2017 Прашање: Почитувани, Сакам да прашам дали имате намера да го поправите уличното осветлување на ул.Малешевска 1 Одговор: Почитувана, Вчера на улицата Малешевска, започнаа работни активности за отстранување на проблемот за кој ни напишавте. На дел од ул. Малешевска вчера е решен проблемот со осветлувањето, а во текот на денешниот ден работните активности ќе продолжат, се со цел за целосно отстранување на проблемот. Со почит, Општина Кисела Вода Име и Презиме: Биљана Датум: 12.06.2017 Прашање: Почитувани, Mе интересира дали ќе превземете некоја мерка во врска со Пиљариите на Рампа и маркетот спроти економското училиште, кои се излезени скоро на улица. Узурпираат простор кој е наменет за пешаци! Дали ова ке го санкционирате или ќе затварате очи? Секое добро. Одговор: Почитувана, Во однос на правните субјекти наведени во вашата пријава. Ве известуваме дека истите поднесуваат барање за вршење на дејност пред деловен објект и согласно нивното барање добиваат одобрение од секторот за планирање и уредување на просторот на град Скопје. Согласно горенаведеното за проблемот наведен во Вашето барање потребно е да се обратите во град Скопје ул. Илинденска бр. 82 (Сектор за планирање и уредување на просторот или Сектор за инспекциски работи на град Скопје кој врши инспекциска контрола над одобренијата). Со почит, Општина Кисела Вода Име и Презиме: Ребека Андреева Датум: 07.06.2017 Прашање: Добар ден почитувани, ќе ве молам за информација дали и оваа година ќе продолжи праксата талентираните и наградувани деца од општински, регионални и државни натпревари да аплицираат во вашата општина, и доколку постои таква можност кога би требало да се случи истото. Одговор: Почитувана, Конкуросот за наградување на талентирани ученици е доставен до училиштата, дадени се насоки по кој треба да се постапи, и доколку се работи за наш ученик обратете се до класниот раководител за да види дали ги исполнувате критериумите. Училиштето има рок за поднесување до утре 09.06.2017.
Со почит,
Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Кристина Трајчевска Датум: 08.03.2017 Прашање: Почитувани, Ве молам за информација имам поднесено барање за градба преку фирмата СИЛМАР – ИНЖИНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје за градежна парцела бр.2116/10 па не знам до каде е постапката? дали и кога ќе ми биде издадена дозвола. Ова го правам зошто од фирмата ме влечкаат подолг временски период дека постапката е при крај. Однапред благодарна Кристина Трајчевска Одговор: Почитувани, Неможе да даваме одговор за тековн предмет за добивање на одобрение за градење на овој начин. Ве повикуваме да се јавите до Секторот за урбанизам и просторно планирање со доказ дека сте странка во постапка (имотен лист со запишана сопственот) секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот, барака 3 во кругот на Општина Кисела Вода. Со почит, Општина Кисела Вода Име и Презиме: Слободан Датум: 07.03.2017 Прашање: Почитувани, Ве молам за информација до каде е изработката на Детален Урбанистички План за дел од реон Ј, четврт Ј 20 , блок Ј 20.03 ??? Веќе седум (7) години покушавам да се промени урбанистичкиот план за блок Ј 20.03, но никако тоа да се промени. Се нешто се образложуваше дека некој друг е крив за да се промени урбанистичкиот план , се додека не се кажа дека ќе се изработува нов Детален Урбанистички План . Но и самата изработка на новиот Детален Урбанистички План за четврт Ј 20 нешто споро се одвива. Ве молам информација кога може да очекуваме тоа да се заврши и кога би се објавило за увид на истото. Ви благодарам однапред. Поздрав, Слободан Одговор: Почитувани, Општина Кисела Вода ја започна постапката за изработка на Детален урбанистички план за блок Ј20.03, планот во моментот е на разгледување кај Комисијата за урбанизам и се постапува по забелешките од истата. Штом се изработи конечна верзија од предлог планот за истиот ќе биде спроведена јавна анкета и презентација, за што ќе бидете информирани преку дневниот печат и web-страната на Општина Кисела Вода. За подетални информации можете да се јавите во Секторот за урбанизам и просторно планирање, соба 6, барака 3, во кругот на Општина Кисела Вода, секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот. Со почит, Општина Кисела Вода Име и Презиме: Марјан Трајковски Датум: 06.03.2017 Прашање: Почитувани, Која е постапката во однос на обврските кон општината, доколку сакам да извршам реновирање во стан во колективна зграда (приватна сопственост) со внатрешни градежни интеревеции – рушење, дали и кој треба да одобри. Треба ли да се поднесе барање за одржливост на градба? Одговор: Почитувани, За внатрешно уредување на станбена единица не треба да се бара одобрение за градење согласно Законот за градење. Ви напоменуваме дека треба да ги проверите обврските согласно Законот за домување. Со почит, Општина Кисела Вода Име и Презиме: Јана Датум: 06.03.2017 Прашање: Почитувани, Сопственик сум на стан кој е на исто ниво со заедничка тераса на сите станари во зградата. Би сакала да отворам врата во мојот стан од која директно би излегувала на терасата. Прашањето ми е дали треба да барам некаква дозвола од Вас за овој зафат или само од станарите? Поздрав Одговор: Почитувани, Сопственикот на посебен дел од објект, стан или дел од стан за адаптација потребно е до надлежниот орган да достави барање за одобрение за пренамена при што со барањето поднесува: – доказ за правото на сопственост на посебниот дел од објектот, односно станот или делот од стан, – согласност на мнозинството сопственици на становите во влезот на зградата, – основен проект за предвидената пренамена, адаптација со пренамена или за реконструкција со пренамена, со извршена ревизија, во два примероци, – извод од урбанистички план. Барањето за пренамена се поднесува по електронски пат преку системот е-Одобрение за градење. https://www.gradezna-dozvola.mk/Account/Login?ReturnUrl=%2f Со почит, Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Дејан Галевски Датум: 05.03.2017 Прашање: Почитувани, Ќе Ве молам да ми одговорите кога ќе биде донесен ДУП за реон Ј16. Согласно ГУП низ мојата парцела поминува булевар со тоа што на останатиот дел е предвидено за станбено домување за парцела број 3647. Ќе ве молам за информација за останатиот дел на кое е планирано стамбено домување, дали може да се град? Со почит. Одговор: Почитувани, Предлог планот за реон Ј, четврт Ј16 согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, Правилникот за поблиска содржина, размер и начин на графичка обработка на урбанистички планови, Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање и Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 година е во фаза на изработка по приватна иницијатива. Вашите забелешки и сугестии ги очекуваме на јавната анкета и презентација за која граѓаните ќе бидат информирани во пишаните медиуми (дневни весници) и на web – страната на Општина Кисела Вода. Пред донесување на детален урбанистички план во оваа зона неможат да бидат издадени одобренија за градење, а типот на објекти за домување кои ќе се градат во рамки на планскиот опфат на ДУП Ј16 ќе биде дефиниран со планската документација. За подетални информации можете да се обратите секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот во просториите на Општина Кисела Вода, барака 3, соба 1. Со почит, Општина Кисела Вода Име и Презиме: Драган Датум: 12.02.2017 Прашање:Почитувани Кога ќе се донесе ДУП за Ј20 блок 04? Одговор: Почитувани, Ве информираме дека постапката за донесување на Деталниот урбанистички план за реон Ј, четврт Ј20 Блок 04 согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање Правилникот за поблиска содржина, размер и начин на графичка обработка на урбанистички планови, Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање и Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 година е во фаза на изработка. Планот сеуште нема добиено согласности од сите релевантни институции. По добивање на сите согласности истиот ќе биде доставвен на усвојување од страна на Советот на Општина Кисела Вода. По усвојувањето на деталниот план од Советот истиот ќе стапи на сила и граѓаните ќе можат да вадат Изводи од план за истиот. Со почит, Општина Кисела Вода Име и Презиме: Филимена Датум: 08.02.2017 Прашање: Почитувани, Каде треба да се обратам за дополнување на документацијата за легализација на дивоградба, имам поднесено барање во 2011, но го имам изгубено бројчето и дали новиот рок до март важи и за оние кои имаат поднесено барање во 2011 година? Ви благодарам Одговор: Почитувани, Треба да си поднесете писмено барање во архивата на Општина Кисела Вода за информација до Одделението за легализација во кој ќе ја образложите својата ситуација и ќе дадете копија од лична карата и информации за објектот кој е предмет на легализација – адреса и катастарска парцела. По ова службите ќе направат увид во регистарот за легализација и ќе Ви ја достават бараната информација. Со почит, Општина Кисела Вода Име и Презиме: Милош Датум: 07.02.2017 Прашање: Почитувани, Купив стан на Ѓорѓи Димитров 52/2 зад зградата има паркинг простор кои дел од комшиите го имаат оградено со спречувачи за паркирање односно така наречени жабици. Би сакал да ве прасашам дали има можност да отуѓам односно да купам паркинг место од паркингот кое би било мое. Одговор: Почитувани, Доколку се работи за земјиште во приватна сопственост овој Орган неможе да одлучува за истото, се однесува на случајот доколку ограденото земјиште е во приватна сопственост. Доколку земјиштето е бесправно оградено истото треба да се пријави во градежна инспекција во Општината. Бидејки се потребни дополнителни информации, Ве замолуваме со имотниот лист да се јавите во Секторот за урбанизам и просторно планирање, барака 3, во кругот на Општина Кисела Вода, секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот. Со почит, Општина Кисела Вода Име и Презиме: Ацо Датум: 18.01.2017 Прашање: Почитувани, Каде може да се пријави сосед кој го загадува целото маало со тоа што согорува иверици во боја? Одговор: Почитувани, Проблемот може да го пријавите во Општина Кисела Вода – Сектор за инспекциски работи – овластен инспектор за животна средина. Со почит, Општина Кисела Вода Име и Презиме: Виктор Датум: 27.12.2016 Прашање: Почитувани, Ве молам за информација до каде е изработката на Детален Урбанистички План – Ј15.01? Информацијата ми е потребна за изграбда на спрат бидејќи самата куќа се води како една парцела, а влезот и терасата, кои се доградувани, на друга. Доколку се гради спрат, со сегашната ситуација не смеам да ги поминам рамките на куќата и да се дојде врз другата парцела. Постапка за легализација на земјиштето е поднесена меѓутоа се чека ДУП-от. Ви благодарам однапред. Одговор: Почитувани, Општина Кисела Вода ја започна постапката за изработка на Детален урбанистички план за блок Ј15.01 во рамки на Градската четврт Ј15. За истиот се изработува ажурирана подлога и се подготвува предлог планска документација. Планската документација за Предлог планот ќе биде изработена во согласност со Законот за просторно и урбанистичко планирање, Правилникот за поблиска содржина, размер и начин на графичка обработка на урбанистички планови и Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање. Вашите дополнителни забелешки и сугестии ги очекуваме на јавната анкета и презентација за која граѓаните ќе бидат информирани во пишаните медиуми (дневни весници) и на web – страната на Општина Кисела Вода За подетални информации можете да се обратите секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот во просториите на Општина Кисела Вода, барака 3. Со почит, Општина Кисела Вода Име и Презиме: Жарко Датум: 12.12.2016 Прашање: Почитувани, Ме интересира број на популацијата во месноста Драчево, се работи за статистичка цел при спроведување на анкета? Одговор: Почитувани, Бројот на популација во месноста Драчево изнесува околу 30 илјади жители. Со почит, Општина Кисела Вода Име и Презиме: Јана Датум: 09.12.2016 Прашање: Почитувани, Ве молам каде да се обратам, на комшиите над мене веќе година ипол им тече водоводна цефка, покрај сите молби не превземаат ништо. Дали има начин да се примораат да ја поправат, јас неможам веќе да ја трпам штетата, Ви благодарам. Одговор: Почитувани, Во врска со вашето прашање Ве известуваме дека за решавање на наведениот проблем треба да се обратите до надлежен суд. Со почит, Општина Кисела Вода Име и Презиме: Влатко Датум: 09.12.2016 Прашање: Почитувани, Како може да се одземе корисничко право на улица? Според ДУП – от ова е обележано како улица меѓутоа во катастар има кориснички права, улицата е споредна и не е сфалтирана, но од неа се пристапува на многу имоти. Доколку се дозволи улицата или дел од неа да се приватизира во тој случај ќе се оневозможи пристапот до овие имоти. Поради ова, Ве молам како може да се покрене процедура за бришење на кориснички права. Одговор: Почитувани, За одземање на кориснички права треба да се обратите до Агенцијата за катастар на недвижности. Со почит, Општина Кисела Вода Име и Презиме: Марјан Трајковски Датум: 06.12.2016 Прашање: Почитувани, Колку е рокот за изведба на идивидуален објект, дали се смета од денот на добивање на градежна дозвола и дали се определуваат санкции доколку е пробиен рокот за комплетна изведба? Одговор: Почитувани, Согласно Законот за градење („Службен весник на Република Македонија“ бр. 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14,115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15, 226/15, 39/2016, 71/2016 и 132/2016): – Инвеститорот може да ја започне градбата, откако одобрението ќе стане правосилно во управната постапка. – Одобрението престанува да важи доколку инвеститорот не почне со изградба во рок од две години од денот на правосилноста на одобрението за градење, согласно член 66 од Законот за градење. – Инвеститорот е должен писмено да го пријави започнувањето на изградбата до надлежниот орган од членот 58 од Законот за градење, градежната инспекција и инспекцијата на трудот, пред започнувањето на изградбата. – Доколку градбата отпочнала да се гради по истекот на рокот од две години од денот на правосилноста на одобрението, се смета дека градењето е бесправно. – Инвеститорот е должен да го изгради објектот во рок од 10 години од денот кога писмено го пријавил започнувањето на изградбата до надлежниот орган. Со почит, Општина Кисела Вода Име и Презиме: Јулијана Датум: 05.12.2016 Прашање: Почитувани, Ме интересира дали е дозволено да се ограничи/забрани пристапот до влезот на зградата со поставување на ивичњаци, рампа, односно жица од страна на таканаречениот сопственик на земјиштето. Поздрав Одговор: Почитувани, Сопственик на градежна парцела може да ја огради истата по претходно добиено Решение за поставување на ограда од Општината. За изградба на ограда потребно е да се достави следната документација: – основен проект – фаза архитектура, а доколку е предвидено оградата да има електрични инсталации и фаза електрика; – извод од урбанистичко-планската документација (детален урбанистички план, урбанистички план за село, урбанистички план за вон населено место, држав-на урбанистичка планска документација или локална урбанистичка планска документација) за градежната парцела на која ќе се гради оградата; – геодетски елаборат за нумерички податоци изра-ботен согласно изводот од урбанистичко-планската документација и – доказ за право на градење согласно Законот за градење. Во конкретниот случај доколку за објект е издадено одобрение за градба на колективна зграда за да било кој од сопствениците изгради било каков помошен објект или да направи оградување на дел или постави било каква опрема, за да добие Решение од Општината треба да има треба да има 51% согласност од станарите во станбената единица. Доколку нешто е веќе изведено на лице место истото треба да се пријави во Секторот за инспекциски работи на Општина Кисела Вода. Со почит, Општина Кисела Вода Име и Презиме: Александар Датум: 05.12.2016 Прашање: Почитувани, Барам објаснување како е можно градежна парцела од 140 м2 да има површина за градба од 98 м2 а градежни парцели во непосредна околина кои се поголеми од 200-250 м2 да имат површина за градба од 82-89 м2. По кои критериуми се правени овие урбанитички планови? Како може да се направи измена во тие планови и да се направи увид како е одлучено да може на тој блок парцели да има многу погелеми површини за градба кога сите парцели се помали од околкните парцели кои пак има многу помали површини за градење? Одговор: Почитувани, За увид во планската документација на Деталените планланови на подрачјето на Општина Кисела Вода можете да се јавите во Секторот за урбанизам и просторно планирање, соба 2, барака 3, во кругот на Општина Кисела Вода, секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот. Со почит , Општина Кисела Вода Име и Презиме: Биљана Датум: 28.11.2016 Прашање: Почитувани, Ве молам за информација дали за одобрение за градење за Станбена куќа до 300м2 Одговор: Почитувани, Согласно член 4-а од Законот за градење („Службен весник на Република Македонија“ бр. 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14,115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15, 226/15, 39/2016, 71/2016 и 132/2016) потребно е да се обезбеди позитивно мислење за проектираниот и изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сезимичка заштита на градбата, од страна на субјект кој врши научноистражувачка дејност – научен институт специјализиран во областа на заштита на градби од сеизмички влијанија за сите објекти без разлика на нивната намена и изградена површина. Со почит, Општина Кисела Вода Име и Презиме: М.Лазаревска Датум: 25.11.2016 Прашање: Почитувани, На вашата Е-страница, исложен е ДУП за Реон Ј, градска четврт Ј13, кој не соодветствува со тој кој го применува општината. И зошто е разликата во содржината помеѓу првиот ДУП, кој беше на јавна расправа и за кој граганите не беа информирани и вториот ДУП кој е во примена. Одговор: Почитувани, Ве информираме дека на web-страната сте го погледале планот кој бил изложен на јавна анкета и во однос на него се направени измени како резултат на барања на граѓаните и надлежните институции. Усвоениот детален урбанистички план за Реон Ј, Четврт Ј13 можете да го погледнете на web страната на Општина Кисела Вода односно да го посетите Општинскиот ГИС портал на кој можете да најдете податоци за деталниот урбанистички план. За увид во планската документација на горенаведениот Детален план можете да се јавите во Секторот за урбанизам и просторно планирање, соба 2, барака 3, во кругот на Општина Кисела Вода, секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот. Со почит, Општина Кисела Вода Име и Презиме: Марија Датум: 24.11.2016 Прашање: Почитувани, Може ли да ми кажете кога ќе биде донесен ДУП за бул. Борис Трајковски бр.13 Д Скопје ? Однапред Благодарам Одговор: Почитувани, Предлог планот за реон ЈИ, четврт ЈИ08 е во процес на изработка на проектна документација согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, Правилникот за поблиска содржина, размер и начин на графичка обработка на урбанистички планови, Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање и Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 година е во фаза на изработка. Вашите забелешки и сугестии ги очекуваме на јавната анкета и презентација за која граѓаните ќе бидат информирани во пишаните медиуми (дневни весници) и на web – страната на Општина Кисела Вода. За подетални информации можете да се обратите секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот во просториите на Општина Кисела Вода, барака 3, соба 1 или соба 6. Со почит, 0пштина Кисела Вода Име и Презиме: Горан Датум: 16.11.2016 Прашање: Почитувани, Ве молам да ми кажете кои се цените за комуналии за А2 – колективно семејно домување, објекти за комерцијална намена и цена на комуналии за деловни објекти – дуќани или дајте ми комплетен ценовник. Со почит, Горан Одговор: Почитувани, Регулирањето на надоместок за уредување на градежно земјиште (Комуналии), е во надлежност на Градот Скопје, односно, Секторот за Планирање и уредување на просторот, Одделение за планирање и уредување на просторот за уредување градежно земјиште и изградба на инфраструктурни и капитални објекти при истиот орган. Повеќе информации можете да добиете на web-страната на Град Скопје, односно за конкретната проблематика повикајте се на следниот link: http://www.skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=292 Со почит, општина Кисела Вода Име и Презиме: Ана Југрева Датум: 10.11.2016 Прашање: Почитувани, Не знам како да стапам во контакт со градоначалничката Беличанец, но ќе се обидам прво тука Јас живеам на ул. Пушкинова и секој ден до работа (во Карпош) одам со точак. Цело семејство одиме пешки на работа, но за жал нашата населба Кисела Вода е една од најлошите населби за пешаци и велосипедисти. Одењето по троторари се сведува на симнување од тротоарот поради коли паркирани на тротоарот, и тоа се случува секојдневно, не станува збор за инцидентни случаи. Пајак службите во овој реон очигледно воопшто не поминуваат бидејќи проблемот станува посериозен. Имам пријателка што со количка со бебе секојдневно ми кажува како се спушта на улица поради паркираните коли. Јас лично имам два пати завршувано во градска болница, од што заобиколувајќи кола на тротоар ми имаат отворено врата од кола и имам паднато од точак и завршено со удар на глава и посекотини по рацете. Апелирам до градоначалничката, и до самостојната управа на Кисела Вода да се преземат мерки и да се следи примерот од ул Партизанска, и општина Аеродром, каде што долж улиците се поставени заштитни столбичиња и конечно несреќите на пешаците и велосипедистите во тие реони се намалени. Поставувањето заштитни столбчиња во нашата населба каде што се најпотребни – во реонот од општината Кисела Вода до Рампа, е акција што верувам дека нема да одземе големи финансиски ресурси, а е неопходна за безбедноста на оние што придонесуваат за незагадувањето на нашиот град. За жал, излегува дека оние што се посвесни и на ладно, и на дожд што се движат пешки или на точак, и оние не можат да си дозволат кола се тие што се изложени на најмногу ризик од повреди и секојдневно онеспособено движење по патеките наменети за пешаци. Се надевам дека мојот апел и молба ќе наидат на разбирање и преземање активни мерки, за и нашата населба да биде пример како општините Центар, Карпош и Аеродром. Со почит, Ана Југрева п.с. Имам слики од колите паркирани во реонот од Алфа Банка на ул. Борис Трајковски, се’ до Рампа, но не гледам опција тука за прикачување инаку ќе ви ги пратев. Одговор: Почитувани, Ве известуваме дека со реализација на проектот„СКОПЈЕ ВЕЛОСИПЕД 2017“кој е проект од страна на Градот Скопје рута 3 Кисела Вода ќе овозможи заштита на велосипедските патеки од паркирање на моторни возила. Со почит, општина Кисела Вода Име и Презиме: Силвана Датум: 07 .11.2016 Прашање: Почитувани, Може ли да ми кажете кога ќе биде донесен ДУП за ул. Востаничка бр.30 Скопје ? Одговор: Почитувани, Предлог планот за реон Ј, четврт Ј20, блок Ј20.02 е во процес на изработка на проектна документација согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, Правилникот за поблиска содржина, размер и начин на графичка обработка на урбанистички планови, Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање и Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 година е во фаза на изработка. Вашите забелешки и сугестии ги очекуваме на јавната анкета и презентација за која граѓаните ќе бидат информирани во пишаните медиуми (дневни весници) и на web – страната на Општина Кисела Вода. За подетални информации можете да се обратите секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот во просториите на Општина Кисела Вода, барака 3, соба 1 или соба 6. Со почит, општина Кисела Вода Име и Презиме: Јане Датум: 02.11.2016 Прашање: Почитувани, Да прашам кои документи требаат и колку треба да се плати и на која сметка за вадење на извод од детален урбанистички план? Одговор: Почитувани, Во архивата на Општина Кисела Вода треба да поднесете барање за извод од план. Во прилог кон барањето треба да се достави: -Копија од катастарски план -Копија од имотен (поседовен) лист -Уплатница во вредност од 250 денари на трезорска сметка -За подигање на извод се врши доплата од 300,00 или 550,00 денари, во зависност од категоријата и габаритот на објектот. *Сметката на која треба да се уплати можете да ја погледнете со повикување на следниот link: http://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/2012-11-08-11-56-49 Со почит, општина Кисела Вода Име и Презиме: Нешо Датум: 02.11.2016 Прашање: Почитувани, Дали би можеле да ми кажете кога ќе биде правосилен ДУП- от за Расадник позади Тинекс, мислам дека беше донесен летово, но поради отсуство од државава немам некој посериозни информации освен тоа дека е донесен ДУП-от, но дека не е правосилен. Дали може да ми кажете кога ќе биде правосилен или колку е законскиот рок за да стане правосилен. Одговор: Почитувани, Ве информираме дека постапката за донесување на Деталниот урбанистички план за реон Ј, четврт Ј14 (локалитет Расадник, југоисточна изндустриска зона Кисела Вода и локалитет МЗ 70 Кисела Вода – 3, плански опфат помеѓу: улица “Првомајска”, булевар “Србија”, улица “Сава Ковачевиќ” и улица “Народни Херои”), согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање Правилникот за поблиска содржина, размер и начин на графичка обработка на урбанистички планови, Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање и Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 година е во фаза на изработка. Планот сеуште нема добиено согласности од сите релевантни институции. По добивање на сите согласности истиот ќе биде доставвен на усвојување од страна на Советот на Општина Кисела Вода. По усвојувањето на деталниот план од Советот истиот ќе стапи на сила и граѓаните ќе можат да вадат Изводи од план за истиот. Со почит, општина Кисела Вода Име и Презиме: Петар Датум: 25.10.2016 Прашање: Почитувани, Ме интересира да ве прашам дали е дозволено самоволно поставување на легнати полицајци од земја од страна да одредени граѓани на улица ? Одговор: Почитувани, Општината не издава одобрение/решение за поставување на сообраќајнба сигнализација. За подетални информации обратете се до Град Скопје. Со почит, општина Кисела Вода Име и Презиме: Валентина Датум: 27.10.2016 Прашање:Ме интересира кој издава дозвола за поставување висечка реклама-банер и која е процедурата. Одговор: Почитувани, Барањето за поставување на рекламни и информативни паноа кои се поставуваат на објекти се поднесува преку електронскиот систем е-одобрение за градење (барање за решение за изведување на градбите од-носно поставување на опремата за кои не е потребно одобрение за градење) и кон барањето согласно Правилникот за формата и содржината на барањето, потребната документација и образецот на решението за изведување на градбите односно поставување на опремата за кои не е потребно одобрение за градење Член 11, треба да се достават следните документи: За поставување на рекламни и информативни паноа кои се поставуваат на објекти потребно е да се достави следната документација: – основен проект – фаза статитка; – извод од урбанистичко-планската документација (детален урбанистички план, урбанистички план за село, урбанистички план за вон населено место, држав-на урбанистичка планска документација или локална урбанистичка планска документација) со кој се пот-врдува објектот на кој треба да се постави рекламно пано; – договор со заедницата на сопственици на посебни делови на објектот или писмена согласност од мно-зинството сопственици на посебните делови од објек-тот кои претставуваат повеќе од половината од вкупна-та површина на објектот, доколку паноата се поставу-ваат на зграда во етажна сопственост односно има писмена согласност од сопственикот/сопствениците доколку се поставуваат на индивидуален објект и – согласност од Агенција за цивилно воздухоплов-ство за паноата чија височина надминува шест метри од највисоката точка на објектот кој треба да се поста-ват. Со почит, општина Кисела Вода Име и Презиме: Александра Датум: 27.10.2016 Прашање: Почитувани, Не знам дали се обраќам на вистинското место за да добијам информација за еднократна парична помош од државата за новороденче,дали станува збор за првородено или може и за второродено. Ме интересира кои документи се потребни да се приложат и каде поточно треба да се достават ? Одговор: Почитувана, Условите за потребната документација Ви се достапни на следниот линк:
Име и Презиме: Весна Гаврилоска Датум: 04.10.2016 Прашање: Почитувани, Ве молам за информација: Под кои услови ученици од основно образование може да користат бесплатен автобуски превоз, која документација е потребна и каде се поднесува? Однапред Ви благодарам. Одговор: Почитувана, Ученикот има право на бесплатен превоз ако местото на живеење е оддалечено најмалку два километри од најблиското основно училиште. Со почит, Општина Кисела Вода Име и Презиме: Кристина Датум: 21.07.2016 Прашање: Почитувани, Ве молам да ми одговорите колку чинат комуналиите за куќа со подрум и спрат на локација во Горно Лисиче, поточно се работи за место над поранешната фабрика Стаклара? Одговор: Цената на комуналии изнесува 10% од вредноста на надоместокот кој го добиваме од град Скопје и кој најчесто се движи околу 25000 денари, процентот се движи од 0.1-1.0 од цената за комуналии во зависност од намената на просторијата во подрум, приземје и спрат. Со почит, Општина Кисела Вода Име и Презиме: Maja Датум: 04.07.2016 Прашање:Почитувани Моето дете има освоено први места на натпревари во странство и во земјава. Поздрав и однапред Ви благодарам Одговор: Почитуванa, Ве известуваме дека општина Кисела Вода доделува еднократна парична помош на талентирани ученици, кои учат во основните училишта на територија на Кисела Вода, како поддршка на талентираните ученици во областа на науката, културата, уметноста, спортот. Со почит, Општина Кисела Вода Име и Презиме: Зоран Датум: 23.05.2016 Прашање: Почитувани може ли да се добие информација кога ќе биде донесен Деталниот урбанистички план за Ј15? Веќе предолго се чека за негова изработка и носење на истиот. Одговор: Почитувани, Согласно ГУПот на Град Скопје 2012-2022, градот е поделен на градски четврти кои се дефинирани со регулациони линии и за истите ќе се спроведат постапки за донесување на Детални урбанистички планови. Градската четврт Ј15 е поделена на 5 блока. Во подпрограмата (Ф1) урбанистичко планирање, приоритетна изработка на урбанистички планови и урбанистичко планирање за вклопување на бесправно изградени објекти од програмата (Ф) за урбано планирање на Општина Кисела Вода за 2015 година во Изработка на урбанистички планови во скратена постапка се вброени и изработки на Деталени урбанистички планови за сите пет блокови од реон Ј15. Општина Кисела Вода ја започна постапката за изработка на горенаведените Детални урбанистички планови. Планските документации за наведените Предлог планови ќе бидат изработени во согласност со Законот за просторно и урбанистичко планирање, Правилникот за поблиска содржина, размер и начин на графичка обработка на урбанистички планови и Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање.
Вашите дополнителни забелешки и сугестии ги очекуваме на јавната анкета и презентација за која граѓаните ќе бидат информирани во пишаните медиуми (дневни весници) и на web – страната на Општина Кисела Вода За подетални информации можете да се обратите секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот во просториите на Општина Кисела Вода, барака 3. Со почит, Општина Кисела Вода Име и Презиме: Андријана Датум: 21.05.2016 Прашање: Дали може да се купи земја на РМ во Кисела Вода, и што документи требаат? Одговор: Почитувани, Ве информираме дека државно земјиште, односно земјиште во сопственост на Република Македонија, се отуѓува по пат на јавно надавање, за кое граѓаните се информираат преку јавна објава. Почетна цена за откуп на овој тип на земјиште е 1евро/м2. Кога Општината врши отуѓување на ваков тип на земјиште истото се објавува на веб страната на Општината и во дневни весници. За подетални информации можете да се обратите секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот во просториите на Општина Кисела Вода, барака 3. Со почит, Општина Кисела Вода Име и Презиме: Датум: 12.05.2016 Прашање: Како мислите да го решите паркинг просторот на ул. „Пушкинова“. Досега беше многу лошо, а сега дозволивте да се гради и нова зграда. Одговор: Почитувани, Општина Кисела Вода при издавањето на одобренија за градење, во согласност со Законот за градење и општите и посебни услови од Деталните урбанистички планови како предуслов за добивање на одобрение бара Инвеститорите да ги обезбедат потребните паркинг места во градежната парцела на објектот за кој се бара одобрение за градење. Со почит, Општина Кисела Вода Име и Презиме: Анета Кузмановска Датум: 03.03.2016 Прашање: Почитувани Одговор: Почитувана, Условите за добивање на ваучер за новороденче се, и двата родитела да се со живеалиште на територија на општина Кисела Вода, или едниот, во случај на самохран родител. Заедно со барањето тие треба да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето. Со почит, општина Кисела Вода Датум: 20.01.2016 Прашање: Сакам само да прашам дали и кога ви е во план поврзување на Усје на фекална канализација Одговор: Почитувани: Ве информираме дека во тек е подготовка на проектно техничка документација, со комплетирање на целосната документација ќе се отпочне со работа во наредниот период, Ви благодариме на разбирањето. Со почит, општина Кисела Вода Име и Презиме: Славчо Ск Датум: 12.01.2016 Прашање:
Одговор: Почитувани: Ве известуваме дека со почетокот на градежната сезона прекопите што се изведени од страна на јавното претпијатие ЈП Водовод и Канализација ќе бидат санирани Со Почит, општина Кисела Вода Име и Презиме: Трајанка Трајчева Датум: 22.12.2015 Прашање: Благодарам однапред ! Одговор: Почитувани, Со цел подетално да се посветиме на поединостите на Вашиот предмет би Ве замолиле да закажете увид во педмет за легализација. Увид во предметите за легализација на бесправни објекти се врши секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот. Закажување на термин за увид може да направите во просториите на Општина Кисела Вода, барака 2, соба 8, или на телефон 2785-453, лице за контакт Мартин. Со Почит, општина Кисела Вода Име и Презиме: Сашо Датум: 14.12.2015 Прашање: Ве молам да ми одговорите колку изнесуваат трошковите за комуналии за изградба на поткровје во Нас. 11 Октомври – бараки. Одговор: Почитувани, Регулирањето на надоместок за уредување на градежно земјиште (Комуналии), за територијата за која прашувате, е во надлежност на Градот Скопје, односно, Секторот за Планирање и уредување на просторот, Одделение за планирање и уредување на просторот за уредување градежно земјиште и изградба на инфраструктурни и капитални објекти при истиот Орган. Повеќе информации можете да добиете на web-страната на Град Скопје, односно за конкретната проблематика повикајте се на следниот link: http://www.skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=292 Со Почит, општина Кисела Вода Име и Презиме: Датум: 11.12.2015 Прашање: Кај кого да се обратам и колку време ќе чекам да бидам известен Одговор: Почитувани, За парцелата за која барате Извод од план постои техничка грешка во Деталниот урбанистички план. Од Секторот за урбанизам и просторно планирање побарано е произнесување од планерската куќа изработувач на планската документација. Штом ќе биде добиен одговор ќе биде изработен Изводот од план. Со почит, општина Кисела Вода Име и Презиме: Љупчо Грозадановски Датум: 01.12.2015 Прашање: Почитувани, Моето семејство е сопственик на имот во КО: Драчево – 1, односно КП: 8947, лоцирана на адреса ул. Ѓорѓи Динката бр. 22, и на истата парцела има објект чија намена е Домување во станбени куќи односно Индивидуално живеалиште, од категорија А1. Поздрав, Одговор: Почитувани, Пренамена може да се направи на дел од објектот и тоа во одреден процент и во одредена намена, компатибилна на основната класа на намена на објектот, согласно Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање. Бидејќи Вашиот објект е со основна класа на намена А1 (индивидуално домување) намената Г3 не спаѓа во компатибилна класа на намени во истата неможе да се направи пренамена на дел од објектот. Со почит, општина Кисела Вода Име и Презиме: Катерина Датум: 29.11.2015 Прашање: Почитувани, ме интересира дали на територијата на општина Кисела Вода, поточно Драчево и околина имате државно земјиште кое би го продавале на граѓаните за изградба на куќа. Би сакала да ме известите ако имате јавно надавање за државно земјиште/плац. Ние сме трочлено семејство, мајка ми е самохрана мајка и живееме под кирија. би сакале да купиме државно земјиште,бидејќки тоа можеме полесно да си го дозволиме. Поздрав,Катерина Одговор: Почитувани, Ве информираме дека државно земјиште, односно земјиште во сопственост на Република Македонија, се отуѓува по пат на јавно надавање, за кое граѓаните се информираат преку јавна објава. Почетна цена за откуп на овој тип на земјиште е 1евро/м2. Кога Општината врши отуѓување на ваков тип на земјиште истото се објавува на веб страната на Општината и во дневни весници. Со Почит, општина Кисела Вода Име и Презиме: Драгица Манева Датум: 19.11.2015 Прашање: Почитувани, Живеам на ул.Томе Арсовски бр.36 во приватен објект на П+2 кој датира од 1962г.Имаме проблем со кровната конструкција која е веке во незавидна состојба,па би сакале да ја репарираме.Тоа значи дека би замениле се она што е дотрајано а при тоа да не се промени основната висина ни конструкција на кровот.Во преговори сме со фирмите кои ке можат да го реализираат тој зафат,но би сакала да знам(како и другите дрвајца сопственици)дали треба да се достави некое писмо до општината за да се има на увид дека ке има градежни работи на нашиов објект. Однапред благодарам, Драгица Манева Одговор: Почитувани, Согласно член 97 од Законот за градење(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14,115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15 и 226/15), за реконструкција на објект или дел од објект сопственикот на објектот до надлежниот орган од членот 58 (во Вашиот случај објектот е од локално значење и одобрение за градење издава градоначалникот на општината) на овој закон треба да поднесете барање за одобрение за реконструкција при што со барањето потребно е да поднесете: -доказ за правото на сопственост на посебниот дел од објектот, односно станот или делот од стан, -основен проект за предвидената реконструкција на објектот со извршена ревизија во два примерока, -извод од урбанистички план со кој се потврдува дека објектот од ставот (2) на овој член е предвиден со важечкиот урбанистички план. За подетални информации обратете се во Секторот за урбанизам и просторно планирање секој вторник и петок од 13;00-15:00 часот Со Почит, општина Кисела Вода Име и Презиме: Сузана Георгиева Датум: 02.11.2015 Прашање: Kои документи се потребни за пренамена на деловен во станбен простор ? Одговор: Почитувани, Пренамена во деловен простор може да се направи доколку имате, согласно Деталниот урбанистички план за соодветната градежна парцела, предвидено компатибилни содржини со намена Б (комерцијални и деловни намени) и тоа во рамки на максималниот дозволен процент на компатибилната класа на намена во однос на основната класа на намена. Сопственикот на посебен дел од објект, стан или дел од стан за пренамената потребно е до надлежниот орган да достави барање за одобрение за пренамена при што со барањето поднесува: – доказ за правото на сопственост на посебниот дел од објектот, односно станот или делот од стан, – согласност на мнозинството сопственици на становите во влезот на зградата, – основен проект за предвидената пренамена, адаптација со пренамена или за реконструкција со пренамена, со извршена ревизија, во два примероци, – извод од урбанистички план со кој се потврдува дека објектот е предвиден со важечкиот урбанистички план, – мислења и согласности предвидени со посебните закони во зависност од пренамената и доказ за регулиран надоместок за уредување на градежното земјиште. Барањето за пренамена се поднесува по електронски пат преку системот е-Одобрение за градење. https://www.gradezna-dozvola.mk/Account/Login?ReturnUrl=%2f Со почит, Општина Кисела Вода Име и Презиме: Кирил Аврамовски Датум: 29.10.2015 Прашање: Ќе ве молам за информација колку чини комуналии за прв и втор спрат за изградба на куќа на улица Сава Ковачевиќ 24 ? Одговор: Почитувани, Регулирањето на надоместок за уредување на градежно земјиште (Комуналии) е во надлежност на Градот Скопје, односно, Секторот за Планирање и уредување на просторот, Одделение за планирање и уредување на просторот за уредување градежно земјиште и изградба на инфраструктурни и капитални објекти при истиот Орган. Повеќе информации можете да добиете на web-страната на Град Скопје, односно за конкретната проблематика повикајте се на следниот link: http://www.skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=292 Со почит, Општина Кисела Вода Име и Презиме: Диме Датум: 21.09.2015 Прашање: Во склоп на угостителскиот објект имаме тераса која сакаме да ја затвориме за идниот период (зима) како би овозмозиле пушење. Ве молиме да ни дадете насоки како би можеле тоа да го реализираме и до кој сектор треба да се обратиме за издавање на дозвола. Со почит. Одговор: Почитувани, Општина Кисела вода нема надлежност да издава одобрение за вршење на дејност надвор од деловен простор и поставување на урбана опрема. За истото теба да се обратите до Град Скопје. Со почит, Општина Кисела Вода Име и Презиме: Емилија Трајковска Датум: 17.09.2015 Прашање: Здраво, Ако може да ми одговорите до каде е постапката за легализација на земјиште на улица Милан Мијаколвиќ бр. 8? До каде е урбанистичкиот план за таа улица и кога најбрзо ќе може да се легализира? Благодарам однапред ! Oдговор: Почитувани, За да можеме подетално да се посветиме на Вашиот предмнет и за да не настанат несакани недоразбирања Ве повикуваме да се јавите во барака 3, соба 10 во кругот на Општина Кисела Вода, секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот. Со Вас понесете ја потребната документација (имотен лист, број на предмет). Општина Кисела Вода ја започна постапката за изработка на Детален урбанистички план за блок Ј20.01, за истиот во изминатиот период беше направена јавна анкета и презентација. За подетални информации можете да се јавите во Секторот за урбанизам и просторно планирање, барака 3, во кругот на Општина Кисела Вода, секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот или да го видите деталниот урбанистички план на web – страната на Општина Кисела Вода. Со почит, Општина Кисела Вода Име и Презиме: Дејан Станковски Датум: 09.09.2015 Прашање: Во зградата имаме лифт кој континуирано не се одржува и пропаѓа секој ден по малку. Имаме Куќен совет кој не се интересира за лифтот, копчиња фалат на него само овој месец имаше три заглавувања со луѓе во него, ако и се спомне на претседателката на советот таа вика дека нема време да свика Куќен совет а за промена на фирма за одржување на лифтот треба одлука од Куќен совет што треба ние станарите да правиме и кои ни се овластувањата за лифтот? Одговор: Во врска со вашето прашање Ве известуваме дека законска обврска на управителот, односно претседателот на заедницата е да се грижи за редовно одржување и функционирање на заедничките делови од станбената зграда, вклучувајќи го и лифтот, па од таму прашањата за одржувањето, односно неодржувањето првично треба да се упатат до претседателот на заедницата. Што се однесува до вториот дел од прашањето за промена на претседателот на заедницата, доколку сопствениците на посебни делови донесат писмена одлука за промена на претседателот на заедницата истата треба да се достави до претседателот. Законска обврска на претседателот е да ги извршува одлуките на сопствениците. Одлуката се смета за донесена ако е потпишана од сопственици кои поседуваат повеќе од половината од посебните делови на станбената зграда. Со почит, Општина Кисела Вода Име и Презиме: Соња Оринова Датум: 12.08.2015 Прашање: Идеата за Куќен Совет и тоа со избирање на станари од зградата е нелогична и не одговара затоа што денес сите становите ги купија , секој станар има по еден стан со тоа тие не се компетентни, а тоа се луѓе со семејства, со работа и многу е недолично да се обраќаме кај нив до врата од станот и да им звониме. А тоа што не се 100 % одговорни, на пример еве јас проблемот со клупата тој што е одговорен ме упати јас да звонам по врати и да барам потписи, јас тоа не го прифатив, му се обратив за да свика Куќен Совет и тоа не се случи, зафатен е со работа и јас не можам да добијам потписи зошто не знаат правилно да работат. Така може само ако газдата е на цела зграда и ние сме кираџии, не може станар кој има само еден стан да доминира и на тој начин излегува како тој да е газда и компетентен, па ние другите ќе му се молиме, тоа не е правилно, а него како ќе му текне, Куќниот Совет не е само за пари собирање, тука спаѓа и однесувањето на станарите, време во денот во кое станарот може да биде по динамичен , некој ред на однесување и децата многу галамат и тоа не го зимаат во ред , поточно мислат дека тоа е во ред. Јас лично не сакам да контактирам со комшии, ако некој живее до мене, не значи дека треба да го познавам или да поздравувам, мене не ме интересира и треба дискретност и тоа е правилно, освен да се реагира во ризицен случај кој е во колективност и може да предизвика штета ! Треба да има во Куќен Совет лица неутрални и објективни , одговорни и луѓе кои ќе знаат да работат, како на пр. Агенција , зошто тогаш тие само ги застапуваат станарите, а вака доаѓа како да тој е Газда, мојот стан е купен и јас плакам комуналии, па како може еден станар или повеќе да бидат надлежни, кога немаат валидност, а може и да не се сопственици. Сменете ја идејата за Куќниот Совет и тоа треба да го донесете со закон кај сите станари да биде на пр. со Агенција. И овој пример , моментално и најверојатно е расипано електронско апаратче во влезот и неколку дена нема струја во влезот, и од Куќниот Совет не реагираат или не правилно и веднаш, па не можат да го решат овој проблем, е сега замислете што може да трпи станарот, во влезот нема струја, а да не говорам ако има проблем со лифт и слично. Одберете одговорни и способни луѓе за Куќен Совет ! Одговор: Во врска со вашето прашање Ве известуваме дека управувањето со станбените згради согласно Закон за домување може да се организира како: 1. Заедница на сопственици – кога за претседател на заедницата може да се избере лице кое најчесто е станар во станбената зграда и 2. Согласно Закон за домување се дава можност управувањето со станбената зграда да се довери на лиценцирана фирма управител. Листата на лиценцирани фирми за управување со станбени згради може да се види на сајтот на Регулаторна комисија за домување – www.rkd.gov.mk.
На кој начин во станбената зграда ќе биде организирано управувањето, односно одржувањето на станбената зграда, зависи од одлуката на сопствениците на посебните делови во зградата. Одлуката е донесена кога за неа позитивно се изјасниле најмалку 51% од сопствениците на посебни делови.
Доколку сопствениците не се задоволни од начинот на управување може да донесат нова одлука за промена на претседателот односно управителот.
Со почит, Општина Кисела Вода
Име и Презиме: Тодор Датум: 30.05.2015 Прашање: Почитувани, Ве молам да ми одговорите или превземете активност за косење на тревата позади амбулантата на улица Сава Ковачевиќ бидејки по второ косење тој дел не е покосен иако другите делови се покосени. Одговор: Почитувани. Во врска со Вашето прашање Ве известувам дека посочената локација ул. Сава Ковачевиќ позади амбулантата е во надлежност на Град Скопје, односно на ЈП Паркови и Зеленило, претпријатие кое е задолжено за одржување и уредување на парковите и вкупното зеленило на територија на Град Скопје( Општина Кисела Вода), меѓутоа Општина Кисела Вода во интерес на жителите на општината ќе ги превземе сите потребни активности за средување и уредување на посочената локациј. Со почит. општина Кисела Вода Име и Презиме: Иво Малинов Датум: 27.05.2015 Прашање: Почитувани, Ве молам на Ул, Јабланица пред броевите 5а и 5 б , уличното осветлување не е ефикасно заради попреченост од неколку гранки на дрво . Зарада ова Ве молам да пратите екипа да го санира проблемот , пред се заради јавен интерес.Би предложил доколку сте/сме во можност да се постави уште една улична светилка на крајот од улицата. Исто така на оваа локација од нашата улица до првиот влез во населбата (наводно приватна сопственост) е целосно запуштено и воопшто непрегледно и постои опасност од сериозни природни закани за здравјето и сигурноста на граѓаните од пошироката околина.Ве молам одговорете на нашето барање во најкус можен рок. Однапред Ви благодараме, Ваште соседи од Н.Пинтија Одговор: Почитувани. Во врска со Вашето прашање Ве известувам дека посочената локација ул. Јабланица пред броевите 5а и 5б е во надлежност на Град Скопје, односно на ЈП Паркови и Зеленило, претпријатие кое е задолжено за одржување и уредување на парковите и вкупното зеленило на територија на Град Скопје( Општина Кисела Вода), меѓутоа Општина Кисела Вода во интерес на жителите на општината ќе ги превземе сите потребни активности за средување и уредување на посочената локација. Со почит, општина Кисела Вода Име и Презиме: Елена Датум: 26.05.2015 Прашање: Која е постапката за добивање канти за отпадоци за нова зграда во Кисела Вода? Одговор: Почитувани. Во врска со Вашето прашање Ве известувам дека постапката за добивање на канти за отпадоци се состои во: – Поднесување на барање за поставување на канти за отпадоци до Урбаната или Месната заедница во која живеете, кое ќе биде проследено до надлежните служби на ЈП Комунална Хигиена, а доколку се работи за контејнери за комунален смет се поднесува барање до ЈП Комунална Хигиена, одделение за премер и наплата. Со почит, Општина Кисела Вода Име и Презиме: Зоран Петрушевски Датум: 20.05.2015 Прашање: Сакам да прашам кога би бил доделен ваучер за новороденче, документите се поднесени на 22.04.2015 година, фала. Одговор: Почитувани, за терминот за доделувањето на ваучери за новороденче, ќе бидете лично информирани на Вашиот телефонски број Со почит, Општина Кисела Вода Име и Презиме: Ивана Датум: 15.05.2015 Прашање: Поднесени се документи за откуп на дворно место во населба Лисиче уште пред неколку години кога започна проекотот 1евро за 1м2. Никогаш не сме добиле некаков повик дека се процесирани докуменитие и за да се заврши откупот. Барано е да се види до кај е работата, и се ни викаат дека неможат да ги пронајдат докумените поради хаосот кој настанал со поделбите на општините. Како да постапам сега? Благодарам. Одговор: Вашето барање е доставено до Општина Кисела Вода која нема ингеренции за откуп на земјиште, па ве молиме прашањето да го доставите до Министерство за финансии подрачна единица при Кисела Вода, сместена во барака 9 во кругот на Општина Кисела Вода. Со почит, Општина Кисела Вода Име и Презиме : Фани Михајловска Датум: 12.05.2015 Прашање: Во врска со постапката за стекнување сопственост на градежно земјиште согласно член 88 од Законот за градежно земјиште, дали имате формулар на барање и колку изнесува административната такса? Одговор: Почитувани, Барањето за стекнување право на сопственост на градежно земјиште кое се користи врз основа на договор склучен со поранешниот сопственик ке ви биде дадено во архивата на Општина Кисела Вода. Административната такса изнесува 1.000ден а во прилог на барањето треба да ја доставите следната документација (во оригинал или фотокопија со нотарска заверка за верност на оригиналот): 1. Договор склучен со поранешниот сопственик пред 20 години; 2. Имотен лист за предметното градежно земјиште кое претставува КПбр._______ КО со површина од ________м2 (од Државен завод за геодетски работи, Сектор за премер и катастар_______); 3.Уверение за редослед за извршени промени во катастарската евиденција за КП по стариот премер од која е настаната предметната КПбр._______ КО ______ за период од 1929 година до денес (од Државен завод за геодетски работи, Сектор за премер и катастарје); 4. Геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела; 5.Извод од урбанистички план за предметното градежно земјиште кое претставува КПбр._______ КО _________ со површина од ______м2 (од надлежната општина); 6.Изјава УЗПбр. заверена од нотар, со која поранешниот сопственик го потврдува постоењето на договорот за отстапување на правото на користење на градежното земјиште со надомест и дека истото е во владение на сегашниот корисник. (1. доколку е починат поранешниот сопственик Изјава УЗПбр. заверена од нотар да дадат прогласените наследници на поранешниот сопственик односно со пресуда да е потврден договорот склучен пред 20 години со поранешниот сопственик) 8.Уверение за државјанство, Фотокопија од лична карта. Со почит, општина Кисела Вода Име и Презиме: Розита Милеска Датум: 29.04.2015 Прашање: Ќе Ве замолам ако може да ми одговорите кога ќе излезе ДУП-от за Ј14. Со почит, Одговор: Почитувани, Ве информираме дека постапката за донесување на Деталниот урбанистички план за реон Ј, четврт Ј14 (локалитет Расадник, југоисточна изндустриска зона Кисела Вода и локалитет МЗ 70 Кисела Вода – 3, плански опфат помеѓу: улица “Првомајска”, булевар “Србија”, улица “Сава Ковачевиќ” и улица “Народни Херои”), согласно Законот за просторно и урбанистичко планирањеПравилникот за поблиска содржина, размер и начин на графичка обработка на урбанистички планови, Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање и Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 година е во фаза на изработка. Пред да биде даден на јавна анкета и презентација деталниот урбанистички план треба да добие согласности од надлежните институции. Вашите забелешки и сугестии ги очекуваме на јавната анкета и презентација за која граѓаните ќе бидат информирани во пишаните медиуми (дневни весници) и на web – страната на Општина Кисела Вода. Со почит, општина Кисела Вода Име и Презиме: Маја Датум: 21.04.2015 Прашање: Почитувани, би сакала да Ве прашам која е постапката за добивање на канта за отпадоци од општината. Се работи за легален новоизграден семеен објект во Драчево? Со почит, Одговор: Почитувани, Во врска со Вашето прашање Ве информираме дека распределба на канти за комунален смет се врши по Месни Заедници, така да за подигање на канта треба да се обратите во Вашата Месна Заедница.
Поздрав!
Со почит, општина Кисела Вода Име и Презиме: Весна Датум: 18.04.2015 Прашање: Како да го отворам ДУП планот за Расадник, со почит Весна Одговор: Почитувани, Увид во постојна планска документација на територијата на Општина Кисела Вода можете да направите секој вторник и петок од 13:00-15:00 во соба 5, барака 3 во кругот на Општина Кисела Вода. Со почит, Општина Кисела Вода Име и Презиме: Сретко Датум: 15.04.2015 Прашање: Ме интересира имам поднесено барање за дворно место уште 08-2010 меѓу тоа кога и да појдам во општина нема никаков одговор години се во прашање,никаков одговор се работи за бројче орг. единица 25 број 2545 /1, Ве молам контактирајте ме каде да се обратам ова стварно нема смисла повеќе, позз Одговор: Почитувани, За да се запознаете со деталите окулу Вашиот предмет можете да се јавите во Секторот за урбанизам и просторно планирање, соба 10, барака 3, во кругот на Општина Кисела Вода, секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот. Со почит, општина Кисела Вода Име и Презиме: Марика Датум: 15.04.2015 Прашање: Ме интересира какви документи треба за да се стави енергетски ефикасна фасада на мојот стан во зграда. Одговор: Почитувани, Ве повикуваме да се јавите во Секторот за урбанизам и просторно планирање во Општина Кисела Вода, барака 3, секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот. Во врска со Вашето прашање треба да имаме повеќе информации за објектот како би можеле да Ви дадеме конкретен одговор. Со почит, општина Кисела Вода Име и Презиме: Петар Датум: 14.04.2015 Прашање: Почитувани, ми треба за разгледување ДУП-от „Бирарија“ ДЕЛ ОД БЛОК 4, па се прашував дали имате електронска архива на ДУП-ови кои може да се преземат во електронска верзија (PDF ili JPG) или се само овие што ги имате во секција „Изложени детални планови за јавна анкета“? Ако немате, би предложил да си направите Одговор: Почитувани, На web страната на Општина Кисела Вода можете да го посетите Општинскиот ГИС портал на кој можете да најдете податоци за дел деталните урбанистички планови. Ве информираме дека за ДУП Бирарија, дел од блок 4 ги има потребните информации. За увид во планската документација на горенаведениот Детален план можете да се јавите во Секторот за урбанизам и просторно планирање, соба 2, барака 3, во кругот на Општина Кисела Вода, секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот. Со почит, општина Кисела Вода Име и Презиме: Дејан Датум: 14.04.2015 Прашање: Ви се обраќам со намера да побарам обештетување од вас бидејќи од огромните кратери на улицата на која што живеам (ул.Мишко Михајлоски) целосно ги оштетив и треба да ги заменам амортизерите. И онака не не обештетивте за тоа што гранки од дрвја ни ги оштетија автомобилите при невремето во Јули/Август, па си велам дека за ова ќе можете. Истовремено би ве запрашал дали некој од таа ваша општина(не можам да ја наречам НАША бидејќи нечуствувам дека се грижите за нашите проблеми) некогаш пминал по оваа улица за да види како се живее во 21век? Зошто ни наплаќате комуналии? А за паркингот не сакам ни да зборувам,нема кај да се помине, а не да се паркира Одговор: Почитувани, Ве известуваме дека во месец Јуни ќе се отпочне со реконструкција на ул„Мишко Михајловски“, ул“345“и ул „Марко Цепенков“, изведувач ќе биде агенција за државни патишта Со почит, општина Кисела Вода Име и Презиме : Илија Датум: 14.04.2015 Прашање: Мислам дека малку претеравте како општина во која ние како граѓани кои живееме во истата сме запоставени во делот на разбирањето. Патот кој води према школото во Пинтија, за кој јас лично и десетици мои комшии реагираа електронски преку пријави на проблем, но на истото вие не мрднавте со малиот прст, односно барем да се ублажат со тампон направените дупки – кратери (направени од ЕВН и Водовод), па потоа тоа што ке следува – обеќаното од ваша страна. Значи ни укажавте дека со почнување на градежната сезона ке се санира целата улица (месец Април), но Одговор: Почитувани Ве известуваме дека во план е иградба на нова градинка која е од голема потреба за Вас граѓаните на населба Пинтија, по завршетокот на изградбата ќе се реконструира и горе наведената улица. Ви благодариме на разбирањето. Со почит, општина Кисела Вода Име и Презиме : Цеце Настова Датум: 09.04.2015 Прашање: Живеам на улица Христо Татарчев бр. 22 населба Припор, улицата поради чести дефекти од улица и патишта поради прскање на водоводни цефки има поплава, и поради тоа често е прекопувана, а улицата е хаос колите си ги искршивме од дупки кои не само јас и сите што живеат на оваа улица им е истиот проблем и толку е фрекфентна оваа улица што не можат да се разминат колите. Ве замолувам ако е можно да се обнови оваа улица во целост. Со почит и се надевам дека ова прашање ќе биде разгледано и решено. Ви благодарам. Одговор: Почитувани, Ве известуваме дека Вашиот проблем ќе биде земен во предвид во наредниот период, а реализацијата ќе зависи од динамиката и програмата на општината. Со почит, општина Кисела Вода Име и Презиме : Наташа Датум: 08.04.2015 Прашање: Ме интересира дали оваа година 2015 ќе се асфалтира ул. 3(26) во Усје, зошто не лажете повеќе од 7 години дека ќе се асфалтира, но до сега ништо. На сосатнокот во Усје беше спомнато дека ќе се асфалтира, ме интересира кога и дали воопшто ќе се реализира тоа што го кажавте, зошто и на предходниот состанок ветувавте дека ќе ја асфалтирате, но ние си газиме сеуште во кал. Одговор: Почитувани, Ве известуваме дека во план е асфалтирање на дел од ул. 3 во нас. Усје реализацијата ќе биде во наредниот период. Со почит, општина Кисела Вода Име и Презиме : Драгољуб Датум: 08.04.2015 Прашање: Во постапка е моето барање за приватизација на дворно место кое е поднесено 2011 година. Имаме судска одлука по половина од дворот за право на користење јас и сестра ми која беше донесена 2013 год. со образложение дека и објектите кој ги имаме се приближно исти по квадратура. Но, со легализација на подкровjе што се случи 2015 год. состојбите радикално се сменија, сега јас имам легални 150 м2, а сестра ми 50 м2 објекти ( се работи за барака која е надградена со спрат и поткровје). Прашувам, ако односот на квадратура изградени објекти е 3 спрема 1во моја корист, дали во истата дропка треба да се приватизира и дворот и како да го остварам ова право по мое мислење? Дали е доволно да доставам имотен лист за новата состојба да се приклучи кон предметот? Одговор: Почитувани, Вашето прашање се однесува на Министерството за финансии – Управа за имотно правни работи, сместена во кругот на Општина Кисела Вода, барака 9. Општина Кисела Вода не е надлежна во постапувањето по овие прашања. Со почит Име и Презиме : Александра Датум: 07.04.2015 Прашање: Дали можам во одделението за катастар во нас. Драчево да извадам имотен лист за друга општина ? Одговор: Почитувани, Би сакале да Ве известиме дека во канцеларијата на Агенцијата за катастар на Република Македонија лоцирана во нас. Драчево може да извадите Имотен лист за друга општина. Со почит, Име и Презиме : Љупка Димоска Зајков Датум: 07.04.2015 Прашање: Почитувани, Дали може во просториите на општина Кисела Вода да извадам Имотен Лист. Со почит, Љупка Д. Зајков Одговор: Почитувани, Би сакале да Ве известиме дека Агенцијата за катастар на Република Македонија отвори канцеларија во нас. Драчево во просториите на постоечката урбана заедница “Бобан Трпков ” веднаш до детската градинка во нас. Драчево, во таа канцеларија може да се обратите за да извадите Имотен лист. Со почит Име и Презиме : Датум: 30.03.2015 Прашање: Оливера Почитувани, Ве молам за информација дали некој од надлежните во Општината има излезено по улиците низ Кисела Вода да ги види во каква состојба се и со колкави дупки. Значи веќе неможат ни да се избегнуваат затоа што се проширени по целите улици и тоа веќе со години. Уредно ги плаќаме таксите при регистрација на возилата за да возиме по дупки и да ги кршиме возилата кои само ние знаеме како сме ги отплатиле. Се надевам дека нема да има потреба од чекање на наредни избори. Со почит Одговор: Ве известуваме дека во месец Јуни ќе се отпочне со реконструкција на ул„Мишко Михајловски“, ул“345“и ул „Марко Цепенков“, изведувач ќе биде агенција за државни патишта Со почит, општина Кисела Вода Име и Презиме : Трајче Петровски Датум: 30.03.2015 Прашање: Почитувани, Ве молам за информација затоа што дознав дека Основните училишта се под Ваша надлежност, дали некој може да ми каже дали имаме законска обврска да плаќаме за обезбедување, затоа што добиваме закани дека нема да добиеме сведителства. Ако не сте надлежни за ова прашање Ве молам да ми укажете кој може да ни ја даде бараната информација. Одговор: Почитувани, Изборот за обезбедување во основните училишта се реализира по барање на родители на ученици и со Одлука на Совет на родители. Со одлуката од Советот на родители се решава за изборот на агенцијата која ќе го обебедува училиштето како и за сумата и начинот на плаќање, со што доколку во едно училиште Советот на родители и Училишниот одбор донеле таква Одлука, Вие како родител на ученик од тоа училиште сте должни да ги подмирувате трошоците во врска со обезбедувањето на тоа училиште и на Вашето дете се разбира. Со почит
Име и Презиме : Виктор Датум: 29.03.2015 Прашање: Почитувани, Благодарам Одговор: Почитувани, Секторот за урбанизам и просторно планирање на Општина Кисела Вода, согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање и Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012 – 2022 година, пристапи кон изработка на нови детални урбанистички планови на ниво на градски четврти дефинирани со регулациони линии согласно ГУП на град Скопје 2012 – 2022 година. Планскиот опфат кој го наведувате претставува дел од реон Ј, четврт Ј20. Оваа четврт е со површина од 150ха. Градот Скопје пристапи кон изработка на ГУП по регулациони линии, односно поделба на градската четврт на блокови, односно изработи Урбанистички план за четврт Ј 20 од ГУП на Град Скопје 2012-2022. Дел од планскиот опфат кој го наведувате претставува дел од блок Ј20.02 а другиот дел од Блок Ј20.03. Бидејки немате наведено конкретна катастарска или градежна парцела не можеме да Ви одговориме точно за кој од овие два блока се работи. Во подпрограмата (Ф1) урбанистичко планирање, приоритетна изработка на урбанистички планови и урбанистичко планирање за вклопување на бесправно изградени објекти од програмата (Ф) за урбано планирање на Општина Кисела Вода за 2015 година во Изработка на урбанистички планови во скратена постапка е вброена и изработката на Детален урбанистички план за Реон Ј, четврт Ј20, блок Ј20.02 и Детален урбанистички план за Реон Ј, четврт Ј20, блок Ј20.03. Планските документации за наведените Предлог планови ќе бидат изработени во согласност со Законот за просторно и урбанистичко планирање, Правилникот за поблиска содржина, размер и начин на графичка обработка на урбанистички планови и Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање. Вашите дополнителни забелешки и сугестии ги очекуваме на јавната анкета и презентација за која граѓаните ќе бидат информирани во пишаните медиуми (дневни весници) и на wеб – страната на Општина Кисела Вода. Име и Презиме : Надица Николовска Датум: 25.03.2015 Прашање: Почитувани, Би сакала да не информирате, а воедно и да го реализирате проблемот со што се соочува улицата „Христо Татарчев“ кај фабриката „Прототип“. Имено станува збор за честите да не кажам веќе секојдневни сообраќајни несреќи што се случуваат кај кривината кај истоимената фабрика, а каде има случки кај што колите влетуваат во дворовите при што несакаме да помислиме што се би можело да да се случи бидејќи тоа е главна улица каде што циркулираат голем број на луѓе кои несакајќи стануваат жртви на нечие невнимание. Да споменам, а и сами знаете дека во близина има и училиште и секојдневно поминуваат деца. Затоа би сакала ако може да се најде некое решение за овој проблем во смисла на поставување некои ознаки, лежечки полицајци или други солуции. И уште едно прашање, дали се планира пробивање на пат кај новите згради кон улица првомајска, бидејќи и овде гледаме проблем со зголемените сообраќајни гужви наутро кај раскрсницата „Мечкаров“, поради зголемниот број новоизградени згради наоколу. Ви благодарам Одговор: Ве известуваме дека во фаза е реализација на проектнотехничка документација за реконструкција и сообраќајно решение за дел од улица „Мариовска“ (магацин „Треска“ ) и дел од улица „Христо Татарчев“ до спојот на реконструирана улица кај црквата во Теферич. Со почит, општина Кисела Вода
Име и Презиме : Гордана Датум: 18.03.2015 Прашање: КП 14266 која се наоѓа во неведениот реон е предмет на денационализација,заради што уште во 2006 година до тогашниот Градоначалник на Општината беше доставено барење од мојот татко Панче Брдарски, да не се превземаат ниакви дејствија, во смисла на продажба,закуп и слично до завршување на постапката. Поздрав,Гордана Одговор: Почитувани, Ве молиме Вашето барање да го дополните со катастарска општина, како би можеле да провериме за кој Детален урбанистички план точно се работи и да Ве информираме за истиот. Име и Презиме : Марина Датум: 17.03.2015 Прашање: Почитувани, Се работи за новоградба од минатата година, и не интересира кои документи се потребни за пренамена на дел од гаражите во магацински простор, и на становите во деловен простор. Поздрав, Однапред благодарам Одговор: Почитувани, Пренамена во деловен простор може да се направи доколку имате, согласно Деталниот урбанистички план за соодветната градежна парцела, предвидено компатибилни содржини со намена Б (комерцијални и деловни намени) и тоа во рамки на максималниот дозволен процент на компатибилната класа на намена во однос на основната класа на намена. Пренамена на гаражите не може да се направи без да се обезбеди истиот број на паркинг места во рамки на градежната парцела. Имено, посебен дел од објект, стан или дел од стан, може да се пренамени за вршење на деловна дејност и обратно по барање на сопственикот и под услови утврдени со Законот за градење. Сопственикот на посебен дел од објект, стан или дел од стан за пренамената потребно е до надлежниот орган да достави барање за одобрение за пренамена при што со барањето поднесува: – доказ за правото на сопственост на посебниот дел од објектот, односно станот или делот од стан, – согласност на мнозинството сопственици на становите во влезот на зградата, – основен проект за предвидената пренамена, адаптација со пренамена или за реконструкција со пренамена, со извршена ревизија, во два примероци, – извод од урбанистички план со кој се потврдува дека објектот е предвиден со важечкиот урбанистички план, – мислења и согласности предвидени со посебните закони во зависност од пренамената и доказ за регулиран надоместок за уредување на градежното земјиште. Барањето за пренамена се поднесува по електронски пат преку системот е-Одобрение за градење. https://www.gradezna-dozvola.mk/Account/Login?ReturnUrl=%2f
Име и Презиме : Тони Датум: 16.03.201 Прашање: Почитувани уште ланската година поставив прасанје кога ке дојде до промена на ДУП на населба Кисела Вода М370 локалитет 1. Одговор: Почитувани,
Секторот за урбанизам и просторно планирање на Општина Кисела Вода, согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на РМ бр. 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14) и Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012 – 2022 година, пристапи кон изработка на нови детални урбанистички планови на ниво на градски четврти дефинирани со регулациони линии согласно ГУП на град Скопје 2012 – 2022 година. Ве известуваме дека планскиот опфат по ДУП за населба “Кисела Вода” МЗ70 ЛОКАЛИТЕТ 1, Општина Кисела Вода, претставува дел од реон Ј, четврт Ј20, блок Ј20.07. Овој блок е со површина од 22,47ха. Општина Кисела Вода ја започна постапката за изработка на овој детален урбанистички план. Планската документација за Предлог планот за реон Ј, четврт Ј20, блок Ј20.07 ќе биде изработена во согласност со Законот за просторно и урбанистичко планирање Правилникот за поблиска содржина, размер и начин на графичка обработка на урбанистички планови и Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање. Вашите дополнителни забелешки и сугестии ги очекуваме на јавната анкета и презентација за која граѓаните ќе бидат информирани во пишаните медиуми (дневни весници) и на web – страната на Општина Кисела Вода.
Име и Презиме : Весна Стеваноска Датум: 16.03.2015 Прашање: Би сакала да ми одговорите дали мозе да се поднесе баранје за легализација на доградба, бидејки претходниот рок не е запазен . Однапред Ви благодарам Одговор: Почитувани, Ве известуваме дека согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти завршен е рокот за поднесување на барања за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти.
Име и Презиме : Благица Датум: 11.03.2015 Прашање: Како граѓанин на населба Црниче која постојано ги користам скалите над Мвр над чешмата кои се реновирани Одговор: Почитувани. Ве известуваме дека по направениот увид на терен од страна на стручните опшински служби, стапивме во контакт со фирмата која ги извршува градежните работи, и писмено и усно им се обративме да го санираат прекопот изведен од нивна страна, бидејќи изведената градежна работа е во нивна надлежност. Ви благодариме за разбирањето, соработката и трпението.
Име и Презиме : Сузана Датум: 07.03.2015 Прашање: Почитувани Живеам во населбата Припор од пред 3 години. Улицата Христо Татарчев која води до моето живеалисте е преполна со дупки !! Отворена е нова градинка за деца ,нова и е супер мегјутоа улицата нема ни обележан тротоар ни заштита од било кој тип за децата. Поточно ризично е и возрасен цовек да пропесачи 10 метри а камоли со дете. Би ве замолила да направите напори да видите на лице место дека патот е во катастрофална состојба и е ризичен по живот. направете и обележете тротоари за да и ние жителите на ова место се почуствуваме дека живееме како лугје без страв дека утре некој ден наше дете може лесно да настрада вракјајки се од училисте или земајки дете од градинка. . Ова го пишувам како загризена мајка цие дете оди во таа градинка и бас поради неповолната структура на улицата имам сознание дека многу лесно мозе дете да настрада! ве молам усте еднас дојдете и видете за што зборувам, ако веке се градат на големо секакви објекти по градов тогаш верувам дека ова ке го решите со најмал напор се надевам дека ова нема да биде само една тн “џабе написана порака” !!! фала!! Сузана Одговор: Почитувани. Ве известуваме дека општината подготвува техничка документација за реконструкција на дел од ул Христо Татарчев до спојот со реконструираната улица кај црква Теферич. Со почит, општина Кисела Вода Име и Презиме : Борче Датум: 05.03.2015 Прашање: Почитувани, Одговор: Почитувани, Ве известуваме дека улицата Јустинијан Први е под надлежност на градот Скопје. На делот, пак, кој е во надлежност на општина Кисела Вода, околу игралиштето, ќе се изврши увид од нашите службеници и согласно, увидените недостатоци, ќе се пристапи кон решавање на горенаведениот проблем. Со почит, општина Кисела Вода Име и Презиме : Зоран Датум: 04.03.2015 Прашање: Почитувани, Имаме како Кукен Совет дадено пријава за пројавени неколку (3-4)големи дупки пред стамбената зграда на ул.Никола Добровик бр.3 (или како зграда Б-2) усте во месец 6-2014г прво до месната заедница па исто така и до општината за молба за санација на истите но и покрај обекуванјата нисто не се направи од страна на известените т.е Општината К.Вода!!! Па сега пак ве молиме да пристапите на санација со соодветен материјал на дупките бидејки почна и изолацијата да попуста и почна водата од улиците да понира врз гаражите и подрумите.Се надеваме дека нема да ви биде потребна уште една година да чекате??Со почит Одговор: Почитувани, Со почетокот на градежната сезона односно во месец април, треба да се отпочне со реконструкција, санација на улици во општина Кисела Вода. Затоа би Ве замолиле за малку трепение и разбирање, бидејќи општината максимално, во согласност со финансиските можности, работи за доброто на граѓаните. Со почит, општина Кисела Вода
Име и Презиме : Билјана Груевска Датум: 02.03.2015 Прашање: Скалите што ги правевте во близина на чешмата кај Св.Петка над МВР се толку фушерајски направени што веднаш се распаднаа.Незнам дали сте поминале скоро таму ,но добро е да поминете и да видите во каква состојба се.Ако за скоро време не поминете да ја видите состојбата ке биде ризично за кацуванје по тие скали.Фирмата што ги градесе да ви ги врати парите.Друг голем проблем во овој дел на нашата населба се возилата кои ги паркираат вработените од МВР секојдневно пред нашите влезови и ние неможеме дома да влеземе.Ако ги опоменеме културно тие ни возвракаат насилнички.Тука се паркираат и таксисти кои си го фрлаат отпадокот од нивните возила во нашите дворови исто така уринираат карши црквата.Едноставно сами си имаат поставено такси станица.Ве молиме ова да не се отфрла како проблем и што побрзо да се реши бидејки летниот период ке биде извор на зараза.Поздрав од група грагани од ул.томе арсовски Одговор: Почитувани. Ве известуваме дека по направениот увид на терен од страна на стручните опшински служби, стапивме во контакт со фирмата која ги извршува градежните работи, и писмено и усно им се обративме да го санираат прекопот изведен од нивна страна, бидејќи изведената градежна работа е во нивна надлежност. Ви благодариме за разбирањето, соработката и трпението.
Со почит, општина Кисела Вода
Име и Презиме : Горан Датум: 28.02.2015 Прашање: Ве известуваме по не знам кој пат дека на улицата Мишко Михајловски више нема кај да се движиме а не да се паркираме.Не ни сакам да зборувам за состојбата на улицата и тротоарите.Ве молам да изнајдете трајно решение за овој проблем бидејќи веќе е неподносливо да се живее во страв дека некој ќе ти ја дигне или оштети колата.Овој проблем е настанат бидејќи новите згради немаат обебедено доволен број на паркинг места, а и сопствениците на станови во одредени згради бесправно поставуваат “шепи” на тротоари.Мислам дека најдобро решение е да се Одговор: Почитувани Со почетокот на градежната сезона, односно во месец април, Агенцијата за државни патишта треба да отпочне со реконструкција на коловозот и тротоарите на посочената улица. Со почит, општина Кисела Вода Име и Презиме : Биљана Датум: 26.02.2015 Прашање: Почитувани Ние граѓаните од НАСЕЛБА ПИНТИЈА веќе се изморивме молејќи Ве Вас нашите народни избраници да ни ја санирате улицата со број 1513 по ново или пак Саса 2 по старо (поточно од школото па нагоре на уште 300-400 м). постојано велите “со почеток на градежната сезона” а таа за нас граѓаните од НАСЕЛБА ПИНТИЈА никако да почне. Одговор: Почитувани, Со почетокот на градежната сезона, односно во месец април, треба да се отпочне со реконструкција, санација на улици во општина Кисела Вода. Затоа би Ве замолиле за малку трепение и разбирање, бидејќи општината максимално, во согласност со финансиските можности, работи за доброто на граѓаните. Со почит, општина Кисела Вода
Име и Презиме : Томе Датум: 25.02.2015 Прашање: Само да ве информирам дека се започнати некакви градежни работи за кои никој не знае (не сака) да каже какви. Се работи за просторот зад зградата А1 до дисконтот на Тинекс на улица Борис Трајковски, на 300-400 метри од општината. Одговор: Почитувани, Ве информираме дека општината отпочна со градежни активности за изградба на игралиште за деца со посебни потреби на потегот зад зградата А1, каде што е поставена информативната табла. Градежните активности, односно целото игралиште, ќе биде готово до средината на месец април. Имено, примената на ваков тип на игралиште овозможува преку игра да се поттикнува инклузијата на децата со посебни потреби и создава услови за нивен развој заедно со сите останати деца, кои исто така можат да го користат ова игралиште. Низ нивното дружење, тие ги развиваат и своите социјални способности. Со почит, општина Кисела Вода
Име и Презиме :Ивана Датум: 23.02.2015 Прашање: Почитувани, Одговор: Почитувани, Со почетокот на градежната сезона, односно во месец aприл, треба да се отпочне со реконструкција, санација на улици во општина Кисела Вода. Затоа би Ве замолиле за малку трепение и разбирање, бидејќи општината максимално, во согласност со своите финансиски можности, работи за доброто на граѓаните. Со почит, општина Кисела Вода
Датум: 23.02.2015 Прашање: Здраво Би сакал на доградбата да ги сменам старите салонитки со нов кров од керамиди. Однапред Ви благодарам Одговор: Почитувани, Согласно член 97 од Законот за градење (“Службен Весник на Република Македонија” број 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/1, 79/13 и 137/13), за реконструкција на објект или дел од објект сопственикот на објектот до надлежниот орган од членот 58 (во Вашиот случај објектот е од локално значење и одобрение за градење издава градоначалникот на општината) на овој закон треба да поднесете барање за одобрение за реконструкција при што со барањето потребно е да поднесете: -доказ за правото на сопственост на посебниот дел од објектот, односно станот или делот од стан, -основен проект за предвидената реконструкција на објектот со извршена ревизија, -извод од урбанистички план со кој се потврдува дека објектот од ставот (2) на овој член е предвиден со важечкиот урбанистички план. Согласно Законот за градење (“Службен Весник на Република Македонија” број 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/1, 79/13 и 137/13), доколку сакате да правите доградба ќе треба да поднесете барање за одобрение за градење. За подетални информации можете да се повикате на следниот link: https://www.gradezna-dozvola.mk/Account/Login?ReturnUrl=%2f За дополнителни информации можете да се јавите во Секторот за урбанизам и просторно планирање, барака 3, во кругот на Општина Кисела Вода, секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот.
Име и Презиме : Дејан Галевски Датум: 20.02.2015 Прашање: Здраво Би сакал да добијам информација кога ќе се донесе дуп за реон ј16. Однапред Ви благодарам Одговор: Пoчитувани, Предлог планот за реон Ј, четврт Ј16 согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, Правилникот за поблиска содржина, размер и начин на графичка обработка на урбанистички планови, Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање и Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 година е во фаза на изработка, по приватна иницијатива. Вашите забелешки и сугестии ги очекуваме на јавната анкета и презентација за која граѓаните ќе бидат информирани во пишаните медиуми (дневни весници) и на web – страната на Општина Кисела Вода. За подетални информации можете да се обратите секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот во просториите на Општина Кисела Вода, барака 3.
Име и Презиме : Ана Датум: 20.02.2015 Прашање:
Одговор: Почитувани, Пренамена во деловен простор може да се направи доколку имате, согласно Деталниот урбанистички план за соодветната градежна парцела, предвидено компатибилни содржини со намена Б (комерцијални и деловни намени) и тоа во рамки на максималниот дозволен процент на компатибилната класа на намена во однос на основната класа на намена.
Име и Презиме : Драгољуб Датум: 16.02.2015 Прашање:
Одговор: Почитувани, Увид во Деталните урбанистички планови можете да направите секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот во Секторот за урбанизам и просторно планирање, соба 5, барака 3 во кругот на Општина Кисела Вода. Општина Кисела Вода започна со имплементација на интегриран Географски Информационен Систем со чија примена граѓаните ќе имаат постојан увид во усвоените детални урбанистички планови на територијата на Општина Кисела Вода. Плановите кои ги немаме во dwg (векторски) формат, не се дел од овој систем.
Име и Презиме : Весна Датум: 16.02.2015 Прашање:
Одговор: Почитувани, Согласно законот за градење доградба и надградба е изведување на работи на постоен објект со кои се влијае на основните елементи според кои е изграден објектот, а посебно на конструкцијата во висина, со изградба на нови етажи до максимално дозволената висина со урбанистичкиот план при што може да се влијае на конструктивниот систем во рамките на постојните габарити на основата. Согласно членот 63 од Законот за градење: “При доградба и надградба на објект се спроведува истата постапка предвидена за добивање на одобрение за градење пропишана со овој закон”. Барањата за одобренние за градење се поднесуваат електронски, а за повеќе информации можете да се повикате на следниот link: https://www.gradezna-dozvola.mk/Account/Login?ReturnUrl=%2f На следниот link моќете да се повикате за формуларот за Б А Р А Њ Е за одобрение за градењe на дел или делови на градба За подетално информации можете да се јавите во Секторот за урбанизам и просторно планирање секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот, барака 3 во кругот на Општина Кисела Вода. Име и Презиме : Мирјана Денковска Датум: 12.02.2015 Прашање: Живеам во Нас. Пинтија, сакам да прашам каде треба да се обратам, дали може да поставам кен-контејнер ( козметички салон) во мојот двор времено и дали се плаќа некој надоместок. Одговор: Почитувани, Општина Кисела Вода нема изработено Микролокациски планови за поставување на урбана опрема. Како резултат на тоа нема да може да Ви издадеме Решение за поставување на урбана опрема во рамки на Вашата градежна парцела. Име и Презиме : Мики Датум: 12.02.2015 Прашање: Почитувана , Градоначалничке на Општина Кисела Вода. Одговор: Почитувани, Согласно изготвениот и усвоениот ДУП ,на парцела КП 2314 е предвидено изградба на детско и спортско игралиште, што значи дека поставениот кош е дел од урбаната опрема за спортска рекреација. Ова значи дека Вашето замјиште е зафатено со маркица со намена Д3. Со почит, општина Кисела Вода
Име и Презиме : Иван Датум: 12.02.2015 Прашање: Почитувани, Одговор: Почитувани, Градежната сезона започнува во месец Aприл, кога треба да се отпочне со реконструкција, санација на улици во општина Кисела Вода. Затоа би Ве замолиле за малку трепение и разбирање, бидејќи ве уверуваме, дека општината, во согласност со финансиите и можностите, целосно работи во насока на подобрување на условите во кои живеат нејзините жители. Со почит, општина Кисела Вода
Име и Презиме : Звонимир Ќурчиев Датум: 11.02.2015 Прашање: Почитувани,и покрај големиот интерес кај граѓаните за изработката на предлог ДУП за Ј-14,до сега нема никаков одговор од Ваша страна кога ќе го видиме на анкета истиот.Зарем навистина немате плански рокови,крајни рокови итн.Одговорот ,’во изработка е’,навистина е минималистички и не задоволува.Без урбанизација на тој простор К.Вода не личи на урбана средина.Бидете потранспаретни и поконкретни.Ви благодарам.Поздрав.. Одговор: Почитувани, Постапката за донесување на Детален урбанистички план за реон Ј, градска четврт Ј14, Општина Кисела Вода, Скопје, е започната и е во тек. Планската документација за Деталниот урбанистички план за реон Ј, четврт Ј14 (локалитет Расадник, југоисточна изндустриска зона Кисела Вода и локалитет МЗ 70 Кисела Вода – 3, плански опфат помеѓу: улица “Првомајска”, булевар “Србија”, улица “Сава Ковачевиќ” и улица “Народни Херои”), согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, Правилникот за поблиска содржина, размер и начин на графичка обработка на урбанистички планови Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање и Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 година е во фаза на изработка. Вашите дополнителни забелешки и сугестии ги очекуваме на јавната анкета и презентација за која граѓаните ќе бидат информирани во пишаните медиуми (дневни весници) и на web – страната на Општина Кисела Вода. Јавната анкета и презентација ќе биде организирана по добивањето на Согласност од Агенцијата за катастар на недвижности, согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање.
Име и Презиме : Добросав Датум: 10.02.2015 Прашање:Дали се работи нов детален урбанистички план за населба Пржино (делот од поранешните бараки), дали со него ќе се менува и ширината на сервисните улици во населбата, ако се менува како ќе се постапи со приватното земјиште и правно изградените објекти до (или блиску) улицата. Одговор: Почитувани, Постапка за донесување на Деталени урбанистички планови за дел од населба Пржино, Општина Кисела Вода, Скопје, е започната и е во тек. Овие планови се изработуваат како Детални урбанистички планови за Блокови во рамки на Градска четврт Ј20, согласно ГУП на Град Скопје. Планската документација за Деталните урбанистички планови за блоковите во рамки на Градската четврт Ј20 ќе биде изработена согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, Правилникот за поблиска содржина, размер и начин на графичка обработка на урбанистички планови Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање и Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 година. Вашите дополнителни забелешки и сугестии ги очекуваме на јавната анкета и презентација за која граѓаните ќе бидат информирани во пишаните медиуми (дневни весници) и на web – страната на Општина Кисела Вода. За подетални информации можете да се јавите во Секторот за урбанизам и просторно планирање секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот, соба 14, барака 3 во кругот на Општина Кисела Вода. Име и Презиме : Мила Датум: 09.02.2015 Прашање:По наредбата на директорот на ОУ Кирил Пејчиновиќ децата влегуваат на училиште само преку предната врата. На тротоарите се паркирани впзила и децата се движат по улицата Пушкинова и се изложени на опасност од возилата, кои што се движат со неприлагодена брзина. Ве молиме да се постават столбови за да се ослободи тротоарот од паркираните возила за да можат децата безбедно да се движат по тротоарот на ул.Пушкинова или пак да се отвори задната врата на училиштето,која до сега беше отворена секое утро од 1972 година. Одговор: Почитувана, Ве известуваме дека ООУ ,,Кирил Пејчиновиќ” – Кисела Вода – Скопје, во текот на зимскиот распуст реализираше повеќе градежни зафати за подобрување на условите за реализирање на воспитно-образовниот процес. Имено станува збор за промена на ПВЦ прозорци во делот каде се уште беа старите дрвени прозорци. Покрај оваа санација беше променета и старата влезна врата односно беше поставена нова метална каса и ново стакло – термопан на истата. Бидејќи сеуште не се ставени гумени заштитни кедери, истата, од безбедносни причини не се користи. Училиштетото има официјален и главен влез во училишната зграда низ кој влегуваат и излегуваат сите ученици и родители, а на учениците кои доаѓаат од задната страна на училиштето, задната дворна врата им е секогаш отворена и низ училишниот двор безбедно можат да доаѓаат до главниот влез на училиштето.
|
Почитувани,
Ве известуваме дека за предметниот објект на ул.Виктор Иго има поднесено барање за легализација.
За да Ви се дадат подетални информации ќе треба да доставите доказ дека сте странка во постапка или за информацијата да се обратите до Инвеститорот на објектот или сопствениците на земјиштето. За дополнителни информации може да се обратите до Секторот за урбанизам и просторно планирање, барака 3 во кругот на Општина Кисела Вода секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот.
Со почит,
Општина Кисела Вода
За најактуелните теми кои директно ги засегаат жителите на општина Кисела Вода, за досега реализираното и она што се планира, но и понекое приватно прашање J, гостување во опуштена атмосфера на утринската прграма “Добро утро, секое утро на Алфа ТВ”