Во рамките на програмските активности за развој на противпожарната заштита на Општина Кисела Вода и одлуката на Противпожарниот сојуз на Република Македонија, Општинскиот Противпожарен Сојуз – Кисела Вода и оваа година организира квиз натпревар по противпожарна заштита во соработка со сите основни училишта од Кисела Вода. Секое училиште учествува со екипи, квизот се одржува во два дела, полуфинални натпревари по пат на тестирање и финални натпревари на првопласираните екипи.
Првиот дел се одржа на 29.10. 2013 година во ОУ “Круме Кепески“, каде учество зедоа учениците и ментори од шест основни училишта.
Најдобри познавања од противпожарната заштита покажаа учениците од од ОУ “Кузман Јосифовски – Питу” кои го освоија првото место. Втори беа учениците од ОУ ,,Кирил Пејчиновиќ”, додека трети беа учениците од ОУ,,Круме Кепески”.
Победниците ќе земат учество и ќе ја претставуваат Општина Кисела Вода на Градскиот противпожарен квиз натпревар.