Утревечер, недела, 01.07.2018 год., со почеток во 20 часот, на локалитетот Три круши во селото Драчево, започнува културното лето на Општина Кисела Вода, “Три круши 2018”. Настанот ќе го отвори градоначалникот на Општината Филип Темелковски, по што ќе следат концерти на Дувачкиот оркестар при МКЦ и КУД “Китка”.
Дувачкиот оркестар ќе се претстави со преработки на светски популарни музички хитови, додека КУД од Драчево, “Китка” со изведба на традиционални македонски ора и песни. Богатата понуда на настани која годинава ќе и биде презентирана на публиката, во рамки на културното лето на Општина Кисела Вода ќе трае до крајот на месец јули. Концертите започнуваат во 20 часот, а влезот е бесплатен.
ПРОГРАМА:
Недела, 01.07.2018, 20 часот (свечено отворање)
Дувачки оркестар при МКЦ
КУД “Китка”
четврток, 05.07.2018, 20 часот
Александар Митевски
DJ FICHO
петок, 06.07.2018, 20 часот
Дани Димитровска со бенд
сабота, 07.07.2018, 20 часот
Миле Кузмановски
петок, 13.07.2018, 20 часот
Искра Трпева
сабота, 14.07.2018, 20 часот
Сузана Спасовска
петок, 20.07.2018, 20 часот
Бени НОН СТОП
сабота, 21.07.2018, 20 часот
Блага Петреска
Ѓоко Дончев
петок, 27.07.2018, 20 часот
Наум Петрески
Зуица Лазова
сабота, 28.07.2018, 20 часот (свечено затворање)
Силви бенд
Кристина Арнаудова