Отворено културно лето “Три Круши 2013”

По осми пат годинава, Општина Кисела Вода ја продолжува традицијата и го организира културното лето “Три круши 2013”. Пред повеќе од 3.000 посетители, вчеравечер на верско-рекреативниот центар “Три круши” во с. Драчево стартуваше културното лето во Кисела Вода, кое годинава се реализира под мотото “Бранувано Културно Три круши 2013-то лето”. 

 

Честа да го отвори овогодинешното културно лето, ја имаше покровителот на манифестацијата, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, која во својот говор посочи дека од самиот зачеток, пред осум години, до денес, културното лето ги оправда очекувањата и со бројните домашни и странски гостувања, со шареноликата културна програма која ја понуди, прерасна во престижна културна манифестација.  

-“ Во предвечерието на големиот христијански празник “Духовден”, Општина Кисела Вода со благослов на црквата ја продолжува традицијата.  На тој начин се навраќаме на корените и ја покажуваме нераскинливата врска на граѓаните со ова свето, црковно место – порача градоначалникот Беличанец – Алексиќ.
Таа се осврна и на работата на општината во изминатите два месеци и посочи дека понекогаш е тешко да се видат резултатите веднаш, но фаќањето вкостец со повеќедецениските наталожени комунални проблеми, треба да се одвива со планско, систематично и практично темпо. Само на тој начин можат да се постигнат долгорочни и квалитетни резултати, а локалната самоуправа да го потврди епитетот на вистински сервис на граѓаните.
-“Овогодинешното културно лето кое се реализира под мотото “Бранувано Три круши 2013-то културно лето”, се карактеризира со неколку елементи кои произлегоа токму од Вас – граѓаните. Програмата се подготвуваше во дослух со граѓаните, а локациите на изведба на овогодинешните манифестации се дисперзирани низ целата територија на општината. Со годинашната богата културна програма, која ќе ја понуди културното лето “Три Круши” се надевам дека ќе ги задоволиме вкусовите на сите генерации и дека во следниот двомесечен период ќе можете да уживате на овој прекрасен локалитет – заврши Беличанец – Алексиќ.
Претставникот на црквата Св. Спас, отец Тимчо, ги поздрави и благослови присутните и посака заштитничката на локалитетот “Три Круши” – Св. Петка да им донесе здравје, среќа и благосостојба.

Културната манифестација први ја отворија претставниците на црковно-византискиот хор “Хармосини” под диригентското водство на Ристо Солучнев, по што следеше брилијантниот едночасовен концерт на македонскиот и светски музички бренд, етно-групата “Синтезис”, која е чесен и достоен продолжувач на македонската фолклорна традиција.

Забавата ќе продолжи во сабота (22.06.2013) на верско-рекреативниот центар “Три Круши”, со гостување на Драмскиот театар со претставата “Последните Македонци”.
Куриозитет е тоа што годинава, културните настани ќе се дисперзираат и на други локации низ општината. Културни манифестации ќе се реализираат во парковите “Фредерик Шопен” и “Македонија”, како и во подрачното училиште “Кузман Јосифовски – Питу” во Црниче. За сите заинтересирани граѓани и годинава, Општина Кисела Вода обезбеди бесплатен автобуски превоз до локациите каде ќе се одржат културните манифестации.

 

Споделете:

Scroll to Top
kolaybet giriş
betgaranti
bettilt
betgaranti
Kolaybet
bettilt
Kolaybet Giriş
Kolaybet
Kolaybet
Kolaybet Giriş
Kolaybet
Hititbet Giriş
betgaranti
hititbet giriş
hititbet giriş
betorder
kolaybet
betnano güncel giriş
betnano güncel giriş
betnano güncel giriş
betnano güncel giriş
matbet
matbet
matbet
matbet
betnano
betnano
sahabet
norabahis
Tuzla İpek Kirpik
tuzla cilt bakım merkezi
Tuzla Lenf Drenaj
holiganbet
holiganbet
holiganbet
supertotobet
kolaybet
bettilt
grandpashabet
grandpashabet
betpark
betgaranti
betgaranti
betpark
holiganbet
hititbet güncel giriş
hititbet mobil giriş
hititbet yeni giriş
bettilt
holiganbet
holiganbet
holiganbet
betgaranti