Search
Close this search box.

Стоп урбана мафија

Почитувани граѓани,

1.  Во рамките на проектот Стоп урбана мафија, започнуваме со ревизија на сите донесени урбанистички планови во Општина Кисела Вода. За реализација на овој проект на веб страната на општината https://gis.kiselavoda.gov.mk/gis-preglednik/, ги објавивме сите важечки Детални Урбанистички Планови.

Почитувани,

Ве повикуваме да направите увид во плановите и сите ваши забелешки, сугестии и предлози за измени, дополнувања или укинувања на плановите да ни ги доставите во рок од 30 дена.

Образецот на кој може да ги  наведете вашите предлози може да го симнете тука , како и во архивата на општината. Пополнетиот Образец може да ни го доставите на емаил адресата revizijadup@kiselavoda.gov.mk, или во архивата во седиштето на општината.

Поднесените барања ќе бидат разгледани од Комисијата за Урбанизам на Општина Кисела Вода, како и од новоформираното Партиципативно тело на граѓаните на Кисела Вода и по истите ќе се поведат конкретни постапки согласно законските прописи.

Со почит,

Општина Кисела Вода

2. ЈАВЕН ОГЛАС за формирање на Партиципативно тело за обезбедување на инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичко планирање

Споделете:

Scroll to Top