Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода врши избор на најубаво уредени двор и тераса

Општина Кисела Вода распиша конкурс за избор на најубаво уредени двор и тераса на нејзината територија. Целта на конкурсот е да се промовира и популаризира грижата за животната средина и за природата, да се поттикне креативниот дух и да се мотивира населението да ја озелени, обои и разубави својата животна средина. 

 

Општина Кисела Вода ги повикува сите заинтересирани граѓани на територија на Општина Кисела Вода да земат активно учество во рамките на пролетната еко-акција на кој начин би докажале дека грижата за животната средина е неотповиклива мисија на секој жител на планетата Земја.
Комисијата формирана за таа намена, ќе врши избор во две категории:
1. Најубаво уреден двор,
2. Најубаво уредена тераса.
Пријавите на заинтересираните граѓани може да се достават по пошта на адреса: Општина Кисела Вода-Сектор за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина, Одделение за заштита на животната средина и природа, ул.Петар Дељан бр.17, или во архивата на Општина Кисела Вода. Подетални информации може да се добијат на тел.02/2785-451 и 02/2785-465.
Пријавата треба да содржи име и презиме, контакт телефон, точна адреса и фотографии не постари од еден месец.
Пријавувањето на конкурсот трае до 20.06.2013 година.

Споделете:

Scroll to Top