Search
Close this search box.

Најстарата градинка во Кисела Вода прослави 70 години

Најстарата градинка која се наоѓа на територија на општина Кисела Вода „Весели Цветови“ го прослави 70 годишниот јубилеј од своето постоење. Во петте објекти на градинката: „Перуника“, „Синоличка“,„ Мимоза“,„ Кокиче“ и „Сончоглед“, бројни генерации ги направиле првите чекори во животот, во кои стекнале моменти кои ги дефинирале како личности.

Оваа година во општина Кисела Вода беа отворени два нови објекти, градинка во Припор објект „Стапалче“ кој е во склоп на градинката „8-ми Март“ и градинка во Црниче објект „Перуника“ која е во склоп на градинката „Весели Цветови“. Објектот Перуника е првиот јавен објект кој за загревање користи еколошко био гориво со што штеди енергија и не ја загадува околината.

На Свечената манифестацијата која се одржа во спортската сала „Независна Македонија“, се обрати Директорката на градинката „Весели Цветови“ г-ѓа Валентина Божиновска.

-Во овој момент би сакала искрено да се заблагодарам на општина Кисела Вода, на Градоналаникот г-ѓа Билјана Беличанец Алексиќ и на Претседателот на Совет на општината г-дин. Трајче Донев кои во континуитет инвестираат и превземаат најразлични активности за подобрување на условите во градинката Весели Цветови и во осовременувањето на воспитно – образовниот процес – истакна Директорката Валентина Божиновска.

Во пристигната честитика од кабинетот на Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов беше потенциран континуираниот ангажман на вработените од градинката во немерливиот придонес за развојот, воспитувањето и образувањето на децата од предучилишна возраст.

Доделени беа благодарници на градоначалникот на општина Кисела Вода г-ѓа Билјана Беличанец Алексиќ, како и на сите претходни директорки  меѓу кои беше и првата директорка на градинката „Весели Цветови“ Танка Николовска.

Децата од градинката од воспитните групи од 5 до 6 години ги почестија присутните со музички настап на тема „Некогаш и Сега“.

 

 

 

 

 

Споделете:

Scroll to Top