Search
Close this search box.

Тековни еколошки акции во Општина Кисела Вода

Сезонските работници за вршење јавни работи во координација со ЈКП “Комуналец – Кисела Вода” и Одделението за животна средина во општината, во текот на изминатата работна седмица изведоа неколку акции за собирање листови и отпадоци од улиците и јавните површини, отстранување на искастрени гранки, чистење на диви депониии и уредување на јавните површини.

Имено, активностите на сезонските работници беа насочени кон чистење, метење, косење и собирање на комунален смет, лисја, гранки и трева во парковите: Паркот кај поштата во населба Драчево, мини-плоштадот во село Драчево, парковите “Македонија”, “Пушкин” и “Шопен”, како и паркот на пензионерите во населбата Драчево, а се изврши и метење и собирање на комунален отпад околу сите детски и спортски игралишта и месните и урбани заедници на територија на Општина Кисела Вода. Паралелно се изведуваа активности за собирање на комунален отпад на улиците “Димитрија Чуповски”, “Востаничка”, “Драчевска”, бул. “Борис Трајковски”, “Томе Арсовски”, “Наум Охридски”, “Огњан Прица”, “Кавалска”, “Христо Узунов”, “Чедомир Кантарџиев” и “Партение Зографски” при што беа собрани вкупно 12 кубни метри отпад. И оваа работна седмица, лицата задолжени за вршење јавни работи ќе продолжат со активностите за уредување на јавните површини, согласно предвидениот план и динамика за работа.

Споделете:

Scroll to Top