Search
Close this search box.

Музички викенд на културното лето во Кисела Вода

Забавна и традиционална македонска музика ќе понуди културното лето “Бранувано културно Три круши 2013-то лето”  престојниот викенд. Имено, утревечер (12.07.) на верско-рекреативниот центар “Три круши” во Драчево, со почеток во 21:00 часот, целовечерен концерт ќе одржи групата “Фортуна”.

Во сабота пак, во паркот “Шопен” во истиот термин концерт ќе одржи Драган Даутовски квартет.

Влезот за граѓаните е отворен. 

Споделете:

Scroll to Top