Општина Кисела Вода продолжува со интензивно урбанистичко планирање. Во насока на создавање на рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот и создавање услови за хумано живеење и работа на граѓаните, Општина Кисела Вода ја започна постапката за носење на неколку клучни урбанистички планови. Од утре (27.08.2013 год.), започнува јавна анкета по Предлог – Деталниот урбанистички план за реон Ј, четврт Ј13, Општина Кисела Вода, плански период 2013-2018, со кој ќе се уреди просторот помеѓу булеварот “Македонија” – Ж, булеварот “Србија”, улицата “Борис Трајковски” и улицата “Народни Херои”, односно “Михаил Чаков”.
Опфатот е со површина од 28,40ха.
Основната, основно доминантна класа на намени е согласно одредбите на Генралниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022, која што местимично ќе биде надополнувана и со други класи на намени.
Јавната анкета и јавната презентација по Предлог – Деталниот урбанистички план за реон Ј, четврт Ј13, ќе се спроведе со излагање на Предлог – Планот во просториите на урбаната заедница “11-ти Октомври – бараки”.
Јавната анкета ќе трае 10 работни дена од денот на објавувањето на соопштениетo, а сите заинтересирани граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови, секој работен ден од 7-15 часот, во канцеларијата на оваа урбана заедница.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 30.08.2013 година во 10 часот во просториите на урбаната заедница “11-ти Октомври – бараки”.