Search
Close this search box.

Пехар за одбојкарскиот тим од ОУ „Партенија Зографски“

Во финалето на одбојкарскиот турнир „Ѓурѓовден 2016“ во женска конкуренција, славеа одбојкарките на ОУ „Партенија Зографски“. Избраничките на професорот Мартин Мартиновски беа поуспешни во два сета од своите врсници од ОУ ,,Кирил Пејчиновиќ“.

Инаку, првиот сет беше рамноправен.  Сепак , на крајот  со подобра завршница, во финишот славеа одбојкарките на  ОУ „Партенија Зографски“ со резултат 25:22. Во вториот сет, сега веќе, победникот на турнирот ОУ „Партенија Зографски“  со многу посигурна игра успеа да триумфира со 25:16. Третото место на одбојкарскиот турнир го освои  ОУ „Рајко Жинзифов“. 

Спортските натпревари „Ѓурѓовден 2016“ продолжуваат со ракометот во машка конкуренција.  Во понеделник  во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ со  почеток во 11 часот се играат четвртфиналните средби :  ОУ „Невена Георгиева – Дуња“, ОУ „Круме Кепески“, ОУ „Партенија Зографски“ – ОУ „Кузман Јосифовски – Питу“ и  и ОУ „Рајко Жинзифов“, ОУ „Кузман Шапкарев“.  Слободна е екипата на ОУ „Климент Охридски“. Во вторник се закажани полуфиналните средби, додека финалињата според календарот на натпревари се играат во среда. 

 

Споделете:

Scroll to Top