Општина Кисела Вода го одбележа својот 63-ти роденден

Со низа настани, денес Општина Кисела Вода го одбележа своето 63 годишно постоење.

Празнувањето започна со најмладите, новороденчињата од овој дел на градот чии родители од градоначалникот Филип Темелковски, добија ваучери во вредност од 6000 денари.

Награди за постигнатиот успех на полето на науката, спортот, културата и уметноста, добија и најталентираните ученици од општинските основните училишта.

Честитајќи им, градоначалникот на Општина Кисела Вода и изрази задоволство што во општината има толку голем број на талентирани деца и нагласи дека ова признание од локалната самоуправа треба да им биде стимул за нивна понатамошна успешна работа за правилно да го искористат својот потенцијал.

Чествувањето на 63-годишниот јубилеј беше заокружен со свечената седница на Советот на Општина Кисела Вода. На истата, присуствуваа голем број на гости, претходни и актуелни градоначалници, претставници од централната власт, директори на јавни претпријатија, од  бизнис заедницата од Општината, пријатели на локалната самоуправа.

Во своето излагање претседателот на Совет Дарио Шимиќ им се заблагодари што со своето присуство го збогтија славеничкиот ден на Општина Кисела Вода. Се осврна на историјата на оваа локална самоуправа, но зборуваше и за периодот што следи:

-Советот на Општина Кисела Вода, како претставничко тело на граѓаните, кое носи значајни одлуки од секој сегмент на животот на граѓаните од Општина Кисела Вода и програмите за работа на Општината, заедно со градоначалникот, и во оваа година активно работеше и продолжува да работи на проектите што им се потребни на жителите на овој дел од Скопје. Заеднички ја почнуваме новата 64та година на оваа локална самоуправа која планираме да биде година на исполнети ветувања, година во која ќе се подобри животот на нашите сограѓани-истакна Претседателот на Советот, Шимиќ.

Свое обраќање пред присутните, имаше и градоначалникот Филип Темелковски.

– За мене претставува голема чест, што токму јас, како градоначалник ви се обраќам од оваа говорница на денот кога ја почнуваме 64тата година на Општина Кисела Вода. Пред околу 8 месеци, граѓаните ни ја дадоа својата доверба да раководиме со нивните потреби, да ги креираме приоритетите и на тој начин да создадеме урбана и современа општина по мерка на сите нејзини жители. Огромна е листата на проектите што му се потребни на овој дел од градот, на она што е реална потреба на овој реон. И со задоволство можам да истакнам дека уште од првиот ден се зафативме со енергична, одлучна, планска и посветена работа, според Програмата што ви ја понудивме, секако со поддршка од централната власт и Град Скопје и дека веќе се отпочнати и реализирани бројни проекти од сите области-од комуналната инфраструктура, урбанизмот,образованието, културата, спортот-наведе градоначалникот Темелковски.

Им се заблагодари на сите кои неуморно работеа  за да допринесат за долгорочни и квалитетни резултати,  за конструктивноста на Советот и советниците, на општинската администрација, на комуналните и јавните претпријатија кои се во надлежност на градот Скопје, на Владата и министрите кои имаат слух за проблемите на Општина Кисела Вода и од кои неминовно ќе биде потребна поддршка при реализација на капиталните проекти. Потенцираше дека, секако, најголема е заслугата на граѓаните кои преку своите добронамерни критики и пофалби, предлози и идеи, го ставаат темелот на сите идни проекти кои ќе бидат фокус на работата на оваа локална самоуправа.

Потоа, беа доделени награди и за најдобрите одделенски и предметни наставници од општинските основни училишта, како и за најдобрите воспитувачи и негуватели од јавните детски градинки во Општина Кисела Вода.

Благодарница за својата долгогодишна работа и поддршка во развојот на Општина Кисела Вода доби и раководителот на Секторот за поддршка на градоначалникот и советот на Општината, Драгица Наумчевска.

Плакети за успешната соработка и поддршка во развојот на Општина Кисела Вода добија и општествено одговорните компании и институции кои кои преку својата дејност овозможиле реализација на значајни проекти за жителите на Општина Кисела Вода, како и подобрување на целокупното бизнис опкружување во овој дел од градот. Плакети градоначалникот Филип Темелковски им додели на Цементарница Усје – Титан, Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Ротари Клуб Скопје – Кирил и Методиј, ЛАЈОНС КЛУБ Пајко Маало, Лукоил Македонија.

 

Плакети за промоција и развој на спортот во Општина Вода добија женскиот одбојскарски клуб Јанта Волеј, женскиот кошаркарски клуб Бадел 1862 и кошаркаркиот клуб Академија ФМП.

 На крај, градоначалникпот и Претседателот на Совет ги поканија сите присутни, нои сите жители на Општина Кисела Вода, да бидат дел од свеченото отворање на Културното лето Три круши 2018, кое започнува во недела, 01.07.2018 год, во 20 часот.

Споделете:

Scroll to Top
betpark giriş
holiganbet
norabahis
norabahis
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betsilin
betsilin
norabahis
norabahis
savoycasino
savoycasino
savoycasino
savoycasino
betsilin
betsilin
betsilin
betsilin
norabahis
norabahis
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betgaranti
betgaranti giriş
grandpashabet
grandpashabet
grandpashabet
safirbet
betpark
betpark
betpark
grandpashabet
grandpashabet
grandpashabet
betpark
grandpashabet
betpark
grandpashabet
grandpashabet
grandpashabet
grandpashabet
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betyap
betyap
betyap
betyap
dedebet
dedebet
norabahis
norabahis
norabahis
norabahis
betkanyon
betkanyon
dedebet
dedebet
holiganbet
betpark
betyap
betyap
norabahis
norabahis
betpas
betpas
betpas
betpas
norabahis
norabahis
perabet
perabet
betpark
betpark
betpark
betpark