Search
Close this search box.

Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи 9-та пленарна седница

Ве известуваме дека деветата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 15.11.2013 година(петок)  со почеток  во 11:00 часот, во големата сала на општината, со следниот дневен ред:

–       Усвојување на Записникот од 8-та седница

1.Предлог-Одлука за донесување на измена и дополна на Детален урбанистички план за нас. Кисела Вода МЗ 70, локалитет 2 – блок 9, Општина Ксела Вода-Скопје;

2.Предлог-Одлука за избор на членови на Управниот одбор-претставници од Советот на родители  во ЈДГ ,,Весели Цветови,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје;  

3.Предлог-Одлука за избор на член на Управниот одбор на ЈДГ,,8 Март,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје – претставник од Установата;

4.Квартални извештаи К1, К2 и К3 за третиот квартал од 2013 година – К1-квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода, – К2- квартален извештај за достасани ненамирени обврски на Општина Кисела Вода, – К3-квартален извештај за промените на состојбата за секое задолжување на општините и јавните претпријатија основани од општините;

5.Предлог-Одлука за измена и дополнување на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2013 година;

6.Предлог-Одлука за комунален ред и мерки за нејзино спроведување на подрачјето на  Општина Кисела Вода;

7.Советнички прашања

 

 

Споделете:

Scroll to Top