Со денешното доделување на 31 решение за легализација на дивоизградени објекти, бројот на решени предмети за легализација во Општина Кисела Вода достигна 1631. Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ информираше дека откако е воспоставена практиката за делење решенија за легализација на неделно ниво, постигнати се посакуваните ефекти.
-“Од една страна се зголеми нормата за издавање на решенија за легализација на неделна основа, но и се стимулираа граѓаните да ја докомплетираат документацијата, односно да ги доставуваат геодетските елаборати” – изјави Беличанец – Алексиќ.
Таа им честиташе на граѓаните и порача дека практиката за делење на решенија на неделна основа ќе продолжи и понатаму.