Градежните активности за санација на ударните дупки во Општина Кисела Вода се изведуваат со засилена динамика. Оваа работна седмица, екипи на фирмата Бауер БГ ДОО – Скопје, започнаа машинско гребење и асфалтирање на ударни дупки на неколку сервисни улици во населбата Драчево, при што се изгребани 400 квадратни метри асфалтна маса. По завршување на машинското гребење се пристапи кон чистење, прскање и премачкување со емулзија, машинско набивање и пополнување со асфалтна маса, при што се поставени околу 40 тони нова асфалтна маса. Нововградениот асфалт е од тип АБ-11 со дебелина Д – 5 см.
Деновиве санација на ударните дупки се изведува и на улицата “Славка Димкова”, која е една од пофрекфентните улици во населбата Драчево, поради што Општина Кисела Вода апелира до граѓаните да ја избегнуваат за сообраќај оваа улица се до завршување на градежните работи.