Search
Close this search box.

Градоначалникот на Кисела Вода ги додели првите ваучери за новороденчињата

На пригоден начин денеска во Општина Кисела Вода, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ ги додели првите ваучери на вкупно 19 семејства од општината кои имаат принова и притоа доставија комплетна документација за еднократна парича помош во висина од 6.000 денари.

Одлуката за доделување на еднократна парична помош на секое семејство со новороденче од општината, се донесе едногласно од страна на Советот на општината на 4-тата пленарна седница, по лична заложба и предлог на градоначалникот.

-“Денес, живееме во време кога сите заедно мораме да размислуваме за опстанокот на нашата нација, да размислуваме како ќе се справиме со фактот на намалување на наталитетот со кој секојдневно се соочува нашата држава. Семејството е основна клетка за градење на едно здраво општество. Семејството е главниот столб за опстанокот на еден народ, на една нација” – порача Беличанец – Алексиќ.

Таа упати јасна порака дека Општина Кисела Вода се грижи, и понатаму ќе продолжи да се грижи за своите најмали жители и најави дека овој проект во Програмата од социјалната сфера на Општина Кисела Вода ќе се запази се до крајот на истекот на четиригодишниот мандат.

-“Да Ви се живи и здрави, големи да раснат. Ви посакувам да се гордеете со нив, а покрај Вас и ние како општина” – заврши градоначалникот Беличанец – Алексиќ, честитајќи им на родителите.

Истовремено, ги повика сите родители кои ги исполнуваат критериумите заедно со барањето да достават лична карта или друг документ за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот на поднесување на барањата е 90 дена од моментот на раѓање на детето.

Родителите кои присуствуваа на свеченоста, ја поздравија иницијативата на градоначалникот и изјавија дека средствата ќе им бидат од големо значење.

 

Споделете:

Scroll to Top