Search
Close this search box.

Над 4100 дивоградби досега легализирани во општина Кисела Вода

Нови 50 дивоградби легализираше денес општина Кисела Вода. Со денешното јавно доделување на новите решенија, правен статус добија вкупно 4113 објекти, или една третина од пристигнатите 11881 барања за легализација. Општина Кисела Вода која во изминатиот период превзема низа мерки со цел за процесот на легализација да тече со задоволителна динамика, како кадровско и техничко доекипирање на Одделението за легализација на дивоградби, зголемување на бројот на комисии кои излегуваат на терен и воведувањето на практика за решавање на минимум 40-50 предмети на неделно ниво, уште еднаш упати апел до граѓаните кои ја немаат докомплетирано документацијата што поскоро да го сторат тоа за процесот да може непрекинато да тече. Бројот на поднесени барања без геодетски елаборат, во овој момент, изнесува 3030. Исто така, изготвени се уште 175 урбанистички согласности, од кои, за 117 се чека уплата на надоместокот, за постапката за изготвување на Решенијата за легализација на објектите да може да се продолжи.

Споделете:

Scroll to Top