Градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска ги прими одбојкарките на Фламинго, новиот суперлигаш во Македонија. Честитајќи на големиот успех, пласман на првото место во втората одбојкарска лига, и пласманот во елитната македонска одбојкарска лига, градоначалничката Стаменкоска Трајкоска ја истакна постојаната иницијатива на Општината Кисела Вода за подобрување на условите за работа на спортските клубови за што поуспешен спортски развој.
Одбојкарките на ЖОК Фламинго, заблагодарувајќи се на приемот, на градоначалничката и подарија одбојкарска топка со потписи на сите одбојкарки од клубот.
-Сезоната беше тешка, но сепак на крајот се радуваме со максимален учинок од 26 победи. Наш дом е салата ,,Независна Македонија“ во Општина Кисела Вода, каде што и пред неколку години почна спортската приказна за ЖОК Фламинго. Успехот не дојде преку ноќ, за тоа требаше многу работа и дисциплина, но и поддршка од Општината Кисела Вода за што и се заблагодаривме на градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, со ветување дека ќе бидеме успешна екипа во следната сезона, – потенцираше Велика Гоцевска претседателот на ЖОК Фламинго.







