Во чест на првиот роденден од формирањето на организационата единица Посада Кисела Вода (составена од патролите од основните училишта “Партенија Зографски“, “Кирил Пејчиновиќ“ “Невена Георгиева Дуња“, “Кузман Шапкарев“ и “Рајко Жинзифов“, сите од Општина Кисела Вода), воедно и за популаризација и афирмација на скаутизмот како светска придобивка, “Извидничкиот поречански одред Јадран“ Скопје, поддржан од Општина Кисела Вода, во саботата (21.09.2013 година), беше организатор на ориентационо натпреварување под името “Извидниците за Кисела Вода”.
На натпреварувањето учество зедоа вкупно 209 извидници, од 5 извиднички одреди.
Во периодот од 09.00 – 17.00 часот, општината беше преплавена од четирчлени натпреварувачки екипи извидници, кои поминуваа 6 контролни точки (важни објекти и знаменитости) низ општината Кисела Вода.
За најдобрите екипи беа обезбедени пехари и дипломи за Одредите учесници.
Натпреварот беше организиран во две категории според возраста на учесниците.
Победници во категоријата “Развигорци“ (извидници на возраст до 5 одделение) се извидниците од ИПО Галеб Скопје.
Победници во категоријата “Помлади извидници“ (извидници на возраст до 8 оделение) беа извидниците од Извидничкиот Одред “Методија Митевски- Брицо“ Скопје.
За сите учесници беа обезбедени амблеми, сендвичи и сокови.