Search
Close this search box.

Негувателите од градинката “8-ми Март” добија обука за давање прва помош

Во сите објекти на јавната детска градинка “8-ми Март” од Општина Кисела Вода деновиве се реализираше стручно-практично предавање на тема “Давање прва помош за деца и возрасни”. Предавањето го реализираа лекари од Црвениот Крст на Република Македонија. Педагошкиот тим од градинките имаше можност да се запознае со правилните и безбедни начини на давање прва помош при повреда на дете или возрасен човек. Предавачите со практични примери и на едноставен начин појаснија како се помага на повредените.

 
Едукацијата се однесуваше на постапките за давање прва помош адаптирани на потребите на децата во претшколска возраст, со давање насоки за тоа во која положба се поставува повредениот, каде смее и треба да се допира, како да се даде вештачко дишење, кога и како сеповикува лекар и сл. 
Основната цел на обуката беше да се создадат предуслови за сигурен и безбеден престој на децата во градинките, односно елементарно да се обучи персоналот во градинките за постапување во ситуации на евентуални повреди на децата. 

 

 

 

 

Споделете:

Scroll to Top