Search
Close this search box.

Исчистени јавните површини околу трим – патеката во Кисела Вода

Сезонските работници од Општина Кисела Вода и Одделението за заштита на животната средина перманентно изведуваат еколошки акции за чистење на јавните површини на територијата на општината Кисела Вода. Една голема еколошка акција финишираше деновиве, кога сезонските работници ангажирани од општината со соодветна механизација и алат, целосно ја исчистија вегетацијата околу трим – патеката во должина од околу 2,5 километри. Покрај вегетацијата, со акцијата беа опфатени и неколкуте микролокации, односно црни точки каде постојано се создаваат диви депонии.

Слични акции за чистење на јавните површини, парковите и детските игралишта се реализираат тековно во сите 14 месни и урбани заедници во општината, согласно претходно утврдена динамика. Активностите на сезонските работници се насочени кон метење, чистење, косење и собирање на комунален смет, лисја, гранки и трева во парковите, како и активности за собирање на комунален отпад околу сите детски и спортски игралишта, како и објектите на основните училишта и градинките на територијата на Општина Кисела Вода.

Споделете:

Scroll to Top