Search
Close this search box.

Покана до медиуми

Во недела (08.09.2013 година), со почеток во 12:00 часот, на улицата “Борис Трајковски” на влезот на населбата Пинтија (до автобуската станица, во близина на семафорите) ќе се пушти во употреба новата водоводна мрежа за населбата Пинтија. На свеченоста ќе присуствуваат вице-премиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ и претставник на Светска банка во Република Македонија.

Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.

 

Споделете:

Scroll to Top