Search
Close this search box.

Еколошки акции во Општина Кисела Вода

Сезонските работници за вршење јавни работи во координација со Одделението за животна средина во општината, во текот на оваа работна седмица изведоа неколку акции за собирање листови и отпадоци од улиците и јавните површини, отстранување на искастрени гранки, чистење на диви депониии и уредување на јавните површини.

Имено, активностите на сезонските работници беа насочени кон чистење, метење, косење и собирање на комунален смет, лисја, гранки и трева во парковите: Паркот кај поштата во населба Драчево, мини-плоштадот во село Драчево, парковите “Македонија”, “Пушкин” и “Шопен”, како и паркот на пензионерите во населбата Драчево. Паралелно се изведуваа активности за собирање на комунален отпад околу сите детски и спортски игралишта и објектите на сите 14 месни и урбани заедници на територија на Општина Кисела Вода. Косење, метење и собирање на отпад и сува трева се изврши на улиците: “Козјак”, “Востаничка”, “Христо Татарчев новопроектирана”, “Христо Татарчев 11”, “Христо Татарчев – Расадник”, “Јустинијан Први”, Булеварите “Борис Трајковски” и “Србија”, улиците “Чедомир Кантарџиев”, “Огњан Прица”, “14-ти Декември”, “Христо Узунов”, “Партение Зографски” и улицата “Христо Татарчев 14 –бабин Дол” при што беа собрани вкупно 10 кубни метри смет. И следната работна седмица, лицата задолжени за вршење јавни работи ќе продолжат со активностите за уредување на јавните површини, согласно предвидениот план и динамика за работа.

 

Споделете:

Scroll to Top