Search
Close this search box.

Се одржа трибина за однесувањето и облекувањето на воспитно-наставниот кадар

Денеска (02.10.2013) во големата сала на Општина Кисела Вода, во организација на одделението за предучилишно воспитување се одржа трибина на тема: “Нашата облека – говор без зборови”. Информативното предавање беше наменето за воспитно-наставниот кадар од јавните детски градинки и основните училишта од општината Кисела Вода.

Организаторот на трибината, раководителот на одделението за предучилишно воспитување, Ирина Момироска ја отвори трибината, ги поздрави присутните и ја потенцираше суштинската улога на просветните работници и нивниот изглед во процесот на едукација и образување на најмладите. Задоволна од одзивот и присуството, Момироска најави дека и во следниот период ќе организира јавни трибини во чиј фокус ќе бидат токму најмладите жители на општината.  

Предавачот, директорот на Академијата за протокол на Македонија, Лукреција Маљковиќ Атанасовска ја потенцираше важноста на изгледот како најсилен невербален говор. Таа посочи дека првиот впечаток за луѓето се добива во првите 4 секунди.

-“Луѓето во 55 % го перцепираат вашиот изглед, 38 % ве гледаат како зборувате, а само 7 % ве слушаат што зборувате. Тоа го покажуваат најновите истражувања” – информираше професорката Маљковиќ Атанасовска, укажувајќи на некои пораки кои можат да се прочитаат од изгледот.

Истовремено, таа укажа и на тоа како изгледот може да влијае врз децата, напоменувајќи им на присутните дека облеката треба да ги задоволи 3-те принципи на удобност, професионалност и индивидуалност.  

Споделете:

Scroll to Top