Search
Close this search box.

Се гради третиот крак од атмосферската канализација на “Жарко Зрењанин”

Стартуваше изградбата на третиот крак од атмосферската канализација на улица “Жарко Зрењанин” во населба Драчево, како дел од  предвидената атмосферската канализација која треба да се протега долж целата улица.

На терен се екипите на ДГД “Жикол Струмица” кои работат на поставување на армирано бетонски цевки во вкупна должина од 395 метри. Исто така е предвидено и поставување на сливници , а по завршување на монтажните работи делот на прекопите ќе биде асфалтиран.

Предвидено е градбата да заврши за 3 месеци, со што се финализира втората фаза од овој капитален проект кој треба да го реши проблемот со атмосферските води на жителите на овој дел  од населбата Драчево. Средствата во вредност од 3,6 милиони денари со вклучен ДДВ се обезбедени од страна на Министерството за транспорт и врски преку Европската инвестициона банка.

 

Споделете:

Scroll to Top