Search
Close this search box.

Спектакуларен концерт на Миле Кузмановски

На сцената на амфитеатарот на верско-рекреативниот центар “Три круши” пред околу 1000 посетители, во рамките на овогодинешното културно лето, Миле Кузмановски со својот двочасовен концерт, покажа и докажа зошто е еден од нашите најдобри интерпретатори на македонската народна музика.

Миленикот на драчевската публика не го штедеше гласот, ниту пак емоциите, особено при интерпретацијата на една од неговите вонвременски песни „Не кани ме“. Се нижеа и „Крал без круна“, „Што побарав од тебе, Господе“, „Падни стани“ и ред други хитови по мерак на публиката, која со своето присуство покажа дека никогаш не е и доста од убава македонска песна и глас каков што е оној на Миле Кузмановски.

Концертната програма на културното лето продолжува и вечерва. Со почеток во 21:00 часот, целовечерен концерт на верско-рекреативниот центар “Три круши” ќе одржат Силви бенд.

Утревечер пак, во рамките на свеченото отворање на Паркот на бранителите во нас. Драчево, со почеток во 20:30 часот, настап ќе имаат Митан Проект и Андријана Јаневска.

Влезот за граѓаните е отворен.

Споделете:

Scroll to Top