Search
Close this search box.

,,Дуња“ и ,,Питу“ славеа

Општината Кисела Вода со низа  спортски активности го одбележи Денот на независноста на Република Македонија  “8-ми септември“. Масовноста во училишниот спорт, којзнае по кој пат докажува, дека, општината Кисела Вода е супериорна  на државно ниво во овој проект. 

Највозбудливо беше на фудбалскиот и шаховскиот турнир. Фудбалерите, силите ги одмерија на новото повеќенаменско фудбалско игралиште во МЗ 11-ти Октомври – згради. Овде, интересно е дека победниците се решија дури по изведувањето на пеналите. Во финалето, ОУ ,,Невена Георгиева – Дуња“ славеше со 3:2.  Сигурни пеналџии за  ,,Дуња“ беа Н. Андрески, А. Магдевски и Д. Спасовски. Во регуларниот дел средбата заврши 2:2.

Во натпреварот за третото место, пак,  ОУ ,,Кузман Шапкарев“ славеше над ОУ ,,Кирил Пејчиновиќ“ со 7:6. Во регуларниот тек средбата заврши без голови, додека во ,,пенал рулетот“ поуспешни беа гостите од Драчево.

Возбудливо беше и на шаховскиот турнир.  Приматот во екипната конкуренција го освоија шахистите на ОУ ,,Кузман Јосифовски – Питу“ со освоени 7,5 поени, пред своите врсници од ОУ ,,Кирил Пејчиновиќ“ со 7 и ОУ ,,Партенија Зографски“ со 6,5 поени. Во поединечна конкуренција,  најуспешен шахист беше Јован Смилевски (ОУ К.Ј.Питу), второпласиран беше Матеј Кутиров (ОУ Ќ. Пејчиновиќ) додека третото место му припадна на Никола Георгиевски (ОУ П.Зографски). Покровител на спортските натпревари беше градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, а победниците беа наградено со пехари и дипломи.  

Споделете:

Scroll to Top