Search
Close this search box.

Трајче Донев избран за претседател на комитетот на совети при ЗЕЛС

На 03 април 2015 година се оддржа конститутивна седница на комитетот на совети при ЗЕЛС  на која присутните беа информирани за обврските, правата и надлежностите на оваа тело, што се утврдени во Статутот на ЗЕЛС. На седницата за претседател на комитетот на совети беше избран сегашниот претседател на советот на општина Кисела Вода, господинот Трајче Донев.

На состанокот беше покрената иницијатива, претседателите на советите на општините, од секој регион поединечно, да дискутираат за утврдување на најповолен модел, преку кој советниците активно ќе се вклучат во работењето на другите органи на ЗЕЛС. Беше изнесено дека поради измените на Статутот пред повеќе години, кога беше укинат Домот на советниците, во голема мера се маргинализирала вклученоста на советите во работата на ЗЕЛС. За ова и за други прашања, за поголема вклученост и одлучување од страна на советниците беше предложено новоизбраниот претседател и потпретседателот на Комитетот на советите да имаат заедничка средба со претседателот на ЗЕЛС, Коце Трајановски.

Претседателот Трајче Донев закажа состанок на 08 април во 11 часот во малата сала на општина Кисела Вода во барака бр. 8.  

 

 

 

 

Споделете:

Scroll to Top