Search
Close this search box.

Се гради нов спортско-рекреативен центар во Дупки во Драчево

Нов спортско-рекреативен центар никнува во местото Дупки во Драчево. Со голем интензитет Општина Кисела Вода продолжува да инвестира во обновата на спортска инфраструктура на своја територија. За овие две години, ова е дванаесеттиот спортско-рекреативен центар кој по завршувањето на градежните активности, на љубителите на спортот ќе им нуди бројни содржини. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес изврши увид во состојбата на теренот каде се градат фудбалско, кошаркарско одбојкарско, тениско игралиште и фитнес зона. Сите ќе бидат опремени со спортски реквизити, урбана опрема и осветлување. До нив ќе води пристапна улица, а во непосредна близина ќе се изгради и паркинг простор.

-Љубителите на спортот добиваат уште една локација за развивање на своите таленти. Местото викано Дупки во Драчево наскоро ќе биде собирно место за спортски натпревари во сите дисциплини, бидејќи тука градиме спортски комплекс кој ќе нуди фудбалско, кошаркарско одбојкарско, тениско игралиште и фитнес зона. Ќе бидат изведени согласно сите стандарди. На фудбалското игралиште ќе има вештачка трева, додека кошаркарското, тениското и одбојкарското ќе имаат акрилна подлога. Секако, ќе поставиме и спортски реквизити и урбана опрема, терените ќе ги осветлиме и ќе ги издвоиме со ограда. Градиме и пристапна улица, а секако мислевме и на решение за паркинг простор бидејќи очекуваме ова да биде популарно собиралиште за сите помлади и повозрасни рекреативци од овој дел на градот. Заложбите за изградба на спортска инфраструктура кои се силен печат на сета наша досегашна работа резултираат со вакви капитални проекти и големо е моето задоволство што можам да кажам дека ова е 12-тиот ваков спортско-рекреативен центар кој го градиме за само две години во општина Кисела Вода. Продолжуваме со несмалена динамика бидејќи инвестирањето во спортот значи инвестиција во физичкото и ментално здравје на сите наши жители-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Споделете:

Scroll to Top