Search
Close this search box.

Градинката „8-ми Март“ од Општина Кисела Вода доби зелено знаме

Јавната детска градинка „8-ми Март“ од Општина Кисела Вода  се здоби со статусот “зелено знаме” што значи највисок статус на еколошка градинка.
Статусот “зелено знаме” се одобрува во рамки на програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ што се имплементира преку Министерството за образование и наука според потпишаниот Меморандум за соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка.

ОХО како национален координатор на интернационалните програми на светската Фондација за еколошка едукација (ФЕЕ) ги реализира програмите Еко-училиште, односно Еко-градинка, во воспитно-образовниот систем во Р. Македонија.

Еко-училиште, односно Еко-градинка е училиште или градинка кое ги има усвоено заштитата на животната средина и еколошката едукција како основни вредности во своето работење. Успешната реализација на 7-те чекори еко-менаџмент, интегрирањето на 9-те еколошки теми во наставата и постигнатите резултати од реализацијата на еко-стандардите носат придобивки и резултати и се основа за наградување на еко-училиштата и еко-градинките на ниво на Зелено знаме, сребрено и бронзено ниво, како дел од интернационалната мрежа.

Главна придобивка од оваа програма е можноста за создавање мрежа на еко-училишта и еко-градинки, а со членство во мрежата се овозможува учество во национални и интернационални натпревари, аплицирање со проекти и добивање финансиска поддршка од ОХО, поврзување со училишта и градинки од регионот и пошироко.

 

Споделете:

Scroll to Top