Search
Close this search box.

“Вечер на графити” во Кисела Вода

Општина Кисела Вода Ве известува дека во сабота (20.09.2014) година на игралиштето “Славија” во Пржино, од 20.00 до 22.00 часот, организира настан “Вечер на графити.

 На  настанот учество ќе земат младите жители од општина Кисела Вода кои ќе имаат можност да ја изразат својата креативност и умешност преку изработката на графити.

 

Наведениот настан ќе биде збогатен и со присуство на Ди џеј кој што ќе придонесе учесниците и посетителите да се забавуваат за времетраењето на настанот.

Овој настан “Вечер на графити” општината и Градоначалникот г-ѓа Билјана Беличанец Алексиќ го организираат како рефлексија на современиот начин на живеење со цел будење на креативниот дух кај младата популација, инспирирање на младите да направат нешто добро и позитивно од своето слободно време и поттикнување на дружењето помеѓу помладата популација како општествен феномен на кој во последно време младите посветуваат  многу мало внимание.

Ве очекуваме на “Вечер на графити“, заеднички да и дадеме поддршка на нашата млада популација.

Споделете:

Scroll to Top