Општина Кисела Вода продолжува со интензивните градежни активности за асфалтирање на нови и реконструкција на постоечки сервисни улици на нејзината територија.
Во таа насока, во рамките на своите активности за подобрување на сообраќајната инфраструктура на нејзината територија, општината во изминатиот месец реконструираше околу 27 сервисни улици во 5 месни и урбани заедници, каде е поставен асфалт на вкупна површина од околу 5.000 квадратни метри.
Со акцијата за санација на коловозот беа опфатени улиците: “Филип Клајиќ”, “14-та Бригада”, “Таки Даскалот”, “Шандор Петефи”, “Гутенбергова”, “Волтерова”, “Марија Кири”, “Радое Дакиќ”, “Ѓорѓи Динката”, “Робеспјерова”, “Живко Фирфов”, “Славчо Стојменски”, “Бранко Заревски”, “Андреа Петковиќ”, “Ниџе планина”, “Гандиева” и “Славка Динкова” во населбата Драчево.
Во месната заедница Припор се реконструираа кракот 24, кракот 26 и дворот на ПОУ “Круме Кепески”, додека пак во месната заедница Усје целосно се реконструираше улицата 4 на површина од околу 700 квадратни метри.
Во населбите 11-ти Октомври – бараки и Градинар се реконструираа улиците: “Лазар Димитров”, “Кумановска”, “Спиро Гулапчев”, “Ефтим Спространов”, “Андреј Димишков”, “Димитар Мирасчиев” и кракот 7 во Градинар, а заврши и реконструкцијата на улицата 474 во населбата Бирарија.
Во моментов екипи на фирмата “Бауер БГ” работат на улиците: “Славка Динкова” во Драчево, кракот на ул. 4 во Усје, улицата 37 во Припор и кракот бр. 118 на улицата “Востаничка”.
Во следниот период, согласно динамиката за работа ќе се пристапи кон реконструкција на краците 6, 22, 28 и 30 во Припор, кракот 2 на улицата “Партизански пат” во Драчево и улицата 3 во Усје.
Истовремено, со павер елементи ќе се поплочат и краците 31, 33, 36а и 2а во населеното место Припор.
Со реконструкцијата на овие нови улички ќе се подобри сообраќајната инфраструктура во овој дел од Кисела Вода, а на жителите ќе им се олесни пристапот кон другите делови од општината и кон центарот на градот.