На Единаесеттата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода која се одржа на 26 јуни 2018 година (вторник) со почеток во 12:00 часот, беа усвоени следните точки:
-Усвојување на Записникот од 10-та пленарна седница;
1.Предлог-Одлука за избор на командир на Полициска станица од општа надлежност – Кисела Вода;
2.Предлог-Одлука за избор на командир на Полициска станица од општа надлежност – Драчево;
3.Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата Г10 – локален економски развој со Потпрограма ГД0 – проекти за енергетска ефикасност за 2018 година;
4.Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2018 година;
Дополнително, беа усвоени и следните програми:
-Програма за измена и дополнување на Програма ЈД со Потпрограма ЈД0-изградба и реконструкција на локалните шатишта и улици за 2018 година
– Програма за измена и дополнување на Програма ЈН со Потпрограма ЈН0-урбана опрема за 2018 година.