Search
Close this search box.

Нови 40 решенија за легализација во Кисела Вода

Процесот на легализација на бесправно изградени објекти во Општина Кисела Вода продолжува со несмалена динамика. Практиката за делење на решенија за легализација на неделна основа веќе ги даде посакуваните резултати. Имено, откако градоначалникот Беличанец – Алексиќ ја воспостави оваа позитивна практика за јавно доделување на решенијата, општината доделува во просек по околу 40-тина решенија за легализација неделно, со што интензивно се зголемува процентот на легализирани објекти во општината.

 

И денес, на свечен начин во големата сала на Општина Кисела Вода, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ додели нови 40 решенија за легализација на бесправно изградени објекти.

-“Mора да потенцирам дека главната улога во овој процес, покрај општината, ја имате токму Вие – граѓаните. И затоа и овој пат ќе си дозволам јавно да ги повикам сите граѓани кои немаат изготвено геодетски елаборат, да го сторат истото во најкраток можен рок, бидејќи со некомплетна документација, односно без елаборат го доведуваат во прашање легализирањето на објектот. Само за потсетување, крајниот рок за доставување на елаборатот е 18-ти јуни 2014 година, што подразбира дека околу 4.500 граѓани од Кисела Вода имаат само уште неколку месеци за да ја докомплетираат документацијата, односно да го достават геодетскиот елаборат” – рече Беличанец – Алексиќ.

Таа повторно упати апел до сите граѓани да не го злоупотребуваат процесот на легализација и да градат нелегално во овој вакуум простор, бидејќи како што рече, ќе се соочат со Општинската градежна инспекција.

-“Сакам да Ве информирам дека Општинската градежна инспекција е перманентно на терен и секоја нелегална градба која ќе се детектира, а истата не е подведена под Законот за третман на бесправно изградени објекти, односно нема легална документација за градба, веднаш ќе биде срушена. Под ова се подразбира секоја доградба и надградба на постоечките нелегални објекти, но и секоја нова градба која е започната, а е со некомплетна документација и не се гради во согласност со нормативите на Законот за градење” – заврши Беличанец – Алексиќ.

Споделете:

Scroll to Top