Оваа рaботна седмица актуелни се квизовите за протипожарна заштита во основните училишта во Општина Кисела Вода. Во вторникот (29.10.) квиз натпревар по противпожарна заштита се одржа во ОУ “Круме Кепески”, додека пак, во средата (30.10.) ваков натпревар се одржа во ОУ “Св. Климент Охридски“ во село Драчево, каде учество зедоа екипите на основните училишта: ”Св.Климент Охридски“, “Кузман Шапкарев“, “Рајко Жинзифов“ од населба Драчево и ОУ “Марко Цепенков“ од село Зелениково.
На натпреварот прво место освои екипата на домаќините – ОУ,,Св.Климент Охридски“ со 248 бода, со што како екипа со најголем број бодови на општинско ниво се пласираше директно на градскиот натпревар по противпожарна заштита. Организатор на натпреварите е Противпожарниот сојуз на Град Скопје.