Search
Close this search box.

‘’Топлотен бран 2023’’ во Кисела Вода за заштита од високите температури

Општина Кисела Вода во соработка со Општинската Организација на Црвен крст–Кисела Вода, започна со спроведување на проектот ‘’Топлотен бран 2023’’.

 

 Во насока на заштита и превенција на здравјето на граѓаните, од вчера кога поради високите температури земјава влезе во ‘’портокалова фаза’’, локалната самоуправа заедно со Црвениот Крст излегоа со заеднички мерки.

Вчера во населбите 11-ти Октомври-згради и Цветан Димов, а денес и во населбта Драчево и Пинтија,  мобилни екипи составени од возило на Црвениот Крст, медицинско лице, претставници од месните заедици низ општината, волонтери на Црвен Крст, на граѓаните им делат шишиња со вода, а добиват и препораки како да се заштитат од високите температури.

Проектот продолжува и во наредните денови во сите поголемите паркови, на фреквентни локации, на пазарите, на автобуските постојки, низ сите месни и урбани заедници во општина Кисела Вода.

Како локална самоуправа апелираме до сите граѓани за почитување на здравствените препораки на надлежните институции додека трае овој топлотен бран.

Споделете:

Scroll to Top