Search
Close this search box.

Градоначалникот Беличанец – Алексиќ ќе ги посети месните заедници Усје и Припор

Градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ со својот тим ги продолжуваат  посетите на месните и урбани заедници во општината. Согласно динамичниот план, утревечер (06.11.) општинските претставници ќе имаат средби со жителите на населените места Усје и Припор.

Први шанса да ги ислушаат проектите на општината и да ги презентираат комуналните проблеми со кои се соочуваат, ќе имаат жителите на Усје, кои во просториите на оваа месна заедница, со почеток во 18:30 часот ќе можат да присуствуваат на граѓанската средба.

Во 20:00 часот пак, раководниот тим од општината Кисела Вода ќе ја посети месната заедница во населбата Припор.

Споделете:

Scroll to Top